1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Посна торта со јаболки

    -6 рендани јаболки, им се става одозгора 1 кафена лаж. сода бикарбона и се гмечат со раце за да пуштат сок
    -како мерка се зема една чаша за млеко (200 или 250 мл.):
    -1 чаша зејтин
    -1 чаша сецкани ореви
    -2 чаши шеќер
    -2.5 чаши брашно

    -Се` се меша и се пече на 250 степени (со чепкалка се проверува кога е готова тортата, тестото да не се лепи на чепкалката).
    По желба може одозгора да се стави и прав шеќер.
     
  2. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    25
    ПОСНА ТОРТА CO ЈАБОЛКИ
    4 големи јаболки
    15лаж.врела вода
    15лаж.гриз
    15лаж.шеќер
    15лаж.брашно
    7лаж.зејтин
    1лаж.сода бикарбона
    1 прашок за печиво
    1 ванилин шеќер
    1 чаша (за вино) сецкани ореви.
    Се пече во тавче по можност бр.28.
    Се рендаат јаболките и се ставаат во врела вода.Потоа се се промешува со лажица.
    Се става да се пече се додека пандишпанот не добие црвеникава боја.
    Кога добро ќе се излади се пари со шарбет.
    Шарбет:Половина килограм вода и половина кило шеќер.Да врие 15 минути.
    Добар Апетит! :)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Пред извесен период правев една комбинација од што најдов дома. Резултатот изгледа беше добар, кога на другите ништо не им остана во чиниите :wasntme: :geek: .

    Соја со праз и печурки

    Потребно: 1/2 пакетче соја топчиња, една главица кромид, лук по вкус, 2 -3 ловорови листови, 2 стебла праз, 500гр. свежи шампињони, 5-6 поголеми компири, 100мл. бело вино, 100мл. вода, масло, сол, црн пипер, вегета, босилек, 1/3 маргарин кристал, соја сос.
    Подготовка:Сојата се става во вода да зоврие во која се става кромидот, лукот, ловоровите листови. Се остава да врие околу 15 минути, се со цел да се отстрани специфичниот мирис на сојата. Се процедува и се остава да лади. Потоа се цеди со рака, за да нема многу вода во себе. Кромидот, лукот, листовите не се потребни и можат да се исфрлат.
    (*Сојата може да се приготви и ден претходно, за да не одзема многу време.)
    Празот се сецка ситно и се пропржува само малку само да омекне. Се сецкаат на листови шампињоните и се пропржуваат 5-7 минути колку да го испуштат сокот од себе.
    Сојата се зачинува со вегета, црн пипер и босилек и исто малку се пропржува во тава настрана.
    Компирите се сечат на коцкички и се ставаат во подлабока тава или плех. Се додаваат шампињоните, празот и маргаринот. Во тавата се додава виното, водата, маслото и се зачинува по вкус. Се става во рерна да се динста. Кога половина од течноста испари, тогаш се додава сојата. Сојата се додава на половина од готвењето за да не прима во себе течност вишок течност.
    По вкус ставете соја сос.

    Еве како изгледа :) :mm: .
     

    Прикачени фајлови:

    • 01.jpg
      01.jpg
      Големина на фајлот:
      257,3 KB
      Прегледи:
      701
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Посни јадења без масло

    Посни медени колачи
    200 грама Шеќер
    малку Сода бикарбона
    200 грама Мед
    200 милилитри Масло
    200 милилитри Газирана вода
    200 грама Брашно

    Од наведените состојки замесете тесто како за ванилици.

    Расукајте кора, со чашка вадете погачки, обликувајте ги во округла форма и печете ги во загреана рерна.

    Испечените медењаци валкајте ги во шеќер во прав :nod:
     
  5. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Сега за време на постите да ви предложам:
    Посни лепчина со маслинка

    4 чаши брашно
    2 чаши пченични трици
    1 чаша масло
    1 квасец да надојди
    1 лажица шеќер
    1 лажица сол
    20-25 маслинки сецкани
    2 лажици оригано
    Се меси тесто понамеко,се остава да поседи.Потоа се од ново се меси,се сука кора и со чаша се сечат крукчина со дебелина од 1 см.Се печат на 200 степени.
     
  6. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Сакам да прашам дали смоките се посни?
     
  7. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    cokoladoto za gotvenje neli e mrsno ??
     
  8. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Не е.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Има и посно и мрсно, читај состав кога купуваш :)
     
  10. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    a smokite mrsni se ?? i uste nesto da prasam do koga trae postot do velgiden i koga se pricestuva jas prv pat postam sakam da gi izdrzam site denovi
     
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    прв пат ќе постам, не се заречувам сакам да видам како ќе ја истерам првата недела. некои викаат дека првата и последната недела се строг пост без зејтин. знам дека зејтинот е посен, но.. ако има некој што постел и знае како да се храни за овие денови, ве молам кажете како изгледа еден ваш ден во поглед на исхраната, доручек, ручек, вечера, што јадете.. ги прочитав рецептите, кажете некое дневно мени со повеќе опции :)
     
  12. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Смоките не се мрсни но се со масло, па затоа ако постиш без масло , нив не смееш да ги јадеш.
    Велигденскиот пост започна денес (Чист Понеделник), а завршува на 4ти Мај, зошто на 5ти Мај е Велигден.

    Колку што јас знам, овој пост е најстрогиот пост во годината, и масло е дозволено да се јаде само за викенди и празници, а преку недела е без масло, но така е многу тешко , па затоа повеќето луѓе не јадат масло само првата и последната недела. Исто така овој пост дозволува да се јаде риба само на Младенци и Цветници, но бидејќи оваа година Младенци паѓаат во првата недела од постот рибата е забранета.
    За време на постов мо=е да јадеш печен или варен компир, макарони без или со масло, потоа зеленчукови мешавини со грашок, морков, посни манџи, овошје, соја. Меш да си купиш од оние кеси за печење и внатре да ставиш на пример компир исецкан за помфрит, некој морков, зачини, кромид на парчиња, стави го да се испече и да видиш колку вкусен оброк ќе имаш.
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.809
    Пол:
    Женски
    Риба се јаде на Благовест и на Цветници,а не на Младенци поздрав
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    навистина не ми е јасно како можит да е мрсен кога јасно на некои пишува дека е посен, и за таков го продаваат,има и некои урди така што се посни и кога ќе слушнам од некој викаат дека не се. навистина ова ептен ми е одвратно вака

    иначе да прашам..куваните ѓевречина,мислам дека се посни без зејтин но не сум сигурна? :)
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Урдата 100% гарантирано се прави од обезмастено млеко (ама млеко), значи основната суровина не е соја млекото или некое друго млеко кое потекнува од растително потекло :) .

    Кај кашкавалот е истата процедура. И колку да негираме, нема шанса оној куповен кашкавал во својот состав да не содржи казеин. Зашто казеинот е основниот протеин во млекото.
    Порано се сеќавам имав семинарска за млекото и колку што се сеќавам е дека казеинот не се наоѓа лесно во природата. Односно само во млекото и според тогашните испитувања само во едно дрво кое не расти секаде и е доста ретко. Значи нашите технолози и колку да сакаат, најефтината варијанта за добивање е само млекото. Никој нема да одгледува дрва, за да добие казеин. Додека и самите можете да видите, во секој млечен состав (кашкавал, посен шлаг, посна хопла...) сите содржат казеинат.
    Тоа е она што го прави мрсен и кашкавалот и посното сирење и се :) .

    Најлесен начин да видиме што е потполно природно, е да влеземе до оние продавнички кои продаваат 100% природна, растителна храна. Зачудувачко е што може да најдеме млеко во прав од соја, кокос, ориз... додека сирење, урда, кашкавал... нема за лек :) .

    Куваните гевречиња би требало да се без зејтин :) .
     
    На gentle.girl и Hopeful им се допаѓа ова.
  16. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Јас решив оваа недела да постам без масло и нормално во недела сакам да се причестам.Иначе варените гевречина се посни јадиме туршија(зелка морков пиперки патљиџан по наше иначе домати)пиперки црвени од низалка компири грав сутлијач соја многу слатко или џем овошје и зеленчук Кој постит господ да му поможи со лесно да си помини постот.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Зависи кои смоки.
    Сите смоки имаат емулгатори.
    Емулгаторот може да се прави од растително или животинско потекло.

    Некои произведувачи, како смоките од Штарк навеле на амбалажата дека смоките се со емулгатор од растително потекло, значи не се мрсни (само се со масло, доколку постиш со масло).

    Некои смоки (мислам дека тука спаѓаат оние црвените од Витаминка) не се наведени со каков емулгатор се, и поконкретно за овие имам слушнато дека се со животински (поточно од свинско) емулгатор.
     
  18. linuska

    linuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    0
    дали алвата е посна без масло?
     
  19. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Алвата содржи масло
     
  20. linuska

    linuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    0
    а сенфот?