Времето е лек за се. Не брзај веднаш да фатиш дечко, почекај малку, опушти се и кога најмалку ќе се надеваш ќе се појави некој кој ќе ти ги збрка чувствата и мислите Она што е наше секогаш си доаѓа. Сеуште не е поминало многу време како си раскинала, 2 дена ништо не се и можеби некои сеуште незнаат дека си раскинала, можеби други мислат дека ќе се смириш (особено ако почесто сте правиле паузи) па не сакаат да ти направат проблем. Ништо не е страшно, иако и на тебе ти треба малку време. На нас кои сме раскинале долги врски, обично ни е потребно да помине исвесно време за да се вклопиме некако во слободно друштво, да се опуштиме и да го отргнеме она чувство на зафатеност.
поминати 2 месеци, се прилагодувам со другарки и се ми е супер, полагам за возачка за кола, излегувам на кафе, шопинг ....но 3 дена со ред го сонувам, како е до мене, глупи ситуациии но го сонувам иако не го спомнувам преку дента избегавамм да го спомнам и не размислувам толку многу за него секако се секавам ама не како на почетокот 24/7 кога неможев од ум да го извадам....дечки решение за ова нема ама овие сонови ме плашат...
јас поради ова - после долга врска- избегнувам секој ден гледање, дремење на телефон по 1202010.минути ...дремење на фб поради него...некогаш намерно не сакам да се видиме за викенд за да не сум толку блиска за да ми е полесно доколку се случи тоа-после долга врска-па да ми биде тешко да се одвикнам од него,да ме боли душа срце,се,да не паѓам во депресии .. и не мислам толку на дечко ми , си го исполнувам денот со обврски... не дека не сум чувствителна но ете... незнам така правам и супер е сега за сега
Не грижи се,ќе сфатат со тек на времето,се плашат од одбивање или од твојата тазе раскината врска,а знаеме никој не сака да лечи туѓи рани,и подобро е и за тебе да поминеш малку време сама. Aма ,ако не си во таа фаза на страдање по бившиот,запознавај нови машки,и делувај опуштено ако сакаш нова врска ,па со среќа
Сеуште ти е во потсвеста, и после 2 месеци нормално е да имаш сеуште нешто кон него, нема за шо да се замараш, со тек на време ќе престаниш да мислиш воопшто. За соновите тоа ти е до самата потсвест ...
Помина и година од нашето раскинување и јас и тој сеуште имаме исти чуства , иако имавме во меѓувреме јас дечко, тој девојка, ама ни јас можам да сакам друг, ни тој друга, секој ден мислам на него. :/ уште еден век да помине за да го заборавам ?
За да го заборавиш никој не може да ти помогне освен ти сама.Треба да бидеш силна и оптимистички расположена за да продолжиш понатаму.Те разбирам.Не е лесно,ама не е и невозможно.Ако веруваш во себе и си дадеш шанса да бидеш среќна,ќе засакаш и друг.Само за да се случи тоа,немој во другиот да го бараш она што те правело среќна во претходната врска.Грешката ја правиме кога почнуваме да споредуваме што било и што е сега.
После 6 год заедно веќе еден месец не сме заедно и јас , а и тој знаем дека ова нетребаше вака да заврши и 20 год да поминат чуствата ќе си останат исти
Cim ste raskinale ne bivalo jas od iskustvo minato bi ti rekla so izvinuvanje ama isto gomno dva pati ne se jade ke se pojavi nekoji nema nikogas da ti tekne daka postoel a ova sto sega mislis deka go sakas e zelbata da sakas nekogo a ne ja trosi ljubovta na nesto sto pominao pozz
Секој предходен го заборавав со следниот и не ми беше толку тешко, пробав на секој начин, и воопшто да не го видам и да не комуницирам со него, но исто ми е... имаме контакт од неодамна ми призна дека единствена сум била кон која осеќал нешто, истото е и кај мене,како телепатски да сме поврзани... а да продолжам со него се плашам дека ке сум повредена и + во различни градови сме... (причина за раскинување беше непотребна љубомора од двете страни). Фала за горенаведениве мислења и совети
Факт е дека тие што имале долгогодишна врска пак ке се смират кога тогаш или ако навистина едниот решил крај и си има нова љубов ондак другиот секогаш ке си жали по него и ке го памти.ама животот иде даље .како требало да биде така.после секое лошо иде добро
Мене некој да ми помогне? имав врска долга раскинавме,несака да разговара со мене повеќе,премн бев поврзана со него иако тој направи мн лоши работи ..незнам како да продолжам без него? помош некој/а
monikamonii мислам дека е многу нормално после раскинувањето на долга врска да бидеш тажна и да незнаеш како да продолжиш понатаму!!! Но, сепак по завршувањето на нешто што траело долго, а небило идеално - самата кажуваш дека тој направил многу лоши работи, треба да седнеш, да размислиш што ќе ти недостасува од таа врска!!! Дали тоа е можеби неговото непочитување, неговите навреди, неговите флертови со други девојки!?? Можеби ништо од ова го немало во вашата врска, но неможам да замислам кои се тие лоши работи кои ги спомнуваш! Но, ако во таа врска преовладувале неубавите моменти, немој да тагуваш - биди среќна што конечно си се ослободила од нешто што те правело несреќна!!! А, како да продолжиш без него!?! Многу лесно - немисли на него, погледај добар филм, прочитај некоја интересна книга, прошетај во природа, испробај некој нов рецепт, опкружи се со своите најдобри пријателки, забавувај се!!! monikamonii можеби во моментов ти е тешко, но знај дека секогаш после дождот огрева сонце, па така и твојата среќна врска сигурно ќе се случи во иднина!!!
После долга врска, не се влага одма у нова врска. Треба чоек да се олади малце, оти клин со клин не се избива..
После долга врска најдобро е да научиш да се цениш и сакаш самиот себеси. Пред да се одлучиш пак за нова врска у животот