1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења без масло

Дискусија во 'Рецепти' започната од butterfly992, 9 март 2011.

  1. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Kje bidam of topik Ama da prasham za Koj praznik e posti Sega Kolku trae do Koga trae?? Tuka nemam pravolavno kalendarche za da sledam se.izvinete za latinicata od telefon sum.
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034


    сЕ ПОСТИ за ПЕТРОДВДЕН А ТРАЈ ДО 12 ЈУЛИ :D :D
     
    На Viktorii4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    СВЕТОГОРКИ КОЛАЧ

    10 лож.шеќер
    6 лож.мармалад
    250 мл.млака вода
    1 кесичка цимет
    кора од лимон
    кора од портокал + сок од портокалот
    100 г суво гројзе
    500 г брашно
    1 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка пециво


    Шеќерот и мармаладот се матат за да се добие хомогена смеса.
    Смесата се разредува потоа со млака вода и се додава цимет, кора од лимон од портокал , сокот од портокал , суво гројзе и полека со мешање со лажица се додава брашното измешано со сода бикарбона и пециво.

    Кога ќе се стави смесата во тава за печење со мокра рака се изедначува смесата.

    Се пече на умерена температура (зависно од шпоретот) .

    Испечен додека сеуште е топол се премачкува со мармалад па се посолува со шеќер во прав.
     
    На peperutka87, Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  4. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Слабо имам друштво на форумов за постење :doh: .

    Девојки дајте некој предлог солено јадење кое може да помине како ручек, се благо се врти.

    Денес ние имавме посно гравче. Со сува пиперка и пасиран компир како замена за запршка. Вечера беа посни тестенини со сос од лут кечап, оригано, маслинки и малку лук. Може да се додадат печурки, препорачувам.
    Утре е ден за риба :)

    Веќе се навикнав на посната храна, воопшто не ми паѓа тешко постењето.
     
    На galapce и Serafima им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    А да направиш некоја комбинација на посни тестенини со риба и зеленчукова салата. Таман и ќе те освежи на жештиниве. А мене од посново најмногу ме најадуваат компири, сеа варени или како посно пире небитно. Од мое искуство, избегнувај луто, уште повеќе отвора апетит. :) И онака храната која се јаде периодов е лесна.

    Исто така, риба супер ми оди со салата со компир варен и кромид.
     
    На Serafima и XstrongerX им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Знам, дека Теси не мислеше на јдење риба во време на пост без масло, но да си напишам. :) Постои погрешно мислење дека варена/печена риба може да се јаде кога се пости без масло. Тоа мислење е погрешно. Кога се пости без масло не се јаде ни риба, ни мекотели. Мекотели се јадат само во деновите кога се јаде масло. Рибата е „помрсна“ и од маслото.
     
    На peperutka87, tessie, XstrongerX и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    ^ Не сум знаела за ова, искрено. Секој ден, нова ука. :)

    Благодарам Ортофил што редовно ме исправаш, искрено се интересирам да научам да постапувам како што треба.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Знам дека ќе сум оф,ама мора да си кажам.Не се пости ама немав буквално ништо од што да склепам нешто благо.Го направив точно по мерка...и не ми се допадна.Молчев си велам ај можеби само мене не ми се допаѓа,ама гледам и децава се мрштат.
    Можеби само вкусови се во прашање ?
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    ^ Кај нас пак на сите им се допадна :) . Се погоди и во мекоста (бидејќи е без масло) и беше како сунгер, а најмногу ни се допадна што не изгуби воопшто од свежината и после неколку денови.
    Сигурно е прашање на вкусови. Додуша имаше и мала промена, па можеби и тука се погоди нешто. Половина од циметот го заменив со каранфилче и излезе потполно како оргинален рецепт на медено срце. Му фалеше само мармалад, за да биде автентично на оргиналниот рецепт за медено срце.
    Од нас има 5че рецептчето :) .
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и оцетот игра голема улога, јас го имам правено со обичен оцет и не беше тоа тоа, балсамико си е балсамико. А и да, вкусови се во прашање. Мене еднаш два пати ми се нема погодено, ама обично нешто сум утнувала, или тавчето, ако е претенко е суво, или ете балсамикото, но воглавно е супер ;)
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Го правев со балзамико оцет.Јас дури и дупла доза направив,зашто моиве се по благо многу.
    Нејсе,нема да го правам повторно.
    И Серафима е во право ,вкусови се во прашање. :up:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Паштета од ореви


    Состојки
    -4-5 компира
    -250 грама мелени ореви
    -1-2 лажици доматно пире

    Се вари компир како за пире,се исцедува водата (но не се фрла да не притреба понатака да се додаде).
    Се пасира компирот и се додаваат оревите ,доматно пире,сол, бибер,кромид и лук. Сето тоа се блендира.
    Кој не сака доматно пире слободно може да го отфрли.
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e, Victorian, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Serafima, обавезно ќе ги направам, не се сомневам во вкусот, само да те прашам од каде ги набави белите цветчиња над бомбиците? :)

    Да не бидам надвор од темата, иако без слика, ќе ги напишам моите омилени бомбици и благо периодов.
    Потребно е :
    -варена пченица;
    -суви урми, кајсии, смокви;
    -2 лажици посни мелени бисквити;
    -2 лажици мед;
    -малку мелени ореви;
    -за валкање кокос.
    Варената пченица, сувото овошје, мелените ореви и бисквити се ставаат во блендер. Откако ќе се сомелат и соединат, се мешаат со мед. По желба се додава и кокос. Се формираат бомбици кои се валкаат во мелени ореви или кокос.
    ПС. Немам прецизна количина од продуктите, ставам од око и по мој вкус, да биде балансирано.
    Здрава ужинка и десерт. :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Не ја разлистав темава за убаво да видам:$дали некоја го има пишано истиот рецепт, а можда и сличен. Веќе неколку пати и јас правам посен колач без масло, кој моиве дома за една минута го растргнуваат, многу е брз и многу вкусен:wasntme:

    Потребно е:
    10 слободни минути:lol:
    2 чаши газирана вода
    2 чаши шеќер
    5 лажици мармалад
    1 портокал(или кора од лимон), кората се ренда, сокот може да се исцеди во смесата
    Се додаваат 3 чаши брашно
    1 лажиче сода бикарбона
    1 лажиче пециво(ова јас си го додавам зашто поубаво ми збувнува тестото)
    2-3 лажици сецкани(или мелени) ореви
    1-2 лажици какао
    Најпрво се растопува со мешање шеќерот во водата, па мармаладот, настрана ги мешам брашното, пецивото, содата и какаото, и ги додавам со мешање во течноста, на крај ги ставам оревите, ќе дојде средно густа смеса, и се тура во помало тепсивче, отприлика 26ка или 28ка. Се печи некаде 15тина минути, се познава, одма замирисува и се одделува од работ штом е готово.
    Е сега јас одозгора го полевам со стопено посно чоколадо, ама тоа е прашање на избор, јас го направив и за славата и верувајте оти не остана ни едно парченце, зашто ептен беше сунѓересто и вкусно иако е тортуле без масло.:angel:Слики следен пат, ако стасам да го сликам:wasntme:
     
    На Mama25, Annath и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Здраво на сите :) Оваа нова година е во среда а бидејќи во среда не се јаде масло во овој пост размислувам што да зготвам како главно јадење. Дали вие имате некоја идеа?
     
  16. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Prochitav pogore ribata bila mrsna.a tunata vo voda? Vidov Negde deka mozhe da Se jade.
     
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    I tunata e riba,sto znaci go imas odgovorot.A uste poubavo obrazlozeno ima vo temata Post.
     
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Posnoto gravce mesto zaprska so kompiri nozes direktno so pasiran grav.Jas taka go zaprzuvam i koga ne postime.Toa mi e samena za brasnoto.
    Inace za rucek ako e za so zejtin mozes selsko od soja so suvi piperki..Ili bilo kakva kombinacija od soja.
     
  19. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    кечапот купечки без масло е?
    во содржина не пишува масло..
    незнам дали може да се јаде?
    А и макароните од Santela ?
     
  20. antoboj

    antoboj Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    da prasam ne se lepi na tavata???? neli e bez maslo?