Првото после неколку односи без пазење. Не се сеќавам колку беа, ваљда меѓу 5 и 10. А второто од прв обид
Од прв месец обиди, месецот кога спремавме свадба Си кажавме ајде да не се пазиме, можеби ќе треба време, да си почнеме од сега па на меден месец ќе продолжиме со обиди… и бидна На патувањето се истурив од повраќање… најмногу од се го паметам ВЦто од хотелот
Здраво девојки. После киретажа пред 3 месеци повторно видов 2 цртки (но овој пат нормални, беше бледа пред 5 дена сега е малку појака, претходниот пат имав многу јаки црти 1 недела пред да ми изостани циклусот и беше неуспешна бременост). Според сите пресметки сум 4 недели и 5 дена, закажав преглед за 4 дена, со што ќе бидам веќе 5 недели и 2 дена (според пресметките од апликацииве ) Не можам да дочекам и многу ме интересира што да очекувам да видам на ултразвук?
За првото, долго време ни требаше. Во 2021, од втор обид се фати ама вонматерично. Долго време бетата не ми паѓаше, па корона фативме со мм, хормоните ми се испореметија а и спермограмот не беше добар. Кога веќе бевме решени да идеме на понатамошни испитувања за инсеминација случајно останав природно бремена. На прегледот ми кажаа дека е добра бременоста, плодот е во матка. По недела дена (во 6та недела), ми почнаа толку силни болки што помислив дека сигурно е спонтан и тоа е тоа. Утредента отидов на преглед, кога испадна дека се два ембриона и тоа едниот во матка а другиот вонматерично на истата страна од предходно. Дирекно ме пратија на клиника и одма лапароскопија. Кога ме внесоа во салата мислам дека никогаш поладно во животот не ми било и си реков дека више освен ако не раѓам нема да идам во такви сали. Ми го извадија тој јајцевод, ама среќа па Господ ми го сочува тоа што беше во матката и наредниот пат во сала влегов само за да си го родам. За второто имавме желба, ама со еден јајцевод мислев дека немам многу шанси. И ме фати неспремна, ама може па подобро така оти ако почнев претходно да мислам може никогаш немаше да се одлучам.