1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења без масло

Дискусија во 'Рецепти' започната од butterfly992, 9 март 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Воопшто не треба да се користи масло. Па дури ни ајвар не треба да јадеш ( во него има масло).
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  2. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Уште едно прашање,дали не смеам да јадам геврек,перек,леб и се лепчесто и што е многу важно за бисквитите да ми кажете ,затоа што во нив има масло? :D
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ѓеврек ќе јадеш само варен иако велат дека и во него има зејтин демек морало од горе кај сусамот да ставеле малку зејтин, ама јас не верувам во тоа. Леп јади си фала Богу ете со мармалад можеш тоа е барем посно. За бисквитите ќе гледаш на опаковката од што се направени бидејќи постојат и посни и мрсни :)
     
  4. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    п.с. најдете чаша од 250 мл., и користете ја за да ги мерите состојките од рецептот.

    за тестото
    1 1/2 чаша брашно
    1 чаша шеќер
    пола чаша какао
    2 мали лажичиња цимет
    1/4 мало лажиче сол
    1 мало лажиче сода бикарбона
    1 лажица балсамик оцет
    1 ванилин шеќер
    1 и пол чаша ладна вода

    за филот
    2/3 чаша какао
    2/3 чаша шеќер во прав
    пола чаша ладна вода (почнете со помалку вода и додајте ја целата количина од пола чаша ако е потребно)


    Измешајте ги сите суви состојки во голема посуда, додајте го оцетот и водата и измешајте го тестото со обична лажица, ама не го мешајте премногу. Во ред е ако има неколку неизмешани грутки.

    Печете го колачот во загрена рерна на 180 Ц степени.покријте го тавчето со хартија за печење, и печете го околу 40 - 45 минути.

    Во меѓувреме, измешајте ги состојките за филот. Кога колачето ќе биде сосема оладено, намачкајте го со еден слој фил. Уживајте !
     
  5. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Да прашам Палентата е посна(без масло)???
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Ако ја готвиш без масло, да. Самиот прашок за палента не содржи масло :)
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Поубави посни тестенини од тие на Пелафино немам пробано, колку лесен и убав вкус имаат..незаменливи ми станаа и не ми се убави веќе тестенините со јајца.

    Од други посни јадења без масло особено ми се допаѓа хумусот, јас си го ставав како крем намаз на лепче.
    [​IMG]
     
  8. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    Хумусот дома го правиш? Ако може рецепт
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Палента,печени компири,варени компири..
     
    На bubuce и london-girl им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Има на првата страна од темата
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Да дома го правиме, по различен рецепт од погорниот.
    Во блендер се става 300 гр. сварена леблебија (наут), се додаваат ситно исечкани 2-3 чешниња лук, сок од пола лимон, свежи зачини (нане, магданос, копар...(јас ставам копар најчесто)). Се се блендира заедно. На крај се става сенф (а по желба може и таан, сусам..) и сол по вкус и желба.
     
  12. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
  14. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    во право си феминке..заборавив да напоменам дека може да се прави и без масло
     
  15. london-girl

    london-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    56

    Има и посни макарони,само од брашно и вода.
     
  16. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    состојки
    1кг компир
    4моркови
    1 поголемо парче праз
    1 парче целер
    1 пашканат
    2супени лажици вегета
    2супени лажици сол
    црн бибер
    300гр маринирани шампињони

    припрема
    празот се сечка на помали ситни паршиња за да може подобро да се свари.се сечкаат и другите состојки.се се става во да се вари и се зашинува со сол и вагета.откако ќе се свари зеленчукот се става во блендер и се пасира како каша.откако ќе се испасира се враќа во тенџерето се додава уште малку вода(зависи каква густина сакате да добиете) и се остава да зоврие.на крај се ставаат и шампињоните и тие да се сварат и да го добијат вкусот на чорбата.
    може да зачините по вкус или ако немате блендер сето ова поситно да го исечкате.
     
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Плескавици од печурки

    200 гр праз
    400 гр шампињони
    230 мл вода
    3 чешниња лук
    3 лажици мелени ореви
    6 лажици лебни трошки
    1 компир
    сода бикарбона
    сол,бегета,бибер (зачини по вкус кој што љуби :) )


    Празот се сецка на ситни крукчиња и се става во претходно загреана тава цо сол. Се динста додека убаво не пушти вода ( ако сте скептици и ви се брза може да стаите капка вода за да не ви лепи) .Печурките ситно се сецкаат и се додаваат во празот и на тивко крчкаат,потоа се додаба ситно сецканото лукче мелените ореви и на крај се додава одата постепено и се мешаат додека смесата не се соедини. Кога смесата ќе биде готоа се додава компирот кој претходно сте го изрендале, прстофат сода бикарбона,сол,бибер,вегета и зачини по вкус. Сето тоа се проварува уште 10 мин и потоа се додаа пола од лебните трошки. Се става во блендер се да се иситни,одкога ке биде готово се додава преостанатата презла за да може да ги обликувате во плескавици. Се редат на хартија за печење и се оставаат во рерна на 220C степени 15 мин
     
    На Libera, Serafima и sunfemina им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Медено срце (без масло)

    Потребно:2 чаши( од 250мл) шеќер, 2,5 чаши минерална газирана вода, 3,5 чаши брашно, 1 пак. прашок за пециво, 1, 5 малечка лаж. цимет (по вкус може и 2 полни), 1, 5 малечка лаж. сода бикарбона, 3 лаж мармалад (независно кој) + 3 лаж. за премачкување.
    Глазура: 100 мл. вода, 100 гр. шеќер, 1 пак. ванила шеќер, 2 лаж. какао.
    Подготовка: Сите состојки за тестото се мешаат со лажица и потоа се става во плех бр. 30 кој е само набрашнет (јас користев четириаголен плех, кој е тефлонски и затоа не ми се залепи воопшто ). Потоа се става во загреана рерна на 250 степени и се остава 5-10 мин. колку убаво да крене. Откако крене тортата се намалува на 180 степени и се пече околу 35 минути.
    Кога се испече уште врела се премачкува со мармалад и се става да излади целосно. Се сече и потоа се прелева со глазурата. Тортата ладна, а глазурата топла.
    За глазурата: Прво се става водата и шеќерот да зовријат, па на крај се додава какаото.

    Еве како изгледа :) .


    Моите импресии од оваа торта се големи. Со оглед на тоа што е посна, па и без воопшто масло, тортата е претерано мека и сочна. Иста и останува и дури ако постои 2-3 денови.
     

    Прикачени фајлови:

    На marchi-cool, Mishela, Silver.E и 6 други им се допаѓа ова.
  19. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    ммммм морам да ја направам денес бидејки постам а денес е бас без масло сигурно е вкусна
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Еве усте еден рецепт за заблажување :)

    Банана бисквити со вода
    2 зрели банани
    200гр кристал шеќер
    270гр брашно
    50гр мелени ореви
    2 супени лажици мед
    1 прашок за пециво

    Бананата се гмечи на неа се додаваат лашиците мед и шеќерот. Пото содинетата и измешаната смеса се топи на пареа,одкога ќе се растопи се додава прашокот за пециво.Се меша.Одкога смесата ке се олади се додаваат мелените ореви.Со сукалка се се расукува тесто и се вадат со модла по желба форми,се додека не се потроши тестото (може да се адат и со чашка од ракија кој нема модли). Бисквитите се редат на хартија за за печење,се премачкуваат одозгора со вода и се попрскуваат со малку шеќер кристал. Се печат 10 мин во загреана рерна на 180 степени.
     
    На kuc, Serafima и Moira им се допаѓа ова.