Првиот пат после 10 месеци природно со близнаци потоа вториот после 11 месеци преку инсеминација но за жал неуспешно,е сега е на ред третиот пат......приказната продолжува,храбро до целта.
Прв пат останав од прва во септември, бременост која заврши во 9 недела со missed abortus, после 4 циклуси откако ги направив сите испитувања почнавме да не се пазиме останав пак од прва не ми се веруваше имавме само 4 односи од кои 2 во медиум плодни денови, 2 во ниски плодни според апликација. Сега сум 19 недела и се е во ред нормална бременост си имам.
prv pat ostanav bremena po 3 meseci a sega so vtoroto po eden obid..znaev koga se plodnite denovi i fati vednas
Свадба правевме 14 април. на 21 април добив ми заврши па пробувавме ама ништо на 21 мај ми дојде па пак обиди и на 18 јуни дознав дека сум бремена што значи за месец дена од свадбата останав трудна а пред свадбата никогаш не сме пробувале се со заштита или надвор свршување.
После 5 месеци обиди. А 8 месеци по свадбата. Не сакавме одма бебе, па ни обидите не ни беа интензивни. Послесните 2 мес мене ме фати паника дека нешш не е во ред, па почнав повеќе да пазам на плодни денови и бидна.
Во четвртиот месец. Од првиот следев плодни денови, имам редовна менструација, и секој месец имавме повеќе обиди. Три месеца ништо, четвртиот месец заради обврски беше поретко, само еднаш во плодни денови и убедена бев дека нема да биде ништо. Ама ете четврта среќа
Првиот пат негде после 8 месеци ама дека дечко и девојка нени обврнавме внимание туку едноставно уживавме,вториот пат после скоро две години ,третиот пат од втора запали за големо чудо и изненадување и тоа од два пати секс во месецот и не беше во плодни денови.
После 7-8 месеци обиди останав бремена, после 4 месеци отидов и на преглед и мислев имам некој проблем, меѓутоа излезе дека се е во ред и веројатно напнатоста и стресот влијае. Кога се опуштив и си реков кога ќе биде нека биде и вистина бидна кога дури најмалце очекував.
Сум пишала за ќере, повеќе од 2 години ни требаа за да дојде на светот, со триста проблеми. Ама затоа синко мајкин влета со клизачи, добивме зелено светло дека смееме пак да пробуваме, утредента пробавме и толку. Кога се свестив дека ми касни, јас скоро 7-ма недела бев со срцева акција, со се'! Сега пак паѓа како тема на муабет дали сме спремни за уште една едиција, па ќе видиме.
Свадба во септември,од декември рековме дека веќе нема да пазиме и во јануари останав бремена,од 2-3 пат дури не ми се веруваше дека толку лесно ќе останам бремена
Брак 2015 и после конечно ни се оствари желбата во јуни 2017 а и пред брак бевме со замисл ако се деси би било супер
Ние не се обидувавме првиот пат останав недела време пред свадба кога бевме во најголем хаос не ни знаевме дека биднало, ама тоа се заврши за два месеци, немаше срцева акција. После тоа несакав ништо ми беше страв повторно да не поминуваме низ истото, само испитувањата ги направивме за да се осигураме дека се е во ред со нас. Ноооо по само 8месеци додека уживавме на одмор пак си се фатило без планирање, и сега еве растиме и чекаме нареден преглед за пак да го видиме тоа мало чудо