Ќе видеме утре за сигурно. Пред 10 дена беше 5+ според ехо, а требаше да е 7+ по менструација и немаше срцева акција.
Скоро и кај мене исто.. Прва бременост ми е и уште бевме дечко и девојка и на шала така ама фати од прва.. Исто ми задоцни менструацијата ама само 1 ден а не можев миризба да поднесам секаква, омилениот парфем почна да ми смрди.. Па на маж ми слава му беше и јас така пиев пушев ама осеќав како ми сметаат цигарите и не можев мн да пијам, другата недела требаше да добијам, задоцни еден ден и веднаш зедов тест го направив и излегоја две линии ама едната бледа, му кажав на маж ми се прерадува па закажав на гинеколог и кога појдовме ме прегледа докторот и ми кажа со среќа нека ви е, со здравје да си го носиш точно покажал тестот.. Со алкохол прекинав само по една голтка пиво некогаш се напивам ама со цигарите не прекинав само ги намалив а еве веќе 36+2 сум во денот по 2-3 цигари само
Можеш да пушиш до 4 цигари и да пиеш рецимо 2 пива неделно, ама мене ми се гадеше и од едно и од друго и сеуште ми се гади, појше на психичка база. Си викам, цел живот е пред мене и за пиење и за пушење. Сеа некако, шубе ми е, лично мене. Иако не е страшно.
Од кај тоа за пивото? На флашите има стикер дека е забрането за бремени жени пивото и не треба да се пие во бременост...ај 2 3 голтки ама 2 пива од 0.5 е веќе многу за трудница
Може бе 2 алкохолни пијачки неделно да има секоја трудница. 2 и 3 тромесечје. Негде пишуваше и дека секој ден можеш да пиеш пола чаша вино при крајот на бременоста. Мене лично не ми се пие.
Јас не би си играла со тоа посебно не пиво бидејќи има сликичка дека е забрането. Можете тука да прочитате повеќе https://www.cdc.gov/ncbddd/fasd/alc...no safe time,to have abnormal facial features.
Јас ја прашав докторката за алкохол, и ми рече можам по едно пиво (лименка) да си пијам доколку не ми смета. И некогаш кога пие мм знам по една чаша пиво и јас да испијам со него, ама одма ме тера на спиење после тоа.
Епа кај нас се знае секој доктор различно јас кога и кажав пушам по 2 циг со кафе ми рече одма да откажеш воопшто не е добро ни една цигара и ни една чаша алкохол. Секако немаше да пушам и да пијам ова беше ептен на почеток. Ја сум и плашлива не би да се изложувам на ризик може и затоа што подолго пробувавме па се исплашив дека нема да останам трудна..секој со своето
Тоа се ставови затоа што алкохолот најчесто се злоупотребува и heavy drinking точно е дека предизвикува FAS кај деца ако мајките пиеле. Пиво или две неделно не соодвествува на алкохолна злоупотреба, чак е и доста поздраво од грицките и газираните сокови, пуни емулгатори што ги бутаме кога ќе ни падне шеќерот. https://www.independent.co.uk/news/...-units-allowed-health-baby-harm-a7941316.html Еве една статија и сеа глеам дека пишуваме за ова во несоодветна тема, префрлете го муабетов кај што треба.
Можно е не сум репер. Јас ни парацитамол се немам напиено од што не сакам.. Најдобро е докторот што ве води да се слуша или што ве пораѓа и крај краева зошто ризик? Триста прегледи прајме во бременост, јас лично еден куп пари дадов на приска на еха на скрининзи на приватно за на крај и пиво да пијам дома ќе ме задави ммА за статии денес на нет ќе најдеш и дека рдна линија кокаинче е добро во бременост (Тоа работам и знам)...За кликови и реклами се се пишува за жал не знаеш колку е веродостојно веќе ништо
Ова го пишувам со цел некои девојки да не се разочаруваат мислејќи дека треба да останат бремени од прва или за месец два. Цели две години не се пазевме ( не користевме заштита) со идеја кога ќе се фати ќе се фати само опуштено. Меѓутоа не било така. Месеци си проаѓаа, жени околу мене си остануваа бремени од заебанција и секоја која ја прашав добивав одговор као од пушка аааааа од прва ни фати така ај да пробаме. Мислиш сите околу тебе божици на плодноста а ти јаловна. На преглед кај гиникологот се во ред, зборувавме и за тој феномен што никој не ти ја кажува вистинската борба и приказна. Ееее да ми кажеше некој дека не е така плукни залепи... Наполнив и 30 год.и притисокот стана уште поголем. Си реков е нема повеќе не се пазиме туку ќе правиме дете. Тоа траеше два месеци и беше измачување. Се осеќав као June од The Handmaid's Tale (кој гледал знае). Реков и вака не бива, продолжуваме по старо опуштно.. Март 2020, односи само два пати тој месец. Без никакви надежи видов две цртички. Сега сум 16 недела и ова ви го пишувам од пред ординација чекајќи преглед. Муабетот ми е кога треба да биде ќе биде.
Мене ме тера кога ручаме, напиј се бе, шо едно ништо не е, дури и докторкара ја прашувал, му рекла може на ручек да испие чаша пиво некогаш, ама не ми се пие некако ми се гади. Пред некој ден испив еден радлер од 0.33 за првпат со пица и онака ми беше, ај ќе кажан не многу гадно. Сега па на топлово, боље боза ќе испијам. Сличен ефект. Муабетот ми беше дека сите као се плашат од алкохол и сметаат дека скроз не смее да се помириса, а тие грицки, благи работи и сокови кои ги јадат и пијат се полни со хемикалии, емулгатори и конзерванси, а ги јадат и пијат секој ден. Пример во швепс има кинин, а сите го пиеме ради мачнини. Или кока-кола или некое такво.
Многу точно и многу мотивирачки за нас нестрпливите. Тоа е муабетот кој што секогаш ми го прави сопругот кога сака да ме опушти, “ќе биде кога ќе треба да биде”. Камо и јас да можев да си го прифатам тоа и да не сум толку нестрплива. Ти посакувам убава бременост, уживај максимално во периодот што е пред тебе.
Девојки да не се залажуваме сите сме со по "малце" опседнати со идејата особено после спонтан или ако не биднало од прва. Тоа само опуштање и ќе биде, убаво звучи во теорија ама потсвесно и во пракса сто на саат ни вртат тркалцата. Првиот пат ни требаше повеќе од пола година здрава права нели почна како ај не се замараме ама во план ни е. По спонтаниот веќе зема друга психо-физичка форма која исто траеше скоро година. Кај некои тоа вистинско опуштање кое резултира со релативно брз резултат е побрзо кај други треба време. Just get it out of your system. Испитувања, лекари, бајачки, лекови природни и неприродни. Сите сме ги поминале. Живееме стресен живот во кој се бара многу од нас. Начин на кој треба да функцуонираш и да се чувствуваш во овие времиња е строго зацртан и дополнителен товар. Нема кратенки и магични стапчиња. Секоја од нас треба прво да се урамнотежи, здраво тело здрав дух и да се ослободи од сомнежи и стравови. Не сме јалови не сме неплодни има милион успешни приказни пред и ќе има после нас. Само поминете низ тоа што треба да поминете. Процесот зависи од вас. Секогаш резултатот ќе биде остварување на вашата најголема желба само и само ако останете вистинити со себе и си го признаете, прифатите и научите нешто од секое добро и лошо што ќе ве сретне по пат. Се само сознаваме така и се припремаме да бидеме наредно нешто најсилно и најнеспорно во нашиот живот, тоа е мајка. Мислам дека не се станува мајка моментот кога ќе го осетиш првото клоцкање, слушнеш првото срце, или стиснеш првите рачиња. Стануваш мајка кога ќе решиш да се бориш и да не се откажуваш од замислата за семејство без разлика колку е долг патот.
Очите ми се наполнија со солзи читајки го ова. За сѐ си во право, апсолутно за сѐ. Фала ти за напишаното, многу подобро се чувствувам кога ќе прочитам ваков искрен текст. И да, сите сме мајки уште во моментот кога ќе почнеме да пробуваме да станеме!
Ние воопште не размислувавме дали ќе фати или не едноставно само уживавме. Решивме моментално во текот на ''чинот''. Од втор пат се фати.