Три месеци не се ништо полека ќе биде само опуштено јас останав бремена после 6 месеци и тоа баш месецот кога реков не се замарам и не ни следев плодни денови и слично. Ќе биде без нервози
Разни филмови ми се вртат низ главава што би било и како би било , имам ете вишак на кг дали тоа влијае ,годините , исхраната , цигарите ...хаос ми е во мозокот
Не, освен психата друго не. После 8 месеца од пробување, веќе се почнува со испитувања. Хормони, инфекции,јајници, и многу битно спермограм.
Ајде ќе пробам да не мислам на тоа , ја прелистав целава тема не сум ни прва ни последна ....Ќе пробуваме сега за сега , ако не за 8 месеци како што кажуваш на испитување ...
Ова правило од 8 месеци не го знам, ја знам за 6 т.е 12 зависно од годините. Инаку вишокот кг. може да влијае секако, и цигарите. Ако немаш проверувано одамна брисеви и сл. не е лошо да си закажеш контролен преглед. Така др. ќе ти ја ѕирне и матката. Ова чисто профилактично и мислам се препорачува за сите што планираат бременост.
Никогаш не ми земале брис ке пробаме месецов ,ако не фати веќе од следниот месец ќе почнам со испитувања ...ама ќе се надевам да се фати
Да се едитирам, ја сум пушач, без проблем останав бремена, а познавам жени со вишок килограми па исто така аи останале бремени. Не не,не е правило. Ама мој совет е после 8 месеца да си оди и да си почне со испитувања, затоа што јас чекав до 1 година како што викаат сите дека до годината се чекало. Па за да не си губи време девојчето, и да не се стресува. Јас да знаев со првото , уште после 6 тиот месец ќе отидев да проверам се. А не, јас чекав до годината, па после секој месец по едно испитување, де воа де ноа, па отиде времето во живци кинење. И на крај , испадна инфекција да имам, и слаби сперматозоиди, од кога се реши сето ова, за неполни 6 месеца останав бремена. И го дадов чисто како совет.
Мислам дека ме имаш погрешно разберено. Инаку не сфаќам зошто таква реакција. Ја имам негде прочитано 6 т.е 12 зависно од год. Што значи над 30 е 6 месеци. Ја пак и напишав одма да оди на контролен преглед. И не под дифолт вишок кг. се проблем, туку може да прави проблем. Може ете да е симптом за нарушена функција на тироидната жлезда. А не мора. За цигарите не мора да објаснувам дека се штетни.
Не си ме прочитала со нежен тон Воопшто ниту цинички, ниту со желба за карање го напишав сето тоа погоре , едно смајли што може да направи. Така е кога се читаме
секоја бременост со маки , дали сум имала 19 год или 22 или 31 секоја беше со по 2 години пробување , негативни тестови , плачење и разочарување , а без конкретен проблем освен ПЦОС ..... ама упорна сум невидено и едниот гинеколог и другиот истото ми го кажаа : упорна и решителна па што сака нека биде
Мој совет ти е одма да си направиш брисеви. Мојот доктор уште кога му спомнав дека планирам бременост ми рече да ги направиме брисевите за ако има нешто со време да се среди, потешко е после во бременост. Така да појди си направи едно испитување чисто да не се мачиш после кога ќе останеш бремена
Јас од антидепресиви имам 30 кила вишок, 31 година и у сред пиење антидепресиви и хелекси останав бремена. Не останав од прв месец може8/9 не бев нешто оптеретена ама правевме "бељи" со месеци. Не се секирај ама ич. Ќе биде А да и пушач сим ,2 кутии дневно...
По еден месец. Само што се зедовме со сопругот останав бремена наредниот месец. Воопшто не очекував бидејќи сите мои блиски кои беа во брак ми кажуваа дека се мачат подолго време за да останат бремени.
Тие што отстранувале септум, после колку време останавте трудни? Мене ми е страв дека покрај септумот може да има и други проблеми
Еве 3 месец ништо и јас многу се плашам да не ми се запушиле каналите и триста други глупости,познавам после 2 месеци одма што останале.Ако не биде и овај месец одам на други испитувања оти 3 години веќе се мачиме со 2 спонтани сум највероватно предизвикани од септумот кој го остранив пред 4 месеци.