1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. Nebitno21

    Nebitno21 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    47
    Кое овошје би ми го предложила? :)
     
  2. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    943
    Пол:
    Женски
    Конкретно во тој рецеп јас би ја заменила бананата со јаболко, праска, јагоди, малини итн итн
    Буквално можеш да ја замениш со што сакаш по вкус :D
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nebitno21

    Nebitno21 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    47
    Ти благодарам :)
     
    На VictoriaSan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Теорија нема кашкавал да е посен бидејќи и тој се прави во сириште заедно со мрсниот.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m.bt23

    m.bt23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Дали кога се пости, не за причесна туку онака на пример во петок смее да се пие алкохол?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Кога постиме без масло и алкохолот не е дозволен.
    Инаку зависи колку. :) Една чаша е во ред, ама повеќе, не е.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Девојки дали можам некаде да најдам соја? Знам дека ја тргнаа од продажба таа на виталиа, но не можам ниедна да најдам. :?:



    Тоа може да содржи е бидејќи во исти садови/машини се прават и мрсни производи, а производителот мора да го напише во состав, бидејќи најчесто тоа се алергени.
    Во однос на оваа тема, мојот духовник вели дека не смее да се јадат такви продукти, тоа е исто во зејтин во кој претходно се пржело месо да испржиш пиперки и да речиш дека јадиш посни пиперки.
    Не знам за другите, ама откако ми рече така, многу внимавам и не јадам такви производи.
    Исто и за 'посниот кашкавал'. Содржи казеин, а тоа е протеин што го има исклучиво само во млекото и никаде на друго место.
    За замена, тофу.
     
    На Marina*F му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Ај види во Дм. Како да сум видела кај здрава храна. Ама не ме држи за збор.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    На jok и srekice им се допаѓа ова.
  11. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Јас па попрво би јадела нешто каде што пишува "содржи траги од млеко" отколку Тофу како замена за сирење. Која е финтата на постењето ако користиш замени како тофу, растителен кашкавал, растителен мајонез, веге шницли... Од што си се откажал? Од еден додаток во рецептурата.

    Прехранбен технолог сум и знам што значи "траги од млеко", машините се чистат меѓу два производи но полесно ни е да декларираме траги од млеко отколку да имплементираме милиони други правила . Во ресторани секако дека е скоро невозможно да се раздели посно од непосно, посебно каде што се пржи но во производството обично е разделено. И порано било така иако не биле трагите декларирани , сега инспекциите ги контролираат повеќе фирмите па наскоро ќе нема храна на која нема да има траги од нешто.

    А инаку прашањето си е на место, сум размислувала многу за тоа, и лично не чувствувам грев ако јадам нешто кај што пишува траги од млеко.

    Во врска со темата рецепти вчера постирав на Фемина инстаграм посни рецепти без масло.

    Намаз од авокадо
    Две авокада се пасираат, се додаваат три лажички лимонов сок, едно чешне сецкан лук, чили и црн пипер и сол. Пишува да се посипе со коцки од домати ама и не мора.

    Крекери за намазот:
    150 грама Брашно се мешаат со 100 мл топла вода . Се додаваат сол и Ким (оригинален рецепт е со црн Ким не знам точно на македонски како е). Се замесува тесто, се покрива со фолија и да стои 30 минути. После се расукува тенка кора на еден плех, и се сече со нож за тесто на коцки 5х5 см или поголеми. Се пече 10-15 min на 200 (ако е со перка на 180) .
     

    Прикачени фајлови:

    На MeowMeow и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Посни палачинки

    300 Г брашно, 1 пециво, 300 мл кисела вода и шолја за кафе зејтин , сол и шеќер Има рецепти каде се додава и сода бикарбона ама многу се прават меурчиња од неа.

    Натаму се е како за обични палачинки, со тоа што овие повеќе се кинат. Внатре може мармалад, мед, путер од кикирики и овошје.

    Овие на сликата им ставивме и прехранбена боја за да ми бидат полични.
     

    Прикачени фајлови:

    На MeowMeow, hermosa и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Јас целосно Ве поддржувам и се сложувам со вашето мислење. Да не фарисејствуваме и да не претеруваме. За жал и во Македонија до ден денешен има луѓе кои леб немаат да јадат, а ние бараме траги од не знам што во производите и ги замараме другите со тие будалаштини. Ко не баре и на нашите тепсии не можеме да најдеме траги.
    Пред некое време дискутирав со еден чесен и почитуван свештеник, со солидно образование, но и пракса за постот со масло/без масло и другите фарисејштини. Ми раскажа еден пример, како кога бил на богословија, еден свештеник наставник, се запнал децата да постат цели пости без масло. Наставникот постел, ама како постел тој, а како постеле децата? Децата јаделе грав без масло и расол, а свештеникот “великиот испосник“ јадел печурки (кои во тоа време биле прескапи) и разни тропски овошја!
    Треба да постиме, ама посебно оние, кои имаат ниски примања, не треба да се занесуваат и да бараат траги од чуда во производите, ниту да постат без масло, освен можеби деновите кога се подготвуваат за света Причест. Оти Господ дојде да го спаси светот, а не да ни донесе нутриционистички правила.
     
    На Mr.Mary, MeowMeow и bubemconia им се допаѓа ова.
  14. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Види, погоре членка имаше поставено прашање и јас го одговорив ставот на мојот духовник, кој што го почитувам неизмерно. Пробувам да се придржувам на тоа што тој ми го кажува, а кој како сака нека си прави.
    На крајот, постот треба да се помине скромно, со овошки и зеленчук, не со тартуфи. И се разбира, пред сѐ, најважен е духовниот пост, после телесниот.
     
    На bubemconia и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Сестро, ако имате услови - не јадете. Но, немојте да наметнувате такви работи на оние кои ги немаат. Трагите на нешто, ниту не` приближуваат, ниту не` оддалечуваат од Бога. Ако не знаете, нашите стари, течностите (вино, масло и слично) ги чувале во воловски мевови. Зарем во тоа масло немало остатоци од волот?
     
    На bubemconia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Темата е повеќе духовна од нутриционистичка. На крај, како ти се чувствуваш како верник додека следиш некое правило е најважно. Пример јас во тој период ни цигари пушам, ни алкохол, нит лото уплаќам...

    Познавам луѓе кај што со дозвола на свештеник за време на пост пијат јогурт или јадат сирење ... се е до тоа што ти го чувствуваш како грев.

    Да не должиме, темата е со рецепти па еве уште еден од мене :

    Крокети од палента:

    Коцка супа (од зеленчук) а може и вагета се става во 750 мл вода , кога ќе зоврие се додава палента 150гр. Се додаваат предходно подготвените: 1 чешне сецкан лук, рузмарин, лажица маргари, црн бибер,сол се меша и се истура во сад да се излади (стврдне) така што да не е подебело од 2 cm.

    Во меѓувреме се мешаат темјан, рузмарин , вагета и црвен пипер (во рецептот имаше и пченично снегулки ама јас не ставив).

    Кога ќе се стврдне палентата се сече на ленти, 1-2 сантиметри широко и 4 -5 долги се валка во смесата од зачини и се редат на плех со кујнска хартија.

    Се печат 15-20 мин на 180 степени.

    БЛАГО ЗА ВРЕМЕ НА ПОСТ:
    Печени јаболка со ореви и мед
     
    На GirlRose, hermosa, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.528
    IMG_20210325_121227.jpg

    Кај да најдам посна хопла? Оваа не е:(
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    На KittyAgnes, hermosa и Cka им се допаѓа ова.
  19. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.488
    Пол:
    Женски
    Најдов еден рецепт за посен крем/шлаг:
    https://bloomingnolwenn.com/vegan-nutella-recipe/

    Мене бидејќи веќе ми беше во фрижидер кокосовото млеко и беше стврднато како крем, само ја растопив чоколадата и ја ставив во кремот и измешав, доаѓа баш како шлаг, а кога ќе отстои во фрижидер е како потечен еурокрем :)
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Фалафел, фалафел :mm:
     
    На Trajche87, KittyAgnes, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.