За првото требаа 7 години, и природно останав бремена точно кога тргнавме на испитувања и се спремавме за ин витро. Вториот пат од еден и едиствен пат во тој месец (а мислевме ќе ни требаат пак години ).
Со првото останав трудна месецот кога почнавме со обиди, тоа беше месецот пред да правиме свадба, се опуштив и викам ајде ќе треба време.. отсега внатре слободно додека на фати...и забременив уште тој месец. Со второво викам нема шанса да фати одма пошто тоа беше само што ми се врати менструацијата а син ми (9 месеци) уште доеше и мислев дека не ми се средени хормониве се уште и викам сега сигурно ќе потрае, дај да работиме со време уеs sure.... Забременив одма, со еден единствен однос во тој месец пред сите фамилијарно да закачиме грип Веќе не претпоставувам ништо, и после второво се враќаме на пазење
Ние се пазевме, поготово што се гледавме после плодни денови. Еднаш се погоди да појдам кај него во плодни денови, и му кажав за да се пазиме… од тоа пазење бидна бебе. Мислев дека ќе биде потешко бидејќи имам полицистични јајници, но се се случи спротивно на мислењето.
Прва бременост без обид одма бидна, втора на 3 обид се фати, трета бременост мислевме нема да е така брзо водејќи се по втората ама бидна од прва.