Посни јадења без масло

Дискусија во 'Рецепти' започната од butterfly992, 9 март 2011.

  1. **MajkaE **

    **MajkaE ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Тавчето се обложува со хартија за печење. Нема потреба од масло
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    можело и во кеса за печење. Има доста варијанти само треба човек да прогугла :rofl:
     
    На **MajkaE ** му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.391
    Пол:
    Женски
    Темава одамна не е активна, постам секоја година за Велигден, 2 години по ред без масло, другите години само првата и последната недела без масло, и Среда и Петок.
    Па ме интересира дали само оние маслинки што се црни несолени, ги има во КАМ, се без масло?
    Мене и за другите маслинки ми велеле дека се без масло, дека самите маслинки пуштале, ама сепак не сум купувала други маслинки, освен тие црните.
     
  4. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.388
    Пол:
    Женски
    Како ја правите салатата за време на пости без масло? Сакам да постам за Велигден. Па гледам некои рецепти така ако може да споделете за салата. Дали можам да ставам оцет во салата или не ? И да прашам дали можам да јадам путер од кикирки?
     
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.827
    Пол:
    Машки
    Со таан може да ја правиш. Оцетот е посен без масло.
     
  6. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.388
    Пол:
    Женски
    Дали кокосова маст се смета за масло и мрсно или како растително ?
     
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.169
    Допаѓања:
    9.469
    Пол:
    Женски
    Немојте да претерувате за храната пошто не е толку битна. Зборнете си со поп, најубаво ќе ве насочи како правилно да постите.
    Храната не е мерило за верата, од срце ви посакувам душата да ви е мирна за време на постот, да не бидете во искушенија од околината.
    Имајте мирен и благословен пост.
     
    На kikin, MeowMeow, Didajo и 7 други им се допаѓа ова.
  8. snowgirl_10

    snowgirl_10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Дали може и какво кафе да се конзумира за време на строгиот пост?
     
  9. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    13.388
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со обично турско кафе денес инаку може и еспресо без млеко.
     
  10. Ане.

    Ане. Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.732
    Здраво, дали какаото е посно? Постам без зејтин но пишува какао путер на пакувањето
     
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.391
    Пол:
    Женски
    Со оцет или лимон и сол.
    Дали сусамот содржи масло?
     
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Женски

    Една лажичка таан со три лажички вода ќе смешаш, т.е. размер 1:3, ќе додадеш сол, црн пипер, друг зачин по желба и вода од пола лимон. И ете ти супер дресинг за било каква салата.
    А ако сакаш по кремаст дресинг, можеш со една шака накиснати индиски ореви, лимон, малце вода, сенф, зачини и да го изблендираш, исто така многу вкусно.
     
    На Navina, simoncelicius, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.391
    Пол:
    Женски
    Ајде предлози за ручек без масло.
    Јас правам гравче со везени пиперки, грашок, компир манџа, динстан ориз, печурки, компири во тавче со зеленчук, манџа зелка, полнети пиперки со ориз и печурки.
     
  14. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.030
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    На оваа страна имаш доста посни рецепти, овие конкретно се без масло:
    https://www.posnajela.rs/posna-jela-na-vodi/

    И на страната на Бигорски има неколку рецепти без масло
    https://bigorski.org.mk/magernica/
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Navina

    Navina Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Какао путерот е од самото какао и иако името му е путер, сепак е посно.

    исто важи и за млечна киселина. Го соджи зборот млечна, но сепак е посно.

    Сепак е масло кога ќе се стопи и затоа во денови на пост без масло, не се користи.
     
    Последна измена од модератор: 26 март 2026
  16. Navina

    Navina Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Посни палачинки со банана и кисела вода

    Состојки:
    • 1 зрела банана
    • 10 лажици брашно
    • Кисела вода или газиран сок (по потреба, околу 200–250 мл)
    • Малку пециво
    • 1 лажица таан
    ‍ Подготовка:
    1. Бананата изгмечете ја добро со вилушка додека да стане мазна смеса.
    2. Додадете го брашното и измешајте.
    3. Постепено додавајте кисела вода додека да добиете смеса со густина слична на класични палачинки.
    4. За поголема густина додадете 1 лажица таан
    5. Загрејте тава нелеплива на средна температура
    6. Истурете мала количина од смесата и печете палачинки од двете страни додека не добијат златна боја.
    7. Повторете додека не ја потрошите целата смеса.

    Посен еурокрем со урми

    Состојки:
    • 20 урми
    • 2 лажици какао
    • 2–3 лажици путер од лешници (или мелени лешници)
    • Малку млака вода (по потреба)
    ‍ Подготовка:
    1. Ако урмите се потврди, потопете ги во млака вода 5–10 минути за да омекнат.
    2. Ставете ги урмите во блендер.
    3. Додадете го какаото и путерот од лешници (или мелените лешници).
    4. Додадете малку млака вода.
    5. Блендирајте додека да добиете мазна и кремаста текстура. По потреба додавајте уште малку вода за полесно блендирање.

    Посни палачинки со ленено семе

    Состојки:
    • 2 лажици ленено семе
    • 6–8 лажици брашно
    • Газиран сок (или кисела вода, по потреба)
    ‍ Подготовка:
    1. Лененото семе ставете го во мал сад и прелијте го со неколку лажици вода. Оставете да отстои околу 10 минути додека да се згусне.
    2. Смесата од ленено семе ќе добие желатинеста текстура – тоа служи како замена за белка од јајце.
    3. Во сад додадете го брашното, па постепено додавајте газиран сок (или кисела вода) и мешајте.
    4. Додадете ја смесата од ленено семе и убаво измешајте додека да добиете мазна смеса за палачинки.
    5. Загрејте тава на средна температура (со малку масло ако е потребно).
    6. Печете палачинки од двете страни додека не станат златни.
     
    Последна измена од модератор: 27 март 2026
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Navina

    Navina Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2024
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Потпечени пица лепчиња
    Состојки:
    • Леб (исечен на парчиња)
    • Кечап
    • Авокадо (смачкано)
    • Тиквичка
    • Печурки
    • Кромид
    • Маслинки
    Начин на подготовка:
    1. Прво го исеков лебот на парчиња за да добијам мали „пица лепчиња“.
    2. На секое парче леб ставив тенок слој кечап како основа.
    3. Потоа врз кечапот ставив смачкано авокадо.
    4. Тиквичката, печурките и кромидот ги исеков на тенки парчиња и ги додадов врз лебот.
    5. На крај додадов и маслинки за подобар вкус.
    6. Ги ставив лепчињата да се печат во рерна неколку минути, додека малку се потпече лебот и зеленчукот омекне.
    7. Кога беа готови, имаа многу пријатен мирис и вкус, особено поради авокадото и свежиот зеленчук.