Ти пак можиш состав да си читаш, ако има животински продукт не е посно. Како втор слој заштита то, иако во мое искуство се посни. Има "растителни" продукти со плус сурутка, ама то е грешка на маркети обично шо ги продават како посни. Види и тука: https://forum.femina.mk/threads/Посни-веган-продукти.34208/ има цели страни посни продукти шо сме ги провериле или со соодветната назнака. п.с. кога пример земаш благца ќе забележиш дека се е без животински продукти сем сурука. Многу убај десерти имат сурутката измеѓу шо ги прај да се со животински продукти и не посни.
Јас на почеток така се зафркнував пишува веган и јас мислев посно е. На многу од нив пушува веган а има какао путер, сурутка во прав, млеко во прав.. Читајте декларации, јас ич не верувам во декларација со големи веган а во составот има се.
Ми треба поќе информации околу ова. Зошто? Колку шо знам не се прај со животински продукти зошто е мрсниот дел од какао зрното. https://tcho.com/blogs/news/what-is-cocoa-butter Исто ме интересира кои продукти имат сурутка/млеко, а се со веган назнака. Т.е. дали се наши производи зошто сепак не вервам да имаме толку строг систем за проверка. Јас то шо купвам - немам сретнато да има животински продукти, а упорно слушам за сурутка во веган производи. Можи и тука или во порака кој и да најди таков случај да ми прати оти собирам вакви информации. Фала.
И јас не знам баш скоро за тоа читав, немаше детално објаснување а јас цело време си мислам посно е. Мислам логички, од какао, ама дали путер има додавано искрено не знам. До скоро во Стокомак имаше предобар крем веган од лешник веќе го нема исто во него имаше сурутка. Некни гледам црно чоколадо сега ич не ми текнува која марка беше дали најлепше жеље или европа и во него имаше некои состојки. Црно чоколадо и оние за готвење се знаеја понапред дека се посни. Јас сега строго читам декларации за составот, не ме интересира ако е наведено посно. Или крем бананки уште како мали, што благо, крем бананки, кркај мака си немај, какво посно какви бакрачи, тогаш па и немаше каде да се чита, повеќето благо се на мерење беше.
Ама, нема. Ради fatty делот на какаото се вика путер. Исто како шо нема додаен путер во путер од кикири туку е ради fatty компонентата шо се вика така и е целосно растителен продукт. Крем од лешник со сурутка е греота да постои ах, јас земам од Биокосмос и најчесто се јатката и максимум додаена сол. А, за крем бананче - ќе велев нема шанси да ги прат со агар- агар туку сигурно ги прат со желатин и првото за кое чукнав (од Европа) праено е со агар-агар. Пак не се посни ради белката од јајце ама пријатно сум изненадена секој пат ко ќе се користи агар- агар место желатин. Другите шо спомна баш ќе ги проверам следно ко ќе сум во продавница.
Денес открив дека вегетаријанската храна не значи дека била автоматски посна. Јебига, ќе чекам да помине Велигден па да ја изедам пицата иако веге пица освен за време на пост никогаш не би јадел. Ќе додадам кулен тогаш.
Купив пред малку вегетаријанска пица за вечера, си викам чекај да прочитам состојки за секој случај па така видов дека содржела млеко... Прогуглав малку повеќе и изгледа дека веганите биле тие кои не јадат воопшто животински продукти додека вегетаријанците јаделе млечни производи и јајца.
Омилен посен рецепт посна мусака, со праз и печурки полнета може да се подготви филот со ориз но јас ја правам само на печурки праз домат.Со истиот фил добар вкус имаат и полнети пиперки тиквици итн.
Девојки дајте ми идеја за посно блакце, торта/ колачи нешто И посни кифлички можеби? Со што ги правите?
Со вода наместо со млеко, за премачкување наместо со жолчка од јајце со сенф. Имаш по нет разни рецепти за посни работи, @theowndemon имаше убав рецепт за посни кифли. А за благо зависи какво сакаш, парено, непарено, суво благо. Баклава, пиварки, бомбици, бајадера.
Искрено се настрвив многу на една чоко лава торта во темата фемина инста, ама не верувам дека би ми испаднала некоја посна верзија таква
@dejanadejana777 За друго шо пиша како идеи, јас буквално то шо ми се јади гуглам рецепти посни. При толку веган рецепти скоро се можиш да најдиш. https://tyberrymuch.com/easy-vegan-chocolate-lava-cake/#wprm-recipe-container-2366 Овај го гледав ете сега за лава колач, ама кокосов крем не знам кај има за ова само, путер замена со маргарин и такви ситници. Части се лава колач. Особено десертите е многу лесно да се нарпат веган/посни пошто од старт се вегетаријански (без месо, со јајца и млечни производи). Ако напрајш, кажи како ќе испадни.