Се обидувавме 6-7 месеци ама пробувавме да не си ствараме преголем притисок. Знаевме кога се плодните денови ама никако не се погодуваше баш тогаш да бидеме интимни. Последни плодни денови околу 1ви Мај ми беа. Требаше да имаме гости на преспивање тој карантински викенд, па ај додека сме сами да искористиме И така прв пат фативме плодни денови. 19 дена подоцна тестот беше позитивен. Моментално терам 12та недела, за некој ден ќе го носам сопругот на упознавање со бебуш
Ја и ти исто И мене според апликација ми се фатило на 1-ви Мај И јас терам 12 недела 12+2 .. Сега видов 22 Јануар дури ист термин имаме хаха
Првиот месец кога решивме да не се пазиме... Ми иде сеа спирала да одам да си ставам од уплав па да не останам трудна.
За првото од веднаш. Од првиот обид без заштита. Е второво тешко. 14 год после првото. Но првите 5 години после синко се чувавме, не сакавме второ. Кога ни се роди желба онака не нешто запнати. Па третата година односно 8 год после синко забременив. За жал имав комплициран спонтан со почеток на сепса. Едвај се спасив. Направив неколку испитувања. После тоа 2 доктори ми рекоа дека никогаш нема да забременам повеќе. И ако случајно забременам, матката нема да доноси бебе до крај. Се помиривме со 1 дете и не помислив повеќе на бебе иако во себе имав огромна желба, посебно за синко кој до последно плачеше за сестра. И кога најмалку се надевав, кога мислев дека климакс ме фатил на 36 год Шок... Бремена. Еве ја држам мојата среќа, мојата 10+ месечна ќерка која сите не усреќи, посебно синко.
Девојки ако не е глупо прашањево , на колку обиди забременивте ? Мука мачам , ете на првиот намерен обид се покажа негативен тест , а бев 100%сигурна ... малку сум downn ...али стварно ме интересира
Има ваква тема, јас ја читав уште пред да пробуваме за бебе се напињав пред време. Види статистички хаха. Иначе јас одма, од 1 однос
Ич да не си down. Еден месец не е ништо. Има парови без никакви проблеми неколку месеци им требаат за бременост. Едноставно некогаш е до лош тајминг. Опушти се, ќе биде. Јас од втор месец обиди забременав.
Јас бев иста ко тебе, демек имам редовен период ова она па од прв обид ќе забременам, ама грешка голема. Барав симптоми цел месец и најмали ситници мислев дека сум бремена, за на крај да сс разочарам, дури и плачев. Јас од втор обид останав бремена со следење на овулација со тие тестовите.
Иста како тебе бев. Не успеа од прва кога останав да плачам. Па глупи прашања како " што ако не сме компатибилни" и " до мене да не е?" Мој совет не си правете стрес. Уживајте во тоа што сте си интимни и блиски. Рачунај втор меден месец. Нека ви биде забавно. Со убава мисла и убави нешта следат.
До почвата е, хехе. Се шалам, најлош коментар евер ми е ова. Инаку, и јас би препорачала да не се оптеретуваат тие што сакаат да затруднат. Најверојатно е тешко, ама еве, читајте статистички податоци колкава е веројатноста да забремените веднаш, не толку голема. Уживајте и ќе биде кога е време
Некои 4 месеци со активно пробување но без напнатост си викавме ако биде нека биде ,па еве сега сум 7-ма недела
Еве јас да ви ја споделам мојата приказна. Се ви е во главата. Колку повеќе очекувате бременост толку повеќе си стварате стрес. Јас останав бремена уште од првиот месец кога не се пазевме. Јас мислев дека нема теоретски шанси да останам бремена уште од првиот месец од кога се зедовме, не ни размислував за бременост кога наредниот месец оп две црти. Така да.. уживајте и не размислувајте премногу
Aко може да ми кажете кои тестови за овулација се ? Здраво на сите. Се обидуваме за бебе веќе 3 ти месец. И двајцата имаме премногу желба за бебушко. Од таа преголема желба , некои денови сме толку напнати што не ни може да имаме однос. Не знам што да правам. Почнува на психа да ми удира
Кога успеавте напнати да сте после 3 мес обиди...а и па толку напнати да немате однос Убаво погоре пишуваат колку понапнат толку помали шанси.
Ова не сум го знаела, баш ми е мило Сите велиме само опуштено, а и не е така лесно. Кога ќе ми речеа опушти се, не се нервирај, ми се идеше да ги фанам за врат. После, од кога ја средивме инфекцијата, тргнав за работа, мислите ми се окупираа со друго, и оп..бремена Со второво, прво си ставав вагиналети Полигинакс, да ичистам доле, да се спремам И третиот месец веќе каснеше, ама ич не мислев на бебе, т.е. мислев ама не се окупирав со тоа. А и со другото бев зафатена, одев шетав со неа, и ете..се фанало.
Тестови за овулација, се тестираат според циклусот. Јас од Швајцарија од маркет ги купив, во Македонија не знам кај можеш да најдеш.
Исто е и кај мене ..еве првпат се решив за оваа работа , и кога се деси тоа бев мн сигурна дека ќе бидам бремена , коа видов негативен ми се замрзна крвта и бев во down Јас веќе имам 31 година дали можеби годиниве играат улога еве нз ...