Па исто како што се прави обична само место месо ставам соја и ориз. значи ред компири ред соја и ориз и пак ред компири. Е бидејки не ставам млеко и јајца ни кашкавали (дури ни растителем) нема нешто да ја врзува и малку порастресена е
Од манџи: грашок, боранија, грав, компир. Останато: пире, сарма со соја, зеленчук на пареа, шпагети и макарони со кечап, мајонез од бадеми, ориз, пржени шампињони, растурена сарма со зелка од расолница, печен компир, тавче-гравче со сува пиперка... Смути со различни видови овошје и млеко од бадеми.
Плескавици од црвен грав Се вари гравот па се меле, се ренда едно цвекло (ова на пола кг грав), одделно малце под пареа или на масло се запржува кромид ситно исецкан, лук, зачини, магдонос, и после се става во смесата со грав и цвекло. Одделно со малку вода измати 1 лажица мелено ленено семе, за соединување место јајца. Нека постои некоја минута и додај го во смесата. На крај додај лебни трошки по потреба. После ова пржи или печи, убаво ќе излезе во секој случај. Плескавици со тиквички и морков Изрендај ги тиквичките (за двајца околу пола кг е повеќе од доволно) и после изцеди ја водата убаво. Морковот исто така изрендај го. Направи смеса од вода и ленено семе за соединување и тоа додај. После на крај ставам зачини и лебни трошки по потреба. Вака можеш до бескрај. На основа на ова правев и со леќа, со зелка, со компири, со нут.
Немај гајле Не значи дека чипсот содржи млеко(чипс со млеко?) Веројатно пишува дека може да содржи траги од млеко, јајца и сл. Тоа значи дека производот е приготвуван во садови во кои претходно се приготвувани т,н непосни јадење,а не дека истиот содржи млеко или јајца.
Има некој прашано поп околу делот "може да содржи траги од млеко"? Чисто од љубопитност, без убедувања од народ тука. Дебатираме со комшика
Дали производите на кои пишува може да содржи траги од млеко.... се мрсни или пишува заради заштита од евентуални тужби при алергии па се посни?
Незнам дали веќе некој има постирано рецепт за варено печени компири со рузмарин, црвен/ чили пипер и лукче. Дефинитивно мора да се проба. Рецептот е под наслов:
Феминки, што би ми предложиле да јадам за време на пост? Некој десерт, манџа без млеко и млечни производи, јајца и еден рецепт акокако сакате да кажете без зејтин
https://www.posnajela.rs/posna-jela-na-vodi/ Овие ти се без зејтин, а на страната имаш и рецепти со зејтин и со риба и морска храна
Ti blagodaram mnogu, no za ovoj recept osven banani sakash li neshto drugo da mi predlozhis? https://www.posnajela.rs/2017/01/posna-kasa-sa-pirincanim-mlekom/
Бидејќи вие ми дадовте линк за посни рецепти, би ве прашала што да јадам во замена за банана? Не можам да јадам банана, бидејќи сум алергична на банана .