Здраво, дали сте виделе и би знаеле каде можам да најдам пектин. Тоа е како желатин, но се добива колку што читав од овошје и служи како замена нели за говедскиот желатин. Прашав по неколку аптеки и за здрава храна, но немаа поим за што зборувам. Доколку сте виделе би ми значело, ептен ми е потребен.
Замена за желатин јас знам агар агар. Знам дека Зегин имаше дур бев таму. Го има и во продавници за здрава храна. Ако не успејш да најдиш то шо бараш, можиш да пробаш со ова. Не знам дали е исто и шо е, зато само фрлам информацијава.
Во кам, мислам дека е 200 гр ќесичето, се мие во цедалка ама многу убаво, зашто инаку горчи и се вари во 400 мл вода
Јас сум пробала вака надвор по салати и многу ме бендиса и решив дома да си подготвам. Фала ви @LizzyGrant @minne992 баш ќе побарам и ќе направам.
Многу ме интересира, ако сакате да бидете вегани, зашто имате потреба да јадете веге плескавица со вкус на месо, вегански ќебапи со вкус на месо.. Нели ако сте вегани неќете месо и се што има вкус на месо, а во темава сите обратно прават..
Па нема вкус на месо, има на зачин - кој што се користи во месото. Месото само по себе без зачин е horrifying. @awkey има во Тинекс на Dr.Oetker, jamfix нешто пишува, баш кај желатинот стои блиску.
Грешка си срцка, мидлам дека поентата на сите ни е да биде како “месо”, у поглед на форма текстура да те најаде. Не да има вкус, никое нема можеби оние beyond burger, но за нив велат дека се напукани со хемикалии. Сегде смути, чиа пудинг салати. Кисело млеко/ грчки у смеса за палачинки .
За ништо да не мора да умри за да јадиме ние. Ама темава е за продукти да споделваме. Не е за ова. Има и други понеспецифицирани теми за веганство и вегегаријанство.
Мислењево е постаро, ама гледам дека си навлезена во веганство па би сакала инфо во врска со Вердино стално ги гледам во продавница. Каков вкус има меленото "месо", дали да речам во лазања или болоњезе сос може да се осети дека е нешто друго? Маж ми имаше здравствени проблеми и сакам полека да заменам месо со нешто вакво, ама да биде скришно зошто со ќерка ми не се баш воодушевени од такви промени
Многу луѓе имам прелажано и со ова и со џекфруто од дм. Вердино, ко шо многу и би се согласиле тука, од ко дојде на пазар ни ги крена стандардите. Сум имала ситуации каде брат ми изел мои полнети пиперки шо се посни, место неговите и да не сети. Најчесто со џекфрут користам додуша за мелено ама и вердино е супер. Од другите Вердино продукти генерално од месојади шо имат пробано - се еднакво задоволни ко и јас. Ама не би можела да "прелажам" некој дека е вистинско месо, колку и се да е спот он ќе се знај дека не е месо.