За оние кој постат со зејтин... Свари ги макароните. После се пржи сецкан кромид и сецкани печурки. Откако убаво ќе се испржат се додава доматело. Се динста уште малку и после се поливаат макароните. Брзо, едноставно и вкусно
Vcera napaviv mnogu dobra posna pasteta bez maslo pa eve vi recept: eden kompir,eden morkov,eden modar patljigan,praz,mlado kromidce I mlado lukce.Se svariv osven kromidceto I lukot.Potoa gi staviv vo nutra bulet I dodadov dve lazici taan sol I vegeta.Mi ispadna edna mala teglicka I bese mnogu dobro.
Денес почнува Велигденскиот пост. За многу години. Ево сега за доручек си приготвив киноа едно ракиено чавче, јатки ореви, и од виталија пола овесна каша од посните од малини или тие што се со чиа. За ручек имам грав. Е сега да ве прашам: Како да ги зачинам салатите со зелка, марула, морков, цвекло. Дајте некој вкусен предлог. Главниот оброк и десертот не ми се проблем да ги направам но неможам никако да поднесам мешана салата само со оцет и сол. Ми фали тоа маслото да речам. Да не крцка. Јас сум многу голем љубител на свежиот зеленчук. Подобро од тоа за мене нема ништо.
Пробај со таан. Мене ми се многу вкусни салатите измешани со таан. Овде имаш упатство за разблажување на таанот, ама јас го користам и нерастворен. https://bigorski.org.mk/magernica/upotreba-na-taan/
Пробај сенф+мед+лимон за салатите. Настрана мешаш, па преливаш. Таа со цвекло, морков и зелка ја зачинувам и само со мед, лимон и балсамико. Супер е така. Ми се допадна и предлогот со таан, ќе пробам.
Предлог салата ама со зејтин... Марула со туна и пченка плус сол и оцет Балсамико, маслото од туната е доволно без да додаваш екстра зејтин. И можеш одозгора да декорираш со посен мајонез Дилајт од Томи, пак ќе речам се ова под услов да употребуваш зејтин за време на постот
Ама за Велигденски пости риба се јаде само за Благовец и Цветници. Освен за салата, таанот е супер кога треба нешто да запржиш.
Здраво на сите се зачленив,за и јас да споделам некои од посните рецепти без масло,кои најчесто ги приготвувам за време на постите за сите оние кои почнаа со Велигденскиот пост,нека им е за здравје и за спасение. *за некои од состојките немам конкретна мерка,ги ставам од око и по вкус Намаз од индиски ореви или така наречен вегански мајонез *(омилен на мене и мојот сопруг) -непечени индиски ореви околу 100-150 грама -мало чешне лук -лажичка сенф -сок од пола лимон -сол -вода, -а во деновите кога се јаде масло,додавам и 20-30ml. масло Индиските ореви се оставаат преку ноќ во вода,или околу 5-6 часа.Се цедат,мијат и со другите состојки се блендираат до хомогена смеса.Индиските ореви треба само малку да бидат облиени во севкупната течност, затоа јас прво ги ставам лимонот и маслото и на крај додавам маалку вода.Но одкако ќе го направите 2-3 пати,сами ќе си ја најдете вашата мерка и густина ,можеби ќе го сакате повеќе на лук,помалку на сенф, се по ваша желба.Истиот рецепт го правам и со сончоглед или лупени непечени бадеми.Со и без масло,секако е превкусно,со свежа краставичка,младо кромидче или буковска пипер мх мх ... од листата на десерти: Бомбици од урми и ореви -150гр. урми -60гр. ореви -сок од пола портокал -1 лажичка мед -1 Ванилин шеќер -Кокос Урмите исецкани на ситно,се блендираат заедно со оревите.Медот и шеќерот ги мешаме со сокот од портокал и додаваме во смесата.Месиме со рака и формираме топчиња.Увалкуваме во кокос,или по желба во мелени ореви.Навистина слатко и посно задоволство. Варена пченица -500гр. пченица -200гр. ореви -150гр.шеќер -5 Ванилин шеќер -1 лажичка цимет -5 лажици презла Пченицата се мие,и се остава 5 часа во вода.Се прецедува,се мие и се вари 1 час.Во меѓувреме ги сечкаме оревите.Ги мешам обичниот шеќер со ванилиниот,циметот и презлата.Одкако е готова пченицата,прецедуваме и миеме со ладна вода и ја гмечиме со раце.Додаваме оревите и мешавината од шеќер и убаво мешаме.За крај посипуваме мелени ореви.Превкусно е. Колач со модри сливи -3 чаши брашно (200мл.) -околу 1,5 чаша вода -1 лажичка сода -1 лажичка цимет -1 чаша шеќер -1 ванилин шеќер -1 лажица какао -околу 10 сливи,исечени на пола -пола чаша сецкани ореви или лешници Се мешат сите суви состојки и постепено мешајки со дрвена лажица или жица, ја додаваме водата.Количината на водата може да варира,затоа се додава постепено.Тука се бара и малку проценка на смесата од око.Налик густа смеса за палачинки.За оние што се малку понови во кујната,смесата треба да тече бавно од лажицата (не знам баш како вистински да доловам) ..Се истура во калап и се редат сливите одозгоре.Се пече на 200 степени додека се крене тестото и фати убава кафеава боја,некаде околу 20-30 мин..и потоа на 180 се пече до крај ...немам конкретно време за печење,го надгледувам цело време и проверувам со нож во средината дали е испечен колачот.Колачот има ептен убава темно кафеава боја,и од сливите добива толку убава сочност и свежина што неможе човек да познае дека е без масло..пред послужување посипете со шеќер во прав. Од листата на солени јадења,како и сите вас ги правам посното гравче,густа компир манџичка со морков,макало од компир и суви пиперки,погоре го имаше некој споделено рецептот за посни панцероти со соја без масло,многу вкусни.За салатите како дресинг најчесто мешам сенф,лимон,мед,сол и црн бибер. на сето ова ќе ги додам сите врсти на смуди,од кои омилено ми е банана со авокадо,мед,некое суво овошје или јаткасти плодови и млеко од соја,со вкус на ванила..Вкусен извор на енергија,кој ќе ве држи сити најмалку 2 часа ...Измеѓу по некое парче овошје,кафе,чај,омилениот компот од суви сливи и така се поткрепуваме во деновите на пост без масло. Ви посакувам на сите мирен и благословен Велигденски пост
Здраво на сите,како пред почеток на велигденскиот пост да се посоветувам со Вас,дали двопекот е посен или не?
треба да е мислам оти е посен ,барем јас го користам кога не јадам мрсна храна, пападоплус го јадам јас
За ланскиот пост правев печено гравче во рерна. Се вари гравот со морков и кромид. Одкако ке се свари се додава зачин по вкус плус црвен пипер и брашно помешано со вода. Се става бо тавче и се пече. Е сега ме искритикуваа дека за пост гравот бел се јадел. Ваше мислење???