1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења без масло

Дискусија во 'Рецепти' започната од butterfly992, 9 март 2011.

  1. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Еве ви уште еден рецепт за медено срце
    1 шолја шеќер
    2 шолји брашно
    1 прашок за пециво
    1 ванила
    3 големи лажици какао
    5 големи лажици мед (или мармалад ама поубаво е со мед)
    1 мала лажичка цимет
    1 шолја вода
    Се ова се меша и се става во плех во кој на долниот дел се става хартија за печење и се пече во загреана рерна на 200 степени. Вкусот е ист како медено срце.
     
  2. barbie28

    barbie28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    76
    еве како сто и кажав вЧера дека ке ја направам и ја направив :D навистина со оглед на тоа сто е посна без масло е неверојатно мека и соЧна,а и мармаладот ми се погоди од сумско овосје мммм прсти да излижес усте еднас благодарам за рецептот
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kamilica

    kamilica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    36
    Полнети тиквици

    Потребно:

    3-4 тиквици
    семки од издлабените тиквици
    30 г кикирики
    1 голем компир
    1 поголема главица кромид
    2 чешниња лук
    сол, бибер, магдонос

    Припрема:

    Во малку вода издинстајте го кромидот,посолен и побиберен.
    Додајте го лукот и динстајте додека се не се издинста.
    Потоа додадете ги семките од тиквиците,кои претходно сте ги издлабиле,кикириките(истолчени) и динстајте 5 минути.
    Потоа, додадете во сето тоа еден изгмечен сварен компир, и сето тоа продинстајте го околу 2-3 минути.
    Тиквиците наполнете ги со оваа смеса и ставајте ги во тепсија претходно облежена со хартија за печење.
    Сето ова печете го во претходно загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.

    Јас ги правев со зејтин и ги печев во вода,наместо на хартија.Вкусни се.
     
  4. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.907
    Пол:
    Женски

    Само што ја направив ( да, во 2 часот по полноќ :lol: ), со мали измени - наместо мармалад, ставив мед, а одозгора ја премачкав со мармалад од кајсии. Уште не стигнав да ја премачкам со глазура, но и вака и повеќе од вкусна. Мека е и конечно најдов нешто што ќе ми ја задоволи потребата за благо, за време на строгиов пост. Мајка ми ми се изнасмеа дека ќе сум правела торта без масло, но со душа чекам да и` ја видам реакцијата кога ќе проба.

    Топло ја препорачувам на сите кои постат. Ти благодарам Серафима за рецептот :) .

    П.С. Не верувам дека кај нас ќе издржи два дена за да и` ја тестираме мекоста :D
     
    На marchi-cool и Serafima им се допаѓа ова.
  5. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Златен компир

    Земате компир го лупите и го сецкате на крукчиња , така исецкан го ставате во тенџере со вода да се повари 10 -тина минути.
    Сварениот компир го ставате во фолија и го печете.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Кнедли од компир на вода

    500 гр брашно
    500 гр компир
    лебни трошки
    сол

    Компирите се варат со лушпа,потоа се лупат па се пасираа и посолуваат по желба.Се замесуваат со брашното,одкога ќе се оформи тесто се расукува кора не многу тенка (обавезно на набрашнета површина расукајте ја кората) потоа се сечат на квадрати и се пуштаат во брела вода.Кога кнедлите ќе испливаат на површина тоа знаши дека се готови.Се валкаат во презла и се служат топли како прилог.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    А компирот го печеш во алуминиумска фолија или во некоја друга?
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сигурно е алуминиумска, најлон би се стопил.
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Алва со бело брашно

    Состојки
    1 кг шеќер
    250 мл вода
    250 гр брашно
    100 гр сецкани ореви или суво грозје
    Подготовка
    Во тенџере се ставаат 6 лажици од килото шеќер, се става на оган да се карамелизира. Потоа се додава водата (внимателно да не испрска) и останатиот шеќер. Убаво се меша додека не се стопат шеќерот и карамелот, се остава да зоврие повремено мешајќи. Откако ќе зоврие се вари 3-4 минути.
    Се трга од оганот и се додава брашното, се меша убаво да се изедначи смесата. Потоа се додаваат сецканите ореви или суво грозје.
    Смесата се истура во калап (30х11) обложен со алуминиумска фолија.
    Оставете ја да се олади и да се стврдне неколку саати. Потоа се сече на правоаголници или коцки и се сервира.
     
    На Mama25, Dinnna, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    На помош нека ни се постите на сите . Еве два мои рецепти :)
    КОЛАЧИ
    200гр мелени ореви
    200гр овесни трици
    5 лажици мед
    2 лажици какао
    2 лажици вода
    Сето ова се меша , ако имате блендер во блендер ако не само промешајте со лажица .
    Се прават мали топчиња како бомбици и во фрижидер да се здрват.
    Превкусни се а и многу здрави за јадење!
    По желба може да додадете во смесата и сецкани желе бомбони или сушено овошје.

    ПЕЧЕН КОМПИР СО СУСАМ
    сварете компири , исечете ги на покрупни парчиња , ставете ги во плех обложен со харија за печење.
    Зачинете ги со мешан зачин по желба, буковка, мелен лук (зачиниве по желба како што си сакате)
    Потоа посипајте сусам , што повеќе тоа подобро
    Оставете да се пече во загреана релна на 200 степени додека да зарумени сусамот
    ммммммммммммххххххххх Пробајте !
     
    На Mama25, Silver.E, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Благи колачи: (ги правам од памет, не ми замерувајте што не пишувам количина):

    -мелени ореви, мелени лешници, мелени посни бисквити (било што имам дома во моментот)
    -мелен шекер, ванилин шекер

    Сето ова го мешам и додавам многу густ шербет (од вода 30% и шекер 70%). По желба додавам топено посно чоколадо во прав/или какао.

    Се меша, се остава да се стегне во калапче, па се сече.

    (По желба се додава цимет, кокос, што било)
     
    На Dinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    250
    гледам пишувате лешници и ореви во рецептиве, па нели тие содржат масло ? :^)
     
  13. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам и како што ме учеле моите
    лешници ореви бадеми и сл не се забранети во пости .
    ако грешам нека ме корегира некој .
     
  14. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Најубав посен десерт без масло ми е пченица варена со шиќер и мелени ореви, а исто и мене ме збунуваат оревите
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Без гајле. Да си јадете и ореви, и лешници, и бадеми, и маслинки (доколку немаат масло во саламурата)....
    Тоа не е забрането.
    Иако имаат масло во себе, тие не се преработени за да им се извади тоа масло. Значи се онакакви какви што се во природата, какви што ги дарил Бог :) .
     
    На marchi-cool, vinozito1, Dinnna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако загледаш така, не јади ни варен ѓеврек, зошто и сусамот има масло (нели постои сусамово масло), не јади кокос, зошто и тоа има масло кокосово масло)..

    Прашајте ги бабите, порано кога правеле посни питулици, палачинки, за да не ги прават на масло, ставале сецкани ореви, ја триеле тавата со оревите, да ја замрсат од самото масло во оревите.
    Значи оправдано е да се јадат ореви.
     
  17. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Малини

    Состојки
    200 гр кокос
    200 гр локум
    150 гр шеќер во прав
    1 лимон
    1 екстракт од малина
    Подготовка
    Кокосот, шеќерот и локумот добро се месат со додавање на лимоновиот сок.
    Се додаваат бојата и екстрактот и се обликуваат малините и се валаат во шеќер кристал.
    Од зелената боја се сечат триаголничиња, како емитација за ливчиња и се ставаат горе со помош на чечкалица.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Денес експериментирав по дома и да ви кажам што излезе од експериментот, паштета :geek: .
    Што си најдов дома, се си ставив, ама искрено убава излезе, не ми се веруваше.
    Еве го и рецептот :) .

    Паштета
    Потребно: 3 компири (средна големина), 1 морков, 1 парче праз ( колку една педа високо), 2 раце сува соја трошки, 100гр. мелени ореви, 2 лаж. сенф, 100мл. соја сос, црн пипер, сол, малку босилек, малку кари.
    Подготовка: Компирите се лупат и се сецкаат на коцкички, морковот исто се чисти и се сецка на парчиња, а исто и празот. Се ставаат во тенџере да се варат. Кога се варени се процедуваат од водата и во истата вода (додека е врела) се става сојата. Кога ќе излади сојата се цеди (стега со рацете), за да нема многу вода.
    Кога ќе излади се’ (компирите, морковите, празот) и сите други наведени состојки се стваат во блендер за убаво да се измиксираат. Можете од наведените состојки нешто да промените во зависност од вкусот.

    * Соја сосот е потполно без масло. Значи може да се употребува и во строг пост. Не е скап, некаде 60 денари, а е 250 мл и го купувам од Кам маркет.
    [​IMG]
    * Наполнив едно пластично (од еурокрем, од 400гр.) и плус 1/2 од другото. Прилично многу излегува :) .
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela, stylishh, Makide и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tweety10Tweety

    Tweety10Tweety Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Да прашам, купив ѓевреци, продавачката рече посни се. Инаку сакам да постам цел пост без масло но гледам на хартијата од ѓевреците мрсни точки... Дали некој знае дали ѓевреците се прават со масло или не?
     
  20. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Геврекот е посен, а мрсните точки ти се од сусамот.... тој си има (природно) масло во себе.
    Без гајле... слободно јади си ;)