Нов производ во Стокомак. Посуво е од сирењето на Виолајф, но ми се допадна. Двеста грама е. Цената му е 65 денари. Има и кашкавал во парчиња, исто е 200 грама и чини 65 денари.
Ова од Лидл е убаво Јас од Грција го земам, 1.50 € чини, а за цената ми е топ. Овде кај нас бадемово млеко нема под 180 денари за литар.
Го купив ова прееска за да ставам по едно лажиче у кафе. Видов пишува напред non dairy, ама позади у составот пишувало: може да содржи остатоци од казеин (млеко). Дали се смета како посно (у период кога постиме) или ја тотална утка направив што не прочитав поубаво?
Да, сегде кај шо пиши "можи да содржи" е ради cross contamination, односно во ист простор прат поќе работи, пак е чисто ама за секој случај го пишат ова. Ептен ретко се наоѓа производ каде не пиши дека можи да содржи млечни траги (или јатки, најчесто е за јатки и го пишат ради луѓе кои имаат алергии иако нели никој не јавил алергија оти нема јатки во производот само во ист простор се прат).
Во Кам многу ретко одам, дали еднаш во годината, некако го прескокнувам. Некни ги открив овие, убавини За мене посебна радост што се без глутен, јадам како да не сум видела благо
За која состојка мислиш? Јас секако не успеав да најдам 100 % здрави, ако има палмино масло нема глутен и обратно, а секогаш не сум во можност да правам дома иако често сум во кујна. Ако имаш некои веган и без палмино и глутен сподели искуство. Кај нас изборот е баш ограничен. А освен и овие производи се поскапи посебно лебот и брашното.
Мене не ми се расипува. И на ова и на Виолајф им ставам фолија за храна по првата употреба и така ги чувам во фрижидер. Траат 7 до 9 дена.
Доколку си го пробала кокосовото млеко, убаво ли е за пиење, или тоа е повеќе за готвење? Исто ме интересира за бадемовото, соиното и оризовото? И растителниве бургери дали се вкусни? Скоро се сакам да пробам од овде.
Превкусно е кокосовото, густо е, може да се користи за готвење, јас го сакам и во кафе и во каша со овесни снегулки и овошје, во комбинација со малина ми е Оризовото, соиното и бадемовото не ми се многу по мерак. Бургерите, а и сѐ на вердино ми е топ.
Бургерите и колбасиците се совршени од Вердино. Млеката од Кам ми се малку горчливи, лично сум boom box gal. Кокосовото млеко во конзерва гледам намалено - планирам да земам го немам пробано само тие во картон, а и Вердино е намалено, така да јас е паметно да одам да си остам остатокот од платата во Кам.
Супер, фала ти многу! Ако млекава не се убави, знаеш ли некои други да ми препорачаш а да не се 300 денари 1л? Ептен ми е мерак бадемово, оризово и кокосово да пробам првично, соино и овесно не ми се баш по мерак, мислам дека нема да се вкусни.
Кокосовото е за готвење. Од млекава само соиното ми е ок. Појше ми се свиѓаат од Алпро и Плантино. Од Вердино немам пробано, ама сакам.
Погоре имаш препораки за млека. Јас одамна не сум купила, бадемово си правам дома по овој рецепт (само ги лупам бадемите откако ќе отстојат)
Boom Box се до 180тина денари +/-, јас лично земам по пол кило паковањата шо идат околу 100 денари или од ДМ бариста (ама то е овесно) за исто така 100тина.