Јас обочно земам од Веро оти ми е најблиску. Во маркетот маалски не држат воопшто. Ама оти генерално Веро наоѓам се ретко одам на друго место. Основата на веганството... хумус Од чоек шо хумус му беше многу јак, сега можам со лажица да го сркам.
Ми има вкус меѓу сирењето на виолајф и некој маргарин и иако не ги обожавам ни едното ни другото, сосема ок ми е вкусот, а текстурата многу ми се допаѓа. Дали негде сте виделе од намазов? Порано го имаше секаде, сега не можам да го најдам.
Не знам дали е ново ама посно само ДМ наоѓав. Сега за скроз друго ојдов стокомак оти преку улица ми е. И го најдов ова. Color me impressed.
Зависи за што ти треба. Мене за кафе лично најубаво ми е од овес без глутен на ДМ. Не можам кафето со ниту едно друго млеко да си го замислам. Бадемово мене не ми се свиѓа. Меѓутоа ако треба да одберам едно, на Алпро, јер најубаво засладено е. За готвење солени работи, најубаво би ти било некое високо протеинско, т. е. од соја незасладено. А за благи, искрено можеш секое, зависи кон што сакаш вкусот да ти гравитира. Меѓутоа ако пробуваш првпат, мислам со Алпро да почнеш. Нивното млеко од лешник ми беше фаворит еден период.
Кокосово без шекер на апро ми е врв, и бадемово им е ок. А како најефтино и претоп за у кафе овесно од кам!
Овесното со вкус на ванила од ДМ ми е највкусно, а знам да го земам и овесното од КАМ. Бадемовото е ок, ама скапо ми е некако. Имаше во Лидл во Грција едно многу убаво бадемово млеко, на попуст го начекав, по евро и 40, зедов неколку пакувања оти беше со добар рок, превкусно беше. Пак ако одам и го начекам, пак би го зела. Ама не знам што фирма беше, ќе сликнам следен пат.
Јас овес бариста млеко од ДМ за кафе ми е топ. Другите генерално ми менват вкус на кафето на начин шо не ми е убав.
Колку е? Никогаш не сум го пробала, а ова бариста звучи дека ќе биде топ за правење пена. Овесното со вкус на ванила од ДМ ми е најубаво на вкус. На другите некако...не сум им фан.
Околу 100 денари. Оти ретко користам млеко генерално, последно купив мало паковање од бум бокс со бадем оти не допивам и знам иста цена беше големо бариста и мало бум бокс. Околу 100 денари.