Каква е на вкус? Некое време ја барам, во помалите градови уште ја нема. Најубава веган пица што сум пробала е од маркетите Кит Го, само една е веганска во овој маркет , до сега и во пицерија немам јадено таква пица. Мене многу ми е вкусна.
Аргетата не ми беше ништо посебно, таа со маслинка беше исто како ова на сликата, ова на сликата е од Жито Маркети.. Иначе цена на една е 79 денари
А со шо се тие пици од Кит Го? Обично во други маркети избегнувам пици спремни за печење и земам тесто само пошто има "непотребен" зеленчук. Спојлер А јас сум picky eater
ја пробав таа со маслинки, и воопшто не ми се свиѓаше ми одеше да ја фрлам, ама ја изедов некако. Среќа не купив и од таа од леблебија. Инаку од Тинекс ја земав.
Предлог за вкусно веган сирење/кашкавал за пребирлива личност? Пробав во Дрен и за чуди ми се допадна, но не знам од кој бренд користат.
Имаш во Кит Го и Тинекс, им заборавив името не сум дома за да ти пратам слика. Сирењето мене ми е преубаво посебно во салати А кашкавал пробав 2,3 вида ниеден не ми се допадна.