Не дочекав до дома за да сликам: Пиши Вегануари, се надевам ќе е стален продукт ако е добар. Да немав утре веќе смислено за готвење одма гиро ќе праев.
Не, ништо не сум пробала од ова фирма генерално, сега ме задума доматните сосој и кечапо дали се веган шо ги користам????? Мислам не ми е толку важно оти не сум веган туку само месо не јадам, ама пробвам да прам промени колку можам. Едит. Ми текна дека салса земам од овие, веган била а мие бендисва. Е пробам и друго.
Кажувај какво ќе е откако ќе направиш. И каде се продаваат оние лепчињата за гиро, не знам како се викаа
Лепчиња за гиро имам во сите маркети видено, во Веро има и малецки, и големи, јас преферирам малечките.
Зошто ме прашуваш мене со цел да ме исмејаваш, а имав предвид знакот Vegan бидејќи не на секој ќечап го има
Јас сум нова у ова заради состојба кај син ми кој цица, морам јас да се хранам претежно вегански, па затоа прашувам да не пропуштам нешто
Листата на користени производи е шо прај нешто веган, не назнаката дека е веган. Кечап е нешто шо по дифолт сметам дека е веган оти шо би имало животинско внатре? Ама после ми текнува дека има не-веган вина кои се купечки. Така да имав момент кај шо се преиспитвав шо би имало во кечап да не е веган. Па после ми текна дека и начин на производство од почеток до крај се зема во предвид за назнака. Салсата од истата фирма нема назнака веган ама прочитав декларација и колку шо ме држат очи не прочитав животински продукт. Да, да, то нема да пропуштам, сега и за вечера се думав ама нори и ориз ништо не ми победва за јадење. А за утре татко ми ќе ме учел еден негов сос со печурки да прам, и изгледа поќе сакам буковки од гиро.