Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    2.903
    Пол:
    Женски
    Еве од Аника од темата Рецепти од Фемина Инстаграм и јас се мислам да ги направам исто
    @dejanadejana777
     
    На dejanadejana777 и Anika55 им се допаѓа ова.
  2. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Рецепт за посна сарма:

    1/2 главица кромид
    1/2 страк праз
    1 морков
    130мл масло за готвење
    80г соја трошки (од дм ги земам)
    100г ориз
    кисела зелка за сарма
    топла вода
    сол, вегета, црвен пипер, црн пипер, нане (не пеперминт, него тоа spearmint шо го викаат)

    Со топла вода ги поквасувам соја трошките и ги тргам на страна. Многу ситно го сецкам кромидот, го ставам на тивко да се пропржува, потоа го додавам ситно насецканиот праз, па морковот. Ги прецедувам соја трошките и ги ставам и нив да се пропржат со останатото. Ги ставам зачините, го ставам и оризот.

    Со оваа смеса ги виткам сармичките. На една сармичка и ставам малку повеќе од половина супена лажица од смесата. Сармичките ги редам во два реда и остатокот од зелката го сецкам и го заглавувам измеѓу и на средина на вториот ред. Одкако ќе ги наредам ставам одозгора пак од сите зачини и малку масло. Ги притискам со потешка чинија и додавам топла вода пред вриење, не скроз да ги облее, туку да биде скоро до облевање. Ги ставам на јако, и одкако ќе зовријат, намалувам на тивко да се крчкаат едно два ипол саати, покриени со капак. На пола саат ги проверувам и ако е потребно дотурам уште малце топла вода пред вриење.

    По два ипол саати, загревам малце масло, околу 50мл, и му додавам само црвен пипер и ги полевам со тоа, оставам да се крчкаат уште 10тина минути и ги гасам. Така ги оставам пола саат и после спремни се за лапачка

    Ова ми е прв пат да правам сарма, посна бидна дека се пости, ама топ искочи. Супер рецепт, и по дома сите беа изненадени колку е слична на вкус.
     
    На Lostinparadise и Selest им се допаѓа ова.
  3. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    8.707
    Пол:
    Женски
    Мафини

    1 шолја пченично брашно
    1 шолја пченкарно брашно
    Прашок за пециво
    1 шолја кисела вода
    1/2 шолја масло
    Сол
    2 кисели краставички
    1 пиперка
    15 маслинки

    Калапче за мафини

    Ги сечкаме маслинките, пиперката и краставичките на мали парчиња. Од краставичките ја стискаме водата за да не ни пуштат вода во смесата.
    Во сад ги мешаме брашната, пецивото и солта. Додаваме кисела вода и зејтин, мешаме заедно. Потоа ги додаваме краставичките, пиперката и маслинките.
    Калапот за мафини го мрсиме со зејтин и ставаме од смесата.
    Ги ставаме да се печат 30минути на 200 без вентилатор. Ги вадиме од рерна и ги оставаме 10минути да се оладат. Спремни се за јадење. :)

    Може и сусам да додадете по желба или семки од тиква, сончоглед, мелен лен... Мене ми се допаѓа рецептот бидејќи е брз, а мафините се навистина вкусни! Уживајте.:)

    20260101_091842.jpg
     
    На bubemconia и MikicaBt им се допаѓа ова.
  4. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Жемски помош! Во саботата ми е роденден и сакам да си направам некое по фенси тортиче, нешто во стилот на тие од Paradise Food. Тортата треба да е посна, сакам кремасти торти, во стил на чизкејк.

    @Anika55 прво на тебе се сетив дека може имаш некој рецепт! Секоја препорака е добредојдена :D
     
  5. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.625
    Допаѓања:
    77.510
    Пол:
    Женски
    Немам баш посни рецепти, еве најдов нешто што сум споделила во темата за рецепти, можеби ќе ти даде инспирација.

     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Мартинас кукинг на Инстаграм има баш сега споделено посна торта со бискоф.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Баш ќе ги разгледам сите, оваа со Бискоф ми изгледа примамливо, макар што на видеото многу пандишпан како да има, да не е толку кремаста.

    @Anika55 ќе молам за стручно мислење овде :rofl:
     
  8. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    184.381
    Пол:
    Женски
    @Цунами веган чизкејкс за да се стварно убај многу често имат тофу или индиски орев во нив како rule of thumb за квалитет.

    Ова би била малку поскапа и пофенси.
    Ова не ми е пробана и личи скроз едноставно, јас би додала уше некој вкус појак од горе.
    Јас сум фан на PUL страната, ова не е чизкејк туку класична чоколадна торта. Еве ова е чизкејк од PUL.

    Во тетратка вкусни, ама не фенси колачи и тортички имам, и дефинитивно не кремасти (јас сум пандишпан фан, без фил скроз можам да "преживеам"). Така да за во некоја друга прилика тие. :D
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Фала ви женски, да сте ми живи и здрави! Прекрасни се сите рецепти. Ги разгледав еден по еден.

    Ама од мојата здрава исхрана, толку... :rofl: нека иде живот. На крај за оваа се одлучив, ми изгледа доста кремаста и вкусна. Таман и сите укучани ќе и се израдуваат :^:

     
    На Anika55 му/ѝ се допаѓа ова.