Нека ми објасни некој како овие медењаци се посни: " Содржи делови од млеко, лешник и јајца " И после зошто по 5 пати читам состојки пред да јадам нешто Ќе верувам дека е посно само ако дома си го направам!!!
@jasmina00 За кој меденјаци станува збор ?? Леле јас воопшто не сум прочита од назад гледам пишува посно и земам Сеа ме исплаши
Ако пишува дека може да содржи траги од млеко, јајца и сл., значи дека се подготвувани во садови во кои претходно имало млеко, јајца и сл. Ова „може да содржи“ се пишува за оние кои се алергични на можните состојки. Производите кои „може да содржат“ - најчесто не содржат или ако содржат тоа се некои забаталени молекули. Да не претеруваме.
Во ред, јасно е дека тоа “може да содржи“ означува дека се подготвувани во истите садови. Дали тоа значи дека не ги мијат садовите добро? ))) да се насмееме малку Но нигде не изначува дека се однесува на алергичните јас која сум фанатик за благо, кога постам ке каснам алва или нешто дома сама ќе спремам, но посно јадење не купувам. Мој личен став
Spored mene za vreme na posti najdobro e da si podgotvuvate doma. Znaes koj sostojki gi stavas i dali istite se posni ili mrsni. Voopsto ne e problem dali se posti bez maslo ili so maslo bidejki ima golem izbor na recepti po internet i moze da se eksperimentira..
Sarma, riba, posna majonez salata, kompir salata, mesana salata,.. http://moirecepti.mk/post/посни-бомбици http://moirecepti.mk/post/посни-рум-пралини http://moirecepti.mk/post/посни-кроасани
Која салата би била поубава и "поосвежителна"? 1. Комплет за руска ( морков, компир, грашок)+пченка+ кисели краставички+ евентуално малку посен кашкавал+ мајонез; 2. Посни ситни макарони ( кои патем не знам кои се посни)+ печурки+ кашкавал + комплет за руска+ мајонез. ????
Првата. Ко некој што само посна храна јаде, секогаш прво би се фатила за првата, отколку таа со макарони. Ама може да е до вкусови
Посниот кашкавал (без казеин) е како сапунче... Другиот “посен“ кашкавал не е посен, туку со млечен протеин казеин. Гласам за првата.
Без, скроз посен Обавезно да пробаш, има неколку различни врсти. Омилен ми е најобичниот, а и има и вкусни посни намази.
може не е за тука ова ама да си кажам. Јас кога постам не користам растителна паштета, посен кашкавал соино млеко и слични замени т.е. јадења кои воопшто не ги ни јадете кога не постите. Смислата на постот е освен прочистувањето , туку и да се лишиш од некој вид на храна, ако користиш за замена за храна џабе постиш. Кога постам ги правам истите јадења што обично ги правам само место месо и јајца ставам зеленчук. Ориз најчесто печен се зеленчук, ако е зимски пост може и риба. Секакви манџи без месо јадам, крокети и пире од компир, грав , црвена леќа, моркови .... буквално се што ке ми текне. Палента (пченкарно брашно) исто ме заситува многу. Спектарот на посни јадења е огромен, па ке најдете интересни рецепти не само во нашата туку и во други кујни. ете фалафел бомбици на пример се посни. од благо, само таа медената торта ја правам.