Рептил, стокомак, кам, веро. Поголемите маркети имаат повеќе избор. Сировите бомбици и баровите со малина и чиа на Vita од Кам не знам дали ги имате пробано. Предобри се. Баровите со ананас ми се само преблаги. Има и од кокос, не можам слика да најдам од нив.
Забаено ама не забораено, го најдов овој со какао во маркетот в комшии некни и го земав. Вау. #loveit горчи доволно, и е ептен вкусно.
Дли некој има пробано плескавиците? Имам мн осетлив јазик на текстура и до сега се шо е вака готово од дм ми е мех, поќе сакам прашаци и ситни работи јас шо можам да спремам. И не можев да одолеам и зедов и са страв ми е да отворам паковањето и да пробам.
Колбасиците не ги можам. Ги блендирам и ко мелено ги користам и то мешани од сите колбасици. Последниот пат и ми смрдеа и така ми седат во замрзнувач. И ова шо зборам за вкус, мирис и текстура е скроз моја перцпеција пошто комплицирана сум, на други исто паковање им биле топ. Фалафелот им го обожавам. Ама овие плескавиците сега прв пат видов и ми се стемна оти знаев дека ќе купам а има големи шанси да не ме бендиса. Чим се охрабрам да ги спржнам баш ќе пишам како ми се допаднаа.
Лутиот фалафел е многу добар јас ги јадам свежи кобасиците не ги печам си ги грицкам. Тофутот е исто ок и сувите штангли некои.
А има некои кобасици/виршли што ти се вкусни? Многу ми се јаде хот дог, но не би да јадам виршли од месо, а вегански не знам дали би ми се допаднале.
Не. Вердино ми се подносливи и од Веган Светилник. Ама не ги купвам оти генерално пак ми се мех на текстура. Се друго им обожавам нив, са видов и шницли имале ќе земам денес/ утре. П.С. Од по другарки Вердино колбасиците ги јадат. Тенките ми рече една дека ѝ се омилени. Ако значи нешто информацијава.
Од кој ДМ купувате, јас кога и да одам не наогам вакви работи. Претежно одам во Веро во тој. Каде е најснабдено?
Битола имаме само еден. Веро исто наоѓам од Вердино ама леле на јазик ми е маркетот од кај шо Вердино и плантуните ги има р е д о в н о и сите производи. И други веган продукти. Прилепска продавница, од неодамна ја има Битола. Нешто со Витаминка поврзана. Локал патриоти поможете ми да се сетам на името.
Саламава дури е чудно колку е spot on со текстура и вкус. Како и да е, јас престанав да јадам салама уште пред да престанам да јадам месо, меѓутоа ме фати некој стрв да ја пробам оваа. Жива така не ми се допадна, во тост се растопи и беше ко да јадеш тост со паштета, се борев со демони додека го јадев, можеби ќе пробам во сендвич, ама може и нема. Шницла - уште едно од работите кои не ги јадев додека јадев месо. И да, делува ко шницла, со текстурата речиси исто, со вкус, мислам дека малку помалку интензивен вкус од шницла има, ама сѐ на сѐ океј е. Бредингот е прекрцкав, тоа највеќе ми се допадна. Би ги купил пак. Едит: Само да споделам дека похованиот замрзнат кромид во Кам е посен и превкусен е.
@theowndemon сигурно ги имаш пробано сите меса/колбаси на Вердино, па кое ти е најубаво? Плескавиците/ќебапи или колбасите?
Плескавиците и ќебапите. Шницлите исто се врв. Имат и меѓу подобрите колбасици, ама јас не преферирам колбасици. Најчесто земам плескавици и мелено, а моментално наполнав цел замрзнувач со шницли.
Има некој пробано плескавициве? Добри се? Се меч за вердино? За скара ми се а никако не можам вердиното да најдам во кој дел од замрзнувачов сум ги фрлила. Обично преферирам дома прво да пробам пред да одам со друштво скара да прам, ама овој пат се најдов во тесно. Са забележав саламата горе. Ја немам сретнато, кај ја има ко ќе идам да земам. @Ketchup П.С. Шницливе ми се опсесија. Во фраер ги ставам, со вег мајо и краставички е п р е в к у с н о.
Шницлите се врв. Саламата од Стокомак ја земав јас. Ѝ беа дадени милион шанси во секој вид. Не ми се допаѓа ич.