За појадок овошје до ручек, по често оти јадач сум иначе Ручек макарони со буковец одозгора, и за вечера ако не стигнам да купам салата нешто, ќе отворам една лименка пченка. За денеска тоа, утре одам на пазарење да се подготвам за у кујна
Оти бе нема кој да ви ги отвори? Теглата посебно, со лажица ќе потпреш да влезе воздух и ќе отвориш не треба ни сила ништо. Конзервата, зависи каква е...
Вечигденскиот постот не се пости целиот без зејтин. Еве тука имаш како треба: https://www.crkvenikalendar.com/zitije_mk.php?pok=1&id=E Можеш да си купиш и календарче, пишува кој ден е со масло, кога смее риба и сл.
Од понеделник до петок без масло. Сабота и недела со масло и вино. Риба е дозволено само за Благовештение и Цветници. Благовештение се паѓа на 7ми Април(недела) Цветници се паѓа на 21 Април(недела).
Денес како десерт правев нешто како мус со банана, урми, ленено семе и лешници.Се тоа во блендер со малку вода. За ручек правев пире со додаток златна мешавина.
Посна торта 2 чаши шеќер од 250 2 и пол чаши минерална вода 3 и пол чаши брашно 1 пециво, 1лажичка цимет 1 лажичка сода бикарбона, 3 лажици мармалад. Сето ова се меша и се пече во набрашнета тава...додека е уште топла се премачкува со мармалад се остава да се олади. За глазура: 100мл.вода, 100гр.шеќер, 1 пакетче ванилин шеќер и 2 лажици какао... На некој може шеќер му е многу па нека си скрати.
Масти во состав или масти во нутритивни вредности? Тоа не е од масло туку од самиот состав на пченицата, како што има јаглени хидрати, протеини, масти.
http://preminportal.com.mk/manastirski-posni-recepti https://bigorski.org.mk/magernica/s...pTDubwlcdjMGEfOPwmZUMOZAbuKKvncpt43aBj-0KlSm4
Денеска 2 тавчиња од тортата се фрлени у ѓубре кај јас па и другарката ја подлагав да ја прави и ни мене ни неа ни излезе како што треба. @orhideea испробан ти е рецептот?
Ставам вода да зоврие, додавам лажиче или две мед, ставам овесни снегулки (најчесто 4/5 големи лажици), пасирам банана (или некое друго овошје ) и нејзе ја додавам, мешам цело време и кога убаво ќе згусне е готово. Некако најубаво ме најадува ова за доручек
https://moirecepti.mk/post/посен-колач-без-масло https://moirecepti.mk/?s=Посно посен&page=2 Овде има повеќе рецепти посни, некои се со масло. Доколку постите без масло изоставете го .