Tweety10Tweety , зошто толку строг пост? нема потреба и маслото да го исклучуваш од својата исхрана. за поздравување е самото тоа што си одбрала да постиш цел пост. и слободно јади си ѓевречиња варени, тие ти се најсигурни дека се без масло кога веќе сакаш без масло.
Па не знам, решив за првпат така да пробам колку ќе издржам и засега добро ми оди, само за викенд со масло... ме буни сусамот зошто читав дека е мрсен и од него се прави масло а бидејќи преку недела се пости без масло затоа не знам дали смее да се јаде
Не е мрсен сусамот бидејќи не е преработуван, нема врска тоа што од него се прави масло, маслото си е друга работа... Истото се однесува и за печениот сончоглед, и за оревите, и за маслинките (ако нема додавано масло во саламурата) и за било кое слично растение. Никое растение не е мрсно, доколку не му се додаде масло...
Еве и од мене еден рецепт, кој го најдов на интернет и често си го правам Состојки 1 чаша брашно 1,1/2 чаша шекер 1 чаша гриз 2 лажички пециво 10 јаболки 1 лажица цимет 1 лажица рендана кора од лимон 50 гр. маргарин 1 чаша течност од компот (дуња, праска или кајсија) 1 ванила за посипување шекер во прав ПРИПРЕМА 1. Во излупените и изрендани јаболка додајте 1/2 чаша шекер, ренданата кора од лимот и циметот. Измешајте. 2.Измешајте ги брашното,пецивото, гризот и 1 чаша шекер. 3. Со маргаринот обилно намачкајте ја модлата во која ке печете, - размер 20/30 4. Напчолнете 1 чаша од сувата смеса (брашното, гризот, пецивото и шекерот) и равномерно распоредете по дното на модлата, па врз неа ставете 1 чаша од смесата со јаболката која исто така рамномерно ке ја распоредите, врз јаболката повторно ставете 1 чаша од сувата смеса, над ова исто така повторно 1 чаша од ренданите јаболка и завршувате со нанесување уштге на 1 чаша од сувата смеса. Потребно е сите слоеви да се рамномерно распоредени. 5. Течноста од компотот кој сте го избрале со ванилата ставете го да проврие, па залијте го колачот. 6. Вака спреманиот колач ставете да се пече во предходно загреана рерна на 170 степена околу 50 мин. Ивадете од рерна и оставете го да се олади. 1 чаша = 240 мл. Во рецептот пишува 50г маргарин или масло за подмачкување, и јас исто така постам и минатата недела го правев но не го подмачкав плехот и супер испадна, не се залепи на плехот убаво се вадеше, значи нема проблем слободно можете да го направите без подмачкување на плехот. Еве и слика како изгледа, рецептот ми е од http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE% ... %B0%D1%87/
кога постев минатата година строг пост, не јадев варен ѓеврек, еднаш кога сакав да купам во пекарите ми рекоа дека нема зејтин во ѓеврекот но имало на тавата во која што се пече
^ Само да ја разрешам дилемата на некои членки кои се во недоумица дали ѓеврекот е посен или не.Значи вие нагласете пред да го купите и прашајте дали е посен без зејтин,ако добиете потврден одговор не му се секирајте,зошто има многу пекари каде продаваат ѓевреци варени посни исто и кифли со сусам.Е сега доколку е излажале за пари (денес се е можно ) гревот е нивни не ваш!
Посно благо - кадаиф, може да се јаде и преку недела и за викенд, јас купив готов кадаиф, во составот пишува дека е правен од пченкарно брашно и вода, за шербетот оди 1 л. вода и шеќер 1 кг., но јас ставив 850 гр., да не дојде преблаго... вака спремено може да се јаде и преку недела, а доколку сакате за викенд може и да се додаде една лажица маргарин во шербетот, така пишува на упатството, но јас не ставив за да може да се јаде и преку недела, бидејќи постам без масло... Дали некој од вас си прави кадаиф за време на постот?
Денес некој си немаше работа, па си измислуваше рецепти . Малку посвечен ролат, како за пред гости. Вкусен, сочен, мек како сунгер. И таков останува постојано и откако се олади . Посен пица ролат без масло Потребно: 3 компири, 1кг. брашно, 3 мали лаж. сол, коцка квасец, 2 мали лаж. шеќер, половина мала лаж. сода бикарбона, 1 лаж, прашок за пециво, вода за замесување. Фил: 200гр. маринирани шамињони, 100 гр. маслинки, 1 рака сува соја трошки, 2 стебленца млад кромид, 1 лаж сенф, 3 лаж. кечап, оригано, сол, црн пипер. За премачкување: 1 лаж. сенф и 3 лаж. вода, сусам Подготовка: Компирите се лупат и се сецкаат на коцкички. Се ставаат да се варат, па откако ќе се сварат се пасираат без воопшто вода во нив да се става, само компирот. Сите состојки за тестото се мешаат и се меси тестото. Откако убаво се измеси се остава да нарасне. Во меѓувреме се подготвува филот. Сојата се става во врела вода, па потоа се цеди ( убаво се стиска со раката). Шампињоните, маслинските, кромидот се сецкаат на ситно. Се’ убаво се меша со преостанатите состојки. Кога нарасне тестото се дели на два дела. Се сучи кора, се става кечап, оригано и се става од филот. Се витка ролат и се става во набрашнет плех. Исто и со вториот дел од тестото. Се остава да нарасне, па се пече. Сликче .
Денес го правев овој колач и е многу убав Посно медено срце без масло Состојки За тестото 2 чаши шеќер(од 250мл) 2 и пол чаши минерална вода 3 и пол чаши брашно 1 пакетче прашок за печиво 1 лажичка цимет 1 лажичка сода бикарбона 3 лажици мармалад За премачкување 3 лажици мармалад За глазура 100 мл вода 100гр шеќер 1 пакетче ванилен шеќер 2 лажици какао Подготовка Сите состојки за тестото се месат со лажица и потоа се стават во плех бр.30 кој е само набрашнет. Се пече во загреана фурна на 250° и се остава 5-10 минути колку убаво да крене. Откако крене се намалува на 180° и се пече 35 минути. Кога ќе се испече уште жешка се премачкува со мармалад и се остава да се излади целосно. Се сече и потоа се прелива со глазурата. Тортата ладна, а глазурата топла. За глазурата прво се ставаат водата, шеќерот и ванилниот шеќер да зовријат, па накрај се додава какаото. Јас од тортата се пријатно изненадив, со оглед на тоа сто е посна и без масло е многу сочна и мека. А останаува таква дури и после два три дена Добар апетит Спојлер http://moirecepti.mk/
Изгледа вкусно Ама маслинките не се јадат кога се пости без масло...Маслинките колку што знам се јадат само додека се пости со масло,или па можеби сум грешка?!Нека ме поправи некој доколку е така
Се јадат мила без гајле . Само ќе си видиш на декларацијата дали во саламурата има масло. Инаку сирова маслинка која не е преработена се јаде. Погрешно е сфатено тоа меѓу народот. Нормална работа е за ферментирана маслинка да има масло, зашто тоа масло таа го испушта од себе. Затоа и луѓето од тие прични ја одбегнуваат во постот, од не знаење. Слободно да си јадеш .
Овој рецепт го гледам на емисијата Вкусот на традицијата, мене ми се допадна. Бомбици со портокал Потребно ви е - 1 портокал, - 200 грама сецкани смокви, - 200 грама сецкани ореви - 200 грама шеќер во прав - мелени ореви за валкање на бомбиците Постапката е следната Портокалот убаво измине целиот значи со кора се меле во машина за мелење или во бледнер, потоа се додаваат останатите состојки оревите кои можат пола да ви бидат сецкани пола меленни, исецканите смокви и шеќерот во прав, и се меша смесата со портокаловиот сок од портокалот, потоа се прават бомбиците и на крајот се валкаат со мелени ореви. Пробајте !
Oвие колачи можам да ги јадам кога постам без масло или? Во составот на желето пишува средство за желирање (агар Е 406), што значи е од растително потекло, но дали се без масло локумот и желето не сум баш сигурна, мада мислам дека се, па доколку некој од вас знае да ми одговори? Може ми е глупо прашањево ама кој пита не скита http://www.coolinarika.com/recept/sarene-kosnice/
Најчести средства за желирање се или желатинот или агар-агар или пектин. Агар-агар и пектинот се од растително потекло, додека онаму каде само е наведен желатин се мисли на говедски желатин (овде спаѓаат карамелите што се познати како посни Дамла, а не се) кој се добива од срцевината, коскената срж. Ова барем го учев, ако не другото . Тие на Европа мислам дека имаа во составот агар-агар, затоа се посни .