Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Дали ги имаш правено?
    Сакам да пробам, па ме интересира дали мора да бидат потопени во масло додека се пржат или може прво едната, па другата страна да се пржи? И дали успиваат масло?
     
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не сум ги правела, ама доле во коментари ептен и ги фалат. И општо сите рецепти ги фалат.
    Мислам дека е битно да се потрошат цели во масло баш за да не упиваат од маслото, набрзина да се направи коричка.
    И таа самата вика дека е битно да се цели потопени.
    Обожавам фалафел, ама ич не сакам да пржам во масло дома, па никогаш не сум правела. Би сакала да го направам рецептов, ама пржењето ме одвраќа.
    Плус би сакала онака аутентик, со хумус плус, а тоа веќе еден куп работа е.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  3. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Ако направиш, сподели искуство како ќе испаднат.
    Јас се токмам сејтан да се пробам да направам, ама не ми фаќа умот. :?:
     
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Луѓенца посна шлаг пена дали имате видено?
     
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Уф ја следам оваа јутуберка одлична е... се што имам пробано топ испаднало, дефинитивно ќе го пробам овој рецепт
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Кечап се јаде ? Да не е мрсно?
     
  7. vevija

    vevija Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Може не е мрсно
     
    На Kikiccc му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Девојки, само што го спремив и брзам да ви кажам рецептот.
    Значи водата од наут-от во конзерва, кај мене беше од оние тегли наут што ги продаваат во кам, ја варам едно 5 минути и ја оставам да се излади. Малото тенџерче што ја варев го ставив во сад ладна вода за побрзо да иде.
    После тоа во изладената вода од наут ставив половина лажичка сол, на врв на лажичка кари, на врв на лажичка лик во прав (мислам дека тоа што е во прав го прави вкусот, инаку би бил многу интензивен, мене вака убав ми е ептен), една лажичка лимон, само што јас немав лимон, во фрижидер имав само од оние шишенцава што се продаваат демек лимонов сок, веројатно може и оцет, било каква киселина.
    Ставив и една лажичка свеж копар за да ми добие после свеж вкус. Се става и лажичка сенф, јас од тој на Томи ставив.

    Во ваквата вода со зачини ставив и околу една до две супени лажици наут, што си беше со водата.

    Го ставив во блендер, ја нутри булет имам, се додека не добив хомогена смеса.

    После тоа, во оваа смеса додадов од око исто толку масло. Имав малку обично сончогледово масло, и бидејќи немав друго, а и јас така сакав за вкус да добие и да биде поздраво, ставив ладно цедено сончогледово масло, од тие на Фила.
    Значи од око малце повеќе од пола да биде маслото од водената смеса.

    И вратив блендерот, и супер се згусна и бев пресреќна, а за вкусот... одамна немам со прсти вака директно јадено од некоја смеса. Веќе не планирам да купувам обичен посен мајонез, освен доколку нели некогаш не ми текне стрв да ме фати. Ова е фантазија. И супер ми се згусна.

    Јас повеќе време го блендирав може трипати по 10 секунди, и иако смесата се загреа пак беше густ и цврст, и топол беше превкусен.

    Сега ми е во фрижидер, и можам да замислам пак кога вкусовите ќе се соединат, копарот малце да пушти, каква убавина ќе биде тоа.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    14.899
    Пол:
    Женски
    Дали е посно?
     

    Прикачени фајлови:

    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.488
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Како се прави посен гриз?
    Како да го направам без млеко да е?
     
  12. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Свари го гризот само со вода и ако го сакаш благ додади му шеќер. Јас од благо денес јадов сутлијаш, ама без млеко, само со вода и му додадов шеќер колку што го сакам благ.
     
    Последна измена: 8 декември 2021
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Ако користите наут, задолжително ставете мелен ким, инаку ќе оддувате некого (mooning) )))))))))))

    Водата од наутот иста е како водата од грав. :D
     
  14. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Сите мешунки пред да ги користам ги киснам цела вечер во вода и киселина (ради лектинот), обично оцет ставам две три лажички, или лимон ете. Па утредента ќе ги плакнам. Ова од лектинот се случува. Дури и овесот треба, арно ама мене неубав ми е така, да го киснам преку вечер па да го плакнам.

    А од овој рецепт погоре, водата се врие едно пет минути, може и тоа помага, ама јас немав проблеми никакви со гасеви, а доста количински јадев. И воопшто онака немам скоро па ич гасеви и надуеност, па ќе сум приметела да имало нешто.

    Стварно немам приметено, ја дури кога почнав да го пишувам мислењето мислев дека сум ставала рецепт за веге плескавици, па тргнав да објаснувам како ги киснам навечер. Ама и од оваа вода од тегла немам ништо приметено. А доста количински јадев, сос со макарони и рукола, фантазија е.
     
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Уште подобро ако нѐ ти прави проблем, мене сите мешункасти ми прават проблем.

    А за наутот знам дека и за фалафер и други сл. рецепти се става ким токму за да нѐ прави гасови.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела, баш ти фала за финтава со кимов, ќе пробам обавезно, може и побогат вкус ќе дава
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    909
    Пол:
    Женски
    Дали има нешто посно и без зејтин по продавниците што се продава на готово ?
     
  18. Asteroidcrashboy

    Asteroidcrashboy Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2021
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Posni kjoftinja od lekja vo domaten sos najdobro nesto
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.563
    Пол:
    Женски
    Освен овошје и зеленчук, леб и тестенини, кечап (не знам дали сите), маслинки црни без масло и без солило, таан алва..
     
    На calm-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Imagina

    Imagina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    И конзервираните наут, леќа, грашок, пченка, грав се посни, само вода и сол имаат...има и во тегли и во конзерви по маркетите.
     
    На IRBBB и calm-girl им се допаѓа ова.