Убавини Не знам како досега не сум го видела и пробала, мене ми е преубаво, малку цената е така повисока ама вреди
Предлог убав намаз без млеко што може да се најде во маркет? Не мора да е посен, само ми треба да нема лактоза. Хумусот од Рибела и Гуру не ми се допаѓа, ги пробав сите вкусови. Единствено Абц без лактоза ми е ок и секако Аргета паштета.
Од Кам имаш 2,3 намази со вкус на,, пилешка паштета", посни, мене ми се многу вкусни. . . . . Исто ново откритие ми се солени и благи крекери посни, едните со семки и житарки, благите со портокал и чоколадо. Штета само што не се без глутен, ама па барем немаат палмино масло. Ова палминото нема каде го нема.
Во Кам околу 140 ден е 100 грама. Нема, барем јас не сум нашла. До пред година дена ептен верував на тие ознаки веган, јадев и мака си немав. Кога почнав да читам скоро се содржи сурутка во прав, млеко во прав, кашкавал млечен. Јас не знам кој и дозволува да се стави декларација веган според некој состав. Не разбираат дека некој здравје може да го чини. Јас еден од Стокомак бев нашла, означен веган, отпосле кога видов состав врска си нема. Ептен да си земеш овие овошните, син ми од лубеница и манго ги сака најмногу. Мене не ми се нешто вкусни, ама некогаш ми се наогаат кога ми се јаде. Или најубаво смути правам јагоди, банана, боровинка и замрзнувам. Ова ми е најубаво.
За жал не може да им се верува на ознаките..се докажува кај нас дека составот е сосема нешто друго. Ќе барам некој рецепт за дома и јас..ако испадни нешто успешно и вкусно ќе споделам тука
Јас овој си го правам, некогаш со таан, некогаш со путер од кикирики и превкусен ми е. https://www.instagram.com/p/Bz3W5VNHu8p/?igsh=MXpmeW02ZGlqMW5q