Абе отпосле го видов составот и пишуваше 17% ориз, и после него sunflower oil и уште некое масло + морска сол. Ај да нема вкус на зејтин. Јас уште фино го натегнав, си мислам обично млеко пијам, слатко ми дојде првите 2 секунди, после ко зејтин да имам пиено се осетив.
Нема некој одобен мирис, како било која конзервирана храна. Ова е околу 1/3 нешто помалку од 1/3 од конзервата. Сакам ова да остам вака да одстои во маринара па дел ќе пржам дел во фраер ќе ставам или да се печи. 1/3 ќе поховам. 1/3 сакам нешто чорбесто. Кога јадам нешто за прв пат максимално го тестирам.
Не ми текна да го разделам со виљушка пред пржење туку од ко се испржи го раскинав и допржив. Вкусно е. Е са лути, ама то е оти го удајв во gochujang. Сега сакам да си одмрзнам од мини питите за гиро шо ми се за зол час оти нема шанси да излезам да купам, и некое сосче тартаресто и совршено јадење. 10/10 ќе си прикупам конзерви.
Денес го пробав на Мегле намазот како путер што е, многу е убав. И состојките не се лоши. На Мегле и путерот е многу убав ама овој е растителен, вегански.
Ич не ми е вкусно, аман, за проба го купив, така да го пиеш е многу лошо, па ајде во кафе го ставам, ама и за тоа не го бива. Како вода, ама многу лош вкус...
дај ми го на мене ако го фрлаш телепортирај го.. Иначе јас сум купил неколку пати од оваа врста и не е лоша незнам зошто викаш дека не е убава таа твојата врста?
Бев да ја купам таа врста Light, да видам дали го бива и со неа купив и уште две од кои Алпрото беше на попуст тоес за 165 денари.. Тој Light вкус мене ми е убав фала ти многу што на било каков начин ми го посочи !!! Едноставно вкусот е оргазам... Поздрав
Го пробав бадемовото од Алпро, стварно е многу убаво, ама не ми се веруваше дека е природно толку благо и јеп, мислам дека шеќер беше на втора позиција, бадем има помалку од 3%, и имаше мислам плус други подобрувачи на вкус. Така што земајќи го во предвид составот, не вреди толку пари. И не мислам дека е баш така здраво за честа конзумација, ама вака за частење од време на време е супер.
Да, алпро е 165 денари у тинекс на акција, знам. А другово што е лајт што мене лично не ми се свиѓа - на здравје да си го пиеш, крв да ти се стори и уживај у оргазмите