Здр девојки,сакам да прашам дали алвата е мрсна т.е дали содржи масло и дали може да се јадат работи како растително сирење, растителен кашкавал и др позз фала
Да алвата содржи масло барем до сега што сум купувала во сите содржеше,а за растителните кашкавал и сирење јас додека постам не ги ја дадам не верувам дека се комплетно растителни.Не ми смета,можам да издржам и без нив.Тоа е мое мислење,ти си одлучи .Има некои што јадат.
Таан алвата е без масло. Растителното сирење и кашкавал најчесто содржат казеин - млечен протеин, така да тие се мрсни.
Мене најбрза варијанта ми е оваа - во мал сад мешам доматно пире, сецкани маслинки и печурки и сусам. Земам две лепчиња, ги премачкувам со смесата, а одозгора им наросувам оригано. Ги ставам во рерна малку да се потпечат и готово. Мене многу ми се вкусни и крцкави. Моиве дома готват и грав и леќа без масло, ама јас не можам да ги јадам, па ова ми е варијанта. Од ДиЕм се снабдувам со џем и слатко од јагоди, а од Веро со доматно пире (тоа од ДиЕм не ми е баш вкусно). Инаку, во Жито Леб имаат некоја акција, со купување на едно „варено” геврече, добиваш две.
Коркут чорба : Се вари вода со праз, пиперки црвени 3,4 , моркови, коприва, целер, златна мешавина (може и царска со карфиол брокула) Се мати брашно да дојде како пудинг, се турива во смесата и да вари повеќе време околу час, час и пол на тивко и после се ваѓаат пиперките, се гмечат, без лушпа, и се враќаат пак во тенцерето, отприлика, пола филџан ориз, да повари сето тоа, сол по желба.... и наздравје!!! Певкуснно , прездраво, и посно без масло. Може да ставете и суви сливи по желба за љубителите на покиселкаст вкус, како мене
Јас постам без масло за да се причестам несакам да се жалам далеку од тоа но постојано гладна сум гледам некој јадат маслинки,па нели и тие се мрснички во вода со масло седат колку што знам работата е што оваа недела се пости BEZ MASLO сакам да прашам дали посните макарони можам да ги јадам? Инаку јадам варени компирчиња со сол и црна бибер,и пиперчиња со сол само и салати со киселина и сол и густи сокој пијам и то е то...
Миме можеш да јадеш маслинки ако се од саламура без масло, а мислам дека повеќето се. Нема врска тоа што се мрсни на вкус и на допир.
Па дома имам од тие на вагање што се мрсни вака ми се гледат ми е страв да не згрешам незнам само дали од посните макарони ќе можам да јадам и дали и тие содржат масло...
За макароните не знам да ти кажам, не пишува ли во составот? а маслинките, повеќето се чуваат во вода и сол ако не грешам, маслото си го пуштаат тие, значи не е вештачки добиено и можеш да ги јадеш. Ама ако се грижиш да не згрешиш и ако се сомневаш дека се чувани во масло, тогаш немој.
во последно време некои во пост јадат бајадери и крем банани. Според мене овие продукти содржат млечни траги, така да не сум баш сигурна дека се посни. Ваше мислење?
Миме, ако ти е шубе да ги јадеш тие што веќе ги имаш дома, тогаш купи нови и ќе му напоменеш на продавачот да бидат без масло. Во некои солила ставаат и малку маслиново масло, ама има и такви без. Ти гарантирам за тоа, ние секоја година за постите купуваме такви.
Јас вчера направив шпагети со лут сос. Во лут кечап додадов сол, кари, оригано и ситно сецкани маслинки. Сакав и печурки да ставам, ама се предомислив. Не очекував дека ќе ми бидат толку вкусни
Девојки како оди постот ? Јас не сум воопшто гладна. За сите што незнаат овој пост понеделник, среда и петок се без масло, вторник и четврток со масло а сабота и недела може и риба. Ај да дефинираме крајно. Крем банани мрсни се ? А таан алва ? Сигурно е без масло ? Какаото наводно содржи млеко во прав, вчера си каснав колачки од Дониа ( чајни, повеќе видови ) и на нив пишуваше дека имаат какао прелив (12% какао). Се омрсив ? Се надевам не Денес јадевме посен гулаш без масло, сличен по содржина на сосот напишан малку погоре. Во комбинација со посни тестенини е многу вкусно.
Лесен пост на сите кои го започнаа постот. Мила XstrongerX, крем бананите се мрсни (имаат белка), таан алвата е посна (скоро секоја, освен ако нема наведено како инфо алерген дека содржи некои млечни материи, но во суштина, оргиналниот рецепт секоја фирма по кој што се придржува е онаа посната варијанта), какаото како какао не е мрсно. КОга сме кај колачите на Дониа, повеќето се посни, но за секој случај прочитај си на декларацијата. По она што го наведе (освен ако си јадела крем банани ), сигурно не си се омрсила .
Ми поминало времето за редктирање (ако може модераторката нека си состави двата поста). Денес на мени нешто благичко што го пронајдов на интернет, гриз пена. Потребно: 4 шољи вода ( за кафе и со истата се мери се) 1,5-2 шољи шеќер (по вкус, јас ставив две и беше преблаго ) 1 шоља гриз + 1 шоља вода 2 кесички ванила шеќер, цимет или какао по вкус (јас ставив какао) Подготовка: Водата со шеќерот се остава да зоврие неколку минутки. Во друг сад се мешаат гризот и водата, да се измеша како каша. Во зовриената вода и шеќер, се додава кашата од гриз и се остава само 1-2 минутки (ништо повеќе), колку да се загрее и малку да набабри гризот (ако го оставите повеќе, нем ада ви се избие како пена). Се трга од оган и се додава ванила шеќерот. Потоа се миксира константно 10-15 минути да стане како пена. Се тура во чаши кои претходно се навлажнети ( од оваа мера излегуваат околу 6 чаши ). Една лажица гриз пена, па се става какао или цимет по вкус, па повторно гриз пена.
јас вчера си направив вкусна крем чорба без зејтин, во вода ставив ситно исечкани печурки, ситно исечкан морков и ситно исечкан компир (на коцкички) излупив една тиквичка и ја малку подварив, за да омекне, а потоаја измиксирав во блендер и ја додадов кашата во тенџерето со останатиот зеленчук. Додадов вегета. Кога зеленчукот се свари, ставив една лажица брашно растворено со малку вода, и оставив да поврие уште 5 минути. Одозгора ставете ситно исечкан магданос, црн бибер и сок од лимон... превкусно! Е сега, незнам може јас направив грешка, дека во крем чорбите се става млеко, јас ставив една лажица соино млеко во прав, обично, на декларацијата читав дали е посно, пишува 100% растително, ама незнам дали има зејтин или растителни масла?Може и да не го ставате, јас мислам дека не е мрсно и не се омрсив ако знае некој поточно нека пише,баш ме интересира Го дознав и тоа дека ако пишува дека производот содржи растителна маст не е мрсно и може да се јаде кога се пости без зејтин, затоа што таа растителна маст ја има секаде, е составен делод самото растение, за разлика од растителното масло што е веќе производ е сега уште тоа во врска со производите каде што пишува дека можни се трагови од млеко и јајца, значи тие производи не содржат во составот ниту млеко ниту јајце, на нив дури и писува ПОСНО, ама позади на некои од нив, во случајот на велнес житариците убаво си пишува и ми разјасни некои недоумици. Значи пишува: производот може да содржи млеко или јајца во прав, не затоа што ги има во составот, туку затоа што поминуваат низ изта лента каде што претходно поминале други производи кои во составот имаат јајца или млеко. чисто за информација поздрав и лесен пост на оние кои постат, јас денес ке си јадам гравче, а ако знае некој за соиното млеко во прав нека пише
Женчиња, на Серафима и го испратив рецептот, многу убав и вкусен колач без масло, не е чоколаден а има подобар вкус и од чоколаден колач. http://skopjevegefest2012.wordpress.com/2012/10/05/posno-meksikansko-kolace/ На здравје!