A маслинки? Само тие црните несолените ли се без масло? Зошто мене ми кажаа дека немаат, самите маслинки пуштале.
Да, од тие земам, црните несолени што се. Сум видела поповите ги мијат тие другите маслинки. Вака кога сум земала за обични денови не се мрсни. Ама сепак од црните земам.
Два пудинга од ванила ги вариш со 600мл сок од портокал, додаваш 250гр посен маргарин, кога ќе се излади пудингот, додаваш 500гр кршени бисквити, 100гр чоколадо, 200гр желе бонбони и 200гр ореви. Мешаш све добро, оставаш во тавче за торта преку ноќ, следниот ден посен шлаг крем, и тоа е тоа, одлична е
Посен шлаг крем немам сретнато кај нас.Може ли да ми кажеш кај да барам? Како замена за маргарин што би можела да ставам?
Една идеја и од мене за торта без печење Состојки: Посен крем од Мегле https://images.app.goo.gl/GiyuFLSjS9Bv4Hqc9 (го има во Тинекс и Веро) Црна чоколада Засладувач по избор (јас користен сируп од урми, го има во Кам https://images.app.goo.gl/eyJqixTEbucDLmtW7) Прелив од вишни (исто во КАМ) Посни бисквити Посно млеко по избор Ги потопуваш на кратко бисквитите во посно млеко, неколку секунди, па ги редиш во сад. Посниот крем го матиш со сирупот од урми и стопеното црно чоколадото и потоа со смесата ги премачкуваш бисквитите. Редиш уште еден ред бисквити, пак од чоколадната смеса врз нив и на крај премачкуваш од преливот со вишни. Ставаш во фрижидер да се стегне. Зависи од големината на садот во кој правиш може да биде со два или три реда бисквити. Јас по моја мера правев бидејќи рецептов ми е импровизација, го купив посниот крем па се мислев што да направам со него.
Јас во Германија го купувам, за во Македонија не знам кај има. Кога го правам во Македонија, без шлаг крем ја правам, и е исто добра, ако ја пробаш, чекам да ми кажеш како ти излегла, а маргаринот на кристал си е посен, јас тој го користев како што се сеќавам.
Ја направив исто по твојов рецепт, без шлаг зошто овде не најдов посен.Фино испдна,им се бендиса на сите
Е баш ми е мило, јас имав роденден на внукот за време на постот, па исто ја направив и на сите им се допадна, убави празници да имате ❤️
Не, подвлечени се сурутката и млекото. Како rule of thumb ако е нешто како сирен намаз или друг производ шо е млечен и нема назнака "веган" - мрсно е. Најтешки за репликација се млечните производи и зато е тешко да се најдат воопшто или па добри продукти. Има инаку и кашкавал и павлака и намази "млечни" шо се посни, ама на нив ќе видиш назнака "веган". То значи дека не се искористени животински продукти во производството. Има и во Кам кашкавал, намази имам видено Веро и општо поширок опсег на производи, а павлаката ја видов само Вида Верде ама ја немам земено.
Затоа јас кога постам не купувам "посни" млечни производи, читав дека и тие мора малку млеко да имаат.
Не мора. Ќе си гледаш во состав пред се. Ама ако не пиши "веган" нема шанси сирен намаз да е посен. Ако пиши "веган" секогаш можиш double check да напрајш во состав. Во мое искуство ко ќе земам за моите, се шо било "веган" било посно пошто јас имам тенденција да читам состав. Можи има некои шо не се, ама не смеат тогаш да имат назнака "веган" и се подложни некој да ги тужи за то.