Форумџика на годината

После колку време во врска е очекувано да се прејде на друго ниво (заедничко живеење/брак)?

Дискусија во 'Врски' започната од Jasmin88, 16 август 2022.

  1. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Дискутиравме на темава денеска на работа и се подзамислив.
    Дали има правилно време кога е време за следниот чекор од врската, кога треба да се почне со живеење заедно, да ве запроси дечкото... Дали е нешто прерано, дали е нешто прекасно? Убаво би било да споделите ваш став, мислење или искуство доколку сакате секако.

    Голем дел од опкружувањето наше во последно време зошто сме 30+, после 2-6 месеци, најкасно година, останаа бремени, се венчаа, живеат заедно или ако ништо друго се верија.

    Пред некоја година не беше така. Сите имаа најмалку 5 години врска која трае од средно, факултет, па потоа следеше запросување, свадба итн.

    Дали голем фактор има биолошкиот час на жената, времето кога се започнала врската, ваше мислење?
    Дали е подобро кратка или долга врска?

    Според мене се зависи на колку години се запознал парот и кога почнала врска. Една од најблиските другарки беше заедно со дечко и од 16-17 години. Се земаа после 13 години врска (на 30 години) и имаат мало детенце од 3 години сега. Успешна врска, успешен брак, пример за заљубеност ми се. Работеа на кариерата и затоа подолго време останаа во статус врска. Доколку се запознале на 30, тоа сигурно немало да трае 13 години, највеќе година-две.

    Мое мислење и став е дека подолга врска е поубаво за подобро да го запознаеш партнерот. На овие години нема да имам време да чекам 5 години за да го запознаам и потоа да се венчаме зошто сакам да се остварам како мајка и времето проаѓа брзо.
    Од друга страна ако сум била во случајот како другарката и тие 13 години врска се ризик. Што ако на крај се е залудно, сте се чекале за да завршите факултет, да бркате кариера и на крај пред брак разделба. Меч со две острици...
    Двете ситуации имаат недостатоци и предности.

    Лично за мене најубаво делува успешна долга врска која завршила со брак. Секогаш сум посакувала да најдам партнер во помладите години со кого ќе поминеме заедно повеќе фази, да го видам и како студент, да го видам и како возрасен и вработен човек, заедно да искусиме многу ситуации, заедно да растеме и созрееме и се да оди постепено. Посакував долга и успешна врска ама не успеав во потрагата.

    Мое мислење е дека доколку сте млади треба подолго време да останете во врска пред да живеете заедно или да сте во брак и убаво да се запознаете. Не мора да брзате на тие години, имате време за бирање и размислување, добро отворете очи :D.

    Дали мислите дека кратки врски кои веднаш завршуваат со брак после 30 не се поради љубов туку се од притисокот на времето и тоа што голем дел на тие години оформуваат семејство, па се брза за да се остварат паровите како родители?
     
    Последна измена: 16 август 2022
    На Snowflake99, cresa-jagoda и AlinaT им се допаѓа ова.
  2. AlinaT

    AlinaT Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Годините имаат најмногу влијание за времето на преод од врска во брак. Не е исто на 30, 15, 20.

    Од втора година средно сме во врска со дечко ми, сега тој е 20, јас 19. Не планираме во брзо време да живееме заедно, не брзаме за свадба. После 27-28 години може, ќе бидеме дури 12 години во врска. Да сме се запознале на 27 години, ќе сме се земале побрзо најверојатно, би имале услови да живееме заедно. На овие години како да живееме заедно и да се венчаме, немаме можности и многу млади сме. Заеднички планови имаме за иднината, само нема да брзаме.

    Долги врски се поубави за мене. Како што напиша, заедно растеш со партнерот, години сте поминале, дел сте од животот еден на друг, се познавате многу добро. Не би сменила ништо. Не брзам да ме запроси, да се венчаме, ќе уживаме во врската и младоста заедно.
    Не значи дека ако си во врска од млад, треба рано да се венчаш. Не се плашам од разделба, боже мој, ќе ми биде убав спомен од младоста. Со друг нема да доживеам вакво нешто како со него, прва љубов ми е. Не се каам што ќе чекаме долго пред следниот чекор.
     
    На Snowflake99, Dorisce, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  3. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Мислам дека нема врска тоа колку е долготрајна врска и дека тоа е услов за брак. Јас најчесто знам долги врски кои се влечеле буквално со години и на крај раскинувале пошо очигледно е дека одат по 6-7-10 години и ништо.

    Секој нека си стапи во брак кога е спремен. Освен спремноста од психички и финансиски поглед, и усогласнсот меѓу партнерите, не гледам друг услов.

    И што има врска што се земале после 6 месеци или 1 година? Точно, краток период е. Но ете си "кликнале" и убаво им е па не мора да чекаат да поминат 5 години.
     
    На Anie93, baby-star, Оленка* и 4 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.650
    Допаѓања:
    167.787
    Пол:
    Женски
    Ова зависи од животен период и кај си емоционално со партнер. Можам да речам 2 години се доволно, али по 2 години врска другарка ми и партнерот би биле 17/8. Можам да речам пак по 2 години врска, ама јас така ако се мажев уште на факултет ќе бев и не ми беше до бидување возрасен. Ова од аспект на години. Е сега е важно и емоционалното. Со некој инстант ќе кликниш и мислиш вау светот в раце го имаш и ќе се вселиш по 6 месеци. Со друг ќе се вселиш по 5 години. Накратко, со партнерот треба да ја осеќате исто оваа потреба за да се вселите во време кое е погодно за двајцата. За никој да не се осети притиснато.

    Дефинитивно 30+ запознавање, венчавање, раѓање оди побрзо. И мислам дека како и тој биолошки часовник дека ете требало да родиме, игра улога и општествен притисок чим надминиш одредена возраст. Имам роднина 30+, сингл, и постојано, секој ден, секој муабет е то - кога ќе се венча. Бести сингл е, партнер нема. Дали мислиш дека на ова мисли? Daddy chill не му клавај притисок.

    Јас сепак сакам да запознам подобро пошто поќе пати имам кажано ама во потенцијален партнер гледам потенцијален татко. И морам да сум сигурна дека некој ќе е добар татко за да би продолжила со него.

    Е сега во оргиналното мислење спомна дека 13+ години на врска е трошење време и искрено ме интересира зошто? Мое мислење дека врски мора да завршат со брак е: :*:општествен притисок:*: пошто се е искуство и не се мора со брак да заврши. Брак не е крајна цел, туку среќата е. Еден од моите омилени парови никогаш не се венчаа, имаа две деца и после починување на едниот, другиот глава сеуште не можи да крени и ме боли пошто знам колку се сакаа.

    Друга работа, убаво е додека трај, преќинуваме кога ќе преќини да трај. И то е океј. Раскин "полесно" врвиме зошто нема процедура како во развод. Во "" пошто сепак боли. А ако некој раскинал после 13+ години, и ќе се разведел пошто јбг, не можиш со сила да тегниш нешто. А ако тегни само оти е во брак, то е предуслов за несреќа.
     
    На CameliaMiller, Оленка*, Jasmin88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Зависи од врска-до врска.
    Нема 'правило'.
     
    На Tinkerbell11, brazilia, Snowflake99 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Колку е лесно да имаш предрасуди спрема некого, предрасуди, предрасуди и само предрасуди. Ај вака една друга перспектива, гледање од друг агол на работите. Повеќете млади сега стапуваат во брак покасно, од 27 нагоре, кој гради кариера, не му е решено станбеното прашање, нема финансии, сака да се изгради како личност, да прошета, да стекне искуства, па потоа да стапи во брак, некој па едноставно може и го нема пронајдено вистинскиот партнер, заглавил во токсична врска и едно милион причини поради кој може да останеш сингл до 30тите. ЗНАЧИ СИНГЛ НА 30год НЕ Е БОЛЕСТ, нормални млади луѓе на кои не им фали ништо, си имаат се како и тие пред 30, само не се во врска.
    На 30год веќе си изградена личност, знаеш што сакаш, знаеш каков партнер сакаш до тебе и таков и бараш, не се задоволуваш со било што само за побрзо да влезеш во брак. Кога знаеш што сакаш и каков партнер сакаш до тебе, стабилна, изградена личност, горе долу финансиски стабилна, вработена, не гледам апсолутно причина зошто двајца млади луѓе би чекале 5 години за да започнат да жевеат заедно, не им треба одобрување од мама, тато, комшиката и општеството.
    Апсолутно не мислам дека врските на 30 год не се од љубов, и луѓето на 30 год немаат заборавено што е љубов, знаат да сакаат, не се најдени на патот, па дај шта даш ќе бидат во врска ради реда и не дека нема исклучоци, секаде има и на 30, и на 20 може да бидеш во врска ради реди и поради протисок и да стапиш во брак.
    Долгата врска ниту е мерило за успешност на таа врска, ниту пак дека ќе заврши со успешен и среќен брак. Глупаво ми е да спомувам колку парови има што биле во долга врска, завршиле во брак и сепак не успеале доволно да се запознаат, па завршиле со развод, мислеле дека се среќни во долга врска ама партнерот измеверувал, после долга врска едноставно сфатиле дека не се еден за друг, но останале поради навика, пртисок од општеството, ДОЛГА ВРСКА, НЕ ЗНАЧИ И УСПЕШНА ВРСКА.
    Мое миселење во врска со темава е да немаме предрасуди кој, кога, како на колку години решил да има партнер, да започне заеднички живот со партнерот, да има дете, да оформи семејство, па да има уште едно дете. Живејте го животот за вас, вие да бидете среќни. Во животот не постојат правила, планови, логика, сите сме разчични индивидуи и нема потреба од психолошки анализи кој, како, зошто постапил, живејте си го животот без осудувања и помалку филозофии.
     
    На ThiccFit, Waverly Raven, Anie93 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Биолошкиот час не би рекла дека е причина, барем кај повеќето.

    Од моја гледана точка кога си млад не размислуваш многу за детали. Убав е ме почитува и тоа е тоа, што е нормално. Почнуваш врска и тераш со години па завршуваш со брак.

    +30 години кога контактираш со некого и те како гладаш и размислуваш за детали т.е карактер, однос спрема неговите, однос спрема тебе, зрелост, способност, стабилност, негова фамилија итн.
    Пошто во тие години сме зрели и кога наоѓаме некој што ни одговара на нашата слика за партнер не ни е проблем и по некој месец да почнеме да живееме заедно.

    Едноставно зрели сме и процесот на запознавање го забразуваме ми одговараш како карактер се гледам со тебе во иднина, дај да пробаме за живееме заедно дали функционираме и тоа е тоа.

    А кога сме млади секогаш имаме ,,оправдување,, не ни се брза, млади сме има време. А не сме свесни дека времето лета.
     
    На Anie93, CameliaMiller, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.097
    Пол:
    Женски
    Со поделени ставови сум.
    Во мојот случај, месец дена пред веридбата, но и на птиците на гранките им беше јасно дека ќе се земеме и на некој начин принудно беше , не беше одлука од раат позиција. Мене некој да ме прашаше, би чекала. Пред да знам на што сум, ама ептен да е сигурно, не би. Никого не осудувам, јас не сум раат. Се ' нека си искуси во свое време пак ќе речам според мојата временска рамка. Јас ќе го чувам како дете, ќе му служам како жена како на натпревар за невеста да сум, а добивам girlfriend привилегии.

    Јас сум спора во тие работи, од одлука за интимност до се' останато. Свесна сум
    дека времето не ме чека , но не сакам да си го губам во погрешна приказна уште еднаш. А на крај најмногу ме болат нештата коишто јас сум ги вложила.

    Како они може да се влечкаат со години и тоа да е нормално. Јас не намеравам да чекам некого повеќе од 5 месеци да ме упознае со неговите. Имам другарка од Иран, таа пак уште на почетокот се вселува, вели одма треба да се опипа пулсот дали со ваков чоек се живее или не. Според нејзе си е правилно. Во нејзиниот случај е најдобро. Оти е индивидуално .
     
    На ThiccFit, mssuniquee, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Да се разбереме едно, не ги осудив тие на 30+ што се сингл. Прашував до некаде и во свое име зошто сум 34 и ако се мажам сега со некого после неколку месеци, една од причините е тоа што сакам побрзо деца. На 24 немало да има таква ситуација, можев да чекам 5+ години врска без таков притисок од општеството.
    Точно е и тоа дека сега не може да сакам толку искрено и чисто како првата љубов што сум ја сакала во средношколски години.

    Зборев хипотетички, врската од 13 години нив им заврши успешно. Мислев што ако се разделеа, тоа остава трага, 13 години на 30 е скоро половина од животот, а си беа прва љубов. После толку време приврзан си, сте чекале се да создадете заедно и одеднаш се да се распадне. Тежок психички дел е.

    Браковите на 30+ се побрзи зошто е друго кога имаш работа, свои финансии, услови за дом и дете. Јас на 29 уште имав доедукации кои ги плаќав со кредити, на работа бев дежурна, после работа уморна, бркав кариера и тие години ми беа многу напорни. Ми требаше партнер што е способен да ме чека кога ќе сум спремна за брак и ќе ги решам овие прашања. Тогаш имав неуспешна врска, не ме чекаше тој дечко.
    Таква ми е професијата и затоа љубовниот живот по свој избор ми се одолжи. Сега се тоа ми е средено, немам причина да чекам, завршив со сите доедукации, стабилна работа, можности за да вложам во купување на дом, нема причини што многу ќе ме одолжат.

    Друг што завршил со едукација на 22-25 може и ќе биде спремен и во тие години за брак. Јас лично тогаш не можев да замислам брак. Сакав малку и после факултет да видам живот, патување, излегување. Брзав и да запишам друг степен од образование, да најдам убава работа. Многу амбиции, морав нешто да жртвувам.
    Не ми е криво, само сега треба да забрзам и го немам луксузот да чекам 5 години некого да запознаам. Секогаш сум била за долги врски, само сега немам толку време како што би имала некогаш. Се надевам сега ми ја сфативте поентата. Погоре како да не сум многу разбрана.
     
    На boo3, Snowflake97, Ouravanture и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Секоја приказна е индивидуална, не значи дека тие што се 13 години заедно во таа врска им било се прекрасно, да бидеме реални во 13 годишна врска со текот не времето не може да не стане монотона и досадна, ама сепак тие си знаат.
    Пак не се сложувам со тоа дека на 30 години не можеш да сакаш искрено, човек што знае да сака ќе сака искрено и на 20 и на 30 и на 50 и не е точно тоа дека само првиот пат се сака искрено.
    Делумно се сложувам во врска со бременоста и раѓањето деца. Подобро е да се роди на помлада возраст, компликациите при бременост се помали, ризикот од мутации на гени е помал, ама сепак и тоа е индивидуално има жени на 30 години што физички изгледаат како да се 24 25 год, здрави, витки, слаби и би родиле без никаков проблем и обратно.
    Пак ќе кажам не мора да чекаш 5 години за да запознаеш некого, може и 10 год да си со некого и да не го запознаеш, отвори ја темата брачни проблеми и се ќе ти стане јасно. Јасно ми е тоа, си сакала долга врска, не биднало, ама должината на врската не значи и успешна врска, еден ден ќе кликнеш со некој онака сосема случајно и спонтано како да се знаете цел живот, личност со исти интереси како твоите, љубов, емпатија, знаеш дека тоа е тоа и ќе сфатиш колку само не си била во право.
     
    На macysh, cresa-jagoda и -црноока- им се допаѓа ова.
  11. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Ако е така и 13 години брак ќе стане досаден и монотон? Зошто толку осуда. Предрасуди и од твоја страна во случајов гледам. Требало да брзаат да се земат за да не им е досадно, а не сакаа брак млади? Нивното беше правилно, двајцата не дозволија врската да ги попречи во остварување на соништата. Мислам дека затоа и се успешен пар, цело време беа поддршка еден на друг и успешни се во секоја смисла, финансиски, кариерно... Со партнер до тебе што те поддржува, има разбирање за твоите ставови и знае дека не сакаш брак млад, не те брза за ништо е многу подобро.
    Полошо е да се земеле порано за да не им *здосади*, па потоа исфрустрирани и неостварени. Колеги сме од факултет, другарката беше децидна дека пред 30 не сака брак и деца, сака да се оствари во кариера прво. Дечко и (сега маж), ја поддржуваше и не ја брзаше за ништо. Ги исполни целите, потоа се венчаа. Маж и е доста успешен, но тој заврши со факултет уште на 23, другаркава имаше професија што бара повеќе учење, така да по нејзин избор одложуваа.

    За ова зборам. Очекувано кога е(така е насловот), предрасуди за брак во врска. После 5 години сите мислат треба веќе да се земете, како 13 години ќе чекате, ќе си здосадите.
    Или сега на 30+, за брзо време зошто биолошки часовник проаѓал.

    Да, нема да сакам толку искрено никогаш зошто сега сум многу пребирлива. Никого немам сакано како што сум сакала првиот пат. И нема да сакам. Сакам ама на друг начин. Тогаш било безрезервно, искрено, многу работи во младоста не ти сметаат.
    Сега после толку години искуства дејтање со мажи, многу работи приметувам и ми сметаат, барам многу работи и квалитети. Така безрезервно дека ќе сакам некого пак не. Освен најверојатно мајчинската љубов кога дај боже ќе ја осетам.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Ambitious и 2 други им се допаѓа ова.
  12. AlinaT

    AlinaT Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    За долги врски има притисок. Сите имаат очекувања дека после факултет (за 3 години) ќе се земеме со дечко ми.
    Кога ќе кажеме дека планираме подолго да почекаме, за живот заедно ни требаат пари, дом нема да ни падне од небото, треба работа, сум слушнала вакви коментари од заостанати роднини "што ако те остави, подобро побрзо дете роди му, земете се, осигурај се, во врска не ти е сигурно". |( Ние меѓу нас си знаеме, сме си правеле план за иднината, што и е гајле на Трајанка и што толку се загрижила.

    Не мислам дека ако сум со дечкото 12 години во врска дека ќе ни е досадно и монотоно. Не живеам во таков страв. Има можност и таква, но си го познавам после толку години. Да живеам во страв секој ден дека ќе ме остави и ќе си здосадиме, да не уживам во моментот и да се нервирам за нешто што може никогаш нема да се случи. Нема шанса.
     
    На Snowflake99 и Jasmin88 им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Моето не е осуда туку е факт, дека долгогодишна врска станува досадна и монотона доколку не се случува ништо. Во мојата околина има парови, ама баш секој со различна приказна, затоа што сите сме различни индивидуи и жевееме живот, а не некаква бајка, приказна, шаблон по кој треба да се водиме и не нема, не постојат никакви правило што и како треба да се случи.
    Јас пак обратно од тебе, само слатко ќе си се насмеам за времето кога мислев дека никогаш нема да сакам како што го сакав првиот дечко од средно, можеби и не сум толку сентиментална, кој знае.
     
    На macysh, Anie93, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Не сум сентиментална на овие години ни јас, затоа и така реков. Тоа што тогаш сум го правела за дечкото, сега не би го правела. Поразлично е многу со првата љубов и таа после 15+ години дејтање со различни мажи.

    На ова и мислев. Тоа ајде што чекате, кога брак, колку години вака ќе се влечете. Малограѓанштина.
     
    На AlinaT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.705
    Допаѓања:
    16.299
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање само. Сигурно дека во иднина ќе бидеш со некого, ќе му дадеш шанса, навистина мислиш дека таа личност нема да ја засакаш, онака баш искрено. Зошто рече дека сакаш деца, а сепак за да посакуваш со некоја личност да основаш семејство треба и да ја сакаш.
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Веќе сум во врска. Сакам ама не на тој начин, искрена сум ама има разлика. Посебична сум од порано во врските. Има разлика од таа прва љубов кога си уште наивен и сакаш толку многу, премногу.
     
    На cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    12.600
    Пол:
    Женски
    Да бе, ок им е после 6 месеци врска да се земат, ама после да не плачат како им е тешко затоа што маж им очекува од нив да му ги перат гаќите..
     
    На Jasmin88, Snowflake99 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.995
    Допаѓања:
    12.694
    Нема правило. Ни долга врска не е гаранција за среќен брак, но не поддржувам мажење со некој кој го знаете месец дена. Барем неколку месеци си требаат за запознавање.
     
    На cresa-jagoda и Jasmin88 им се допаѓа ова.
  19. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Ух? Каква врска има перење гаќи со должина на врската? Отвори во брачни совети и види колку има што биле во врска по 3-4-5 години и тогаш било супер, а кога се земале и почнале да живеат заедно уште што не очекувале од неа и ноктите на нозете на свекорот да му ги сече и свеки да ја депилира.

    Значи стварно мешате неповрзани фактори. Доколку се возрасни и самостални, со работа и финансии и се спремни за тоа why not?
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Од 15 години бевме заедно со маж ми. На 22 останав бремена и се земавме, после 7 години врска.
    Убави се долгите врски, каков беше во врска, таков е и во брак, не се смени ништо со бракот, се познававме многу добро.
    Прекрасен сопруг, од бракот не можам да се пожалам. Сакавме да почекаме до 25 за брак, младоста не се враќа назад, бракот немаше да ни избега ама тоа е.

    Ние напротив, имавме коментари каде брзате на 22 години за дете и брак, млади сте, живејте заедно, не мора толку да брзате. Да не беше бременоста, немаше да брзаме да бидам искрена. Сакавме да прошетаме што повеќе земји, тоа ни беше планот, додека сме двајца само да ги посетиме сите континенти, да видиме што повеќе заедно, да имаме многу спомени, потоа брак. Не ни одеше по планот. Врската не беше монотона, по 7 години заедно уште повеќе го сакав мислам. Цело време патувавме и нешто се случуваше, динамично беше. Авантуристи сме по природа.
     
    На Madrugada, WildMk, nevermet18 и 7 други им се допаѓа ова.