Така нека биде Иако знам дека оние желе бомбони кои се правени од растителен желатин или агар агар,можат да се препловат со прсти,оние со животински желатин се тегнат и се помеки.Инаку мислам дека јадењето на желе бомбони не може да е толкав грев.
Еве ви уште едно рецептче за нешто благичко. Знаете, кога си нема некој работа, па така да си го искористи малку мозокот . Урма штангли Потребно: 250 гр. сец. урми, 100гр. мелени ореви, 100 гр. мелени пченкарни снегулки (корнфлекс од Виталија), 200гр. локум, рендана кора од портокал. Спојлер Подготовка: Се убаво се измесува и се сучи кора. Се сечат или се обликуваат како бобици, по вкус . Можеби вака скромно делуваат, ама од срце ви ги препорачувам. И јас се изненадив на вкусот .
дали крем бананките на SL се посни. гледам на нив пишува агар-агар, желатин, лимонска киселина, арома банана, белка во прав(0,1%). се мислам заради тоа што пишува белка во прав. ај некој ако може нека ми одговори побргу. фала
Дали можеби знаете некој сос за тестенини што е без масло, бидејќи постам без масло па се мислев да направам за ручек тестенини посни со сос некој само ми треба да е без масло и по можност да е со убав вкус И јас исто јадев се додека не прочитав дека е од животинско потекло желатинот... се е тоа од незнаење... се надевам не е голем грев
Ние го правиме овој сос најчесто, зашто може и без масло. Многу е убав и навистина ти го препорачувам . И уште една варијанта. Околу 100 гр. мелени ореви, малку лук (колку за вкус), се тоа се меша со варените тестенини. На крај можеш да си го комбинираш со соја сос и со кечап за да го збогатиш вкусот. Преубаво . За желатинот... Да бидете без гајле, зашто тоа е од не знаење и не е намерно и не е свесно направено тоа. Ќе се исповедате и готово .
Мексикански тортички Состојки 1 и 1/2 чаша брашно 1 чаша шеќер (полна) 1 чаша какао 1 лажиче сода 2 лажички цимет прстофат сол 2 лажици ванила екстракт 1 лажица балсамико 1/4 лажиче чили во прав 1 и 1/2 чаша вода Дополнителни состојки 100 гр. ситно сецкани лешници 1 мало пакување инстант кафе (2гр.) 2 лажици рум За прелив 2/3 чаша шеќер 1/2 чаша какао 1/2 чаша вода Подготовка 1. Сувите состојки ги додавате во сад и мешате убаво да се соединат. Потоа го додавате румот (или ванилата), водата и балсамико оцетот. Мешате убаво за да се добие компактна смеса и готови сме. 2. Можете да ставите во плехче и да испадне колач или во модлички. Модличките не се премачкани со ништо и се полнат до половина. Се ставаат да се печат во претходно загреана рерна на 220С, а кога ќе ги ставите ја намалувате на 200С. Во завиност од рерната се печат 15тина минути (ќе проверите со чепкалка дали се готови). 3. За преливот во сад на оган ги ставате какаото и шеќерот и 3-4 лажици од водата. Кога ќе се растопи и згусти постепено ќе ја додавате водата. 4. Скоро изладените тортички со лажица убаво ги преливате со сирупот и оставате да се изладат. Извор: http://moirecepti.mk/post/мексикански-тортички-посни-без-масло#_=_
пробајте да јадите само леп и кечап , знам дека многу луге не се имаат осудено да пробаат ама верувајте многу е вкусно за тврдите гумени бомбони и не знам баш дал се мрсни или посни а на оние што се тегнат шо ги викаат Marshmallow имам читано состав и пишува дека содржат нешто од свинско потекло( што автоматски значи дека се мрсни) а и ако сите мислат дека крембананите се посни тоа нее точно содржат белка од јајце ,а и посниот кашкавал не е посен содржи млечни масти!!
Јас сум во потрага по тесто за пица без растително масло И којзнае дали воопшто ќе најдам такво, ама татко ми ми вети дека во понеделник ќе побара низ сите големи маркети. Мајка ми ме снабди со неколку тегли од Дием, од кои едната е доматно пире. Па планирав да си направам пица со пирето, да ставам сецкани маслинки, сецкани печурки, сусам и оригано.
Слободно да си ги јадеш дури и во строг пост кога се пости без масло . Би те посоветувала мила да се потрудиш и да си направиш дома. Тоа ти е најприфатливата варијанта, зашто од тоа што сама ќе си го направиш дома и што ќе знаеш што ќе си ставиш, нема подобро . Рецепт кој би можела да ти го препорачам е тестото од пица ролатот. Ќе ти биде многу меко и откако го испечеш.
Kолку да ве информирам Сојата која е најупотребувана во исхраната за време на постите сериозно му се заканува на нашето здравје. Прочитајте колку е штетна Сојата по нашето здравје во долу наведениов линк: http://sitel.com.mk/sojata-opasna-po-zdravjeto
Денес си направив посни шпагети без зејтин. Доста беа вкусни баш поради сосот кој го ставив брз нив. Мојот сос беше мешавина од лут кечап, кари зачин, сол, неколку зрна грашок и неколку парчиња печурки од тегла (+сосема малку водичка од печурките во тегла). Сосот малку го држев на топла плоча за да закрчка а потоа го испомешав со шпагетите. Ммм.
Na sokovite od sano pisuva deka sodrzat rastitelno maslo? kako moze sok da e so maslo ne rabiram. inache postam za pricesna ako moze nekoj da mi kaze dali sokot mozno e da e so maslo?
Јас немам забележано ниеден сок до сега со масло во составот , но тој Сано не сум го земала никогаш и не знам..навистина чудно. Има многу други различни сокови така да можеш да направиш сигурен избор или најдобро ако можеш домашен да си спремаш.