1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посни јадења

Дискусија во 'Рецепти' започната од dowe, 9 декември 2009.

  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас да ја пофалам свекрвица, ја гледала Алачки и направила посни бомбици, кои беа превкусни.
    Мелени ореви, рендан портокал, сецкано суво грозје, ситно сецкани суви смокви, малце исцеден сок од портокал, сетоа тоа се меси, се формираат бомбици и се валкаат во кокос. Ќе ставев и слика да видите колку она се труди за снаата, па дури и книжни корпички купила, ама сите ги изедовме. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Најбрзо посно јадење ми се печени шампињони на фолија и одозгора сол.
    Како на сликава, само претходно излупени и измиени. :)
    Омилени ми се!!! :!: ^_^
     

    Прикачени фајлови:

    • sampinjoni.jpg
      sampinjoni.jpg
      Големина на фајлот:
      116,1 KB
      Прегледи:
      829
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Што би ставиле врз посна пица? Јас обично правам со маслинки, свежи печурки, пиперка и задолжително пченка.
     
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Кечап, оригано, печурки, брокула, магданос, туна, маслинки, ако сакаш и некои зачини по вкус. Јас така ја јадам.
     
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Се е ствар на вкус.Што милуваш да јадеш...Јас ја правам со домашна салца или Томатело,оригано,многу свежи печурки (можеш буковка,шампињони,лисичарки какви ти се омилени) маслинки,сецкано кромидче,пиперче,сусам по страната а можеш и цела да ја наросиш.
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Шарени бомбици од компир

    Се прави пире од компири, се додаваат зачини по вкус - сол, вегета, црн пипер итн.
    Од пирето се прават бомбици и дел се валкаат во магданос, други во рендан морков, мелени ореви, толчени кикиритки или пак друго нешто што ви падне на памет.

    Изгледаат ептен убаво и шарено на маса, пр. ако имате посна слава. А и не мора да е посна нели, може и кај обичен ручек наместо пире да се промени рутината со вакви бомбици. :)
     
    На Mama25, Serafima и Annath им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Посни сарми

    Значи количини не можам да напишам, јас готвам од око, ама овие се состојките - праз, кромид, ориз, морков, печурки, суви пиперки, зелка или листови од лозница за виткање и зачини - вегета, црн пипер, црвен пипер.

    Состојките се сецкаат на што поситно, се пропржуваат добро на масло, па се виткаат сарми, кои потоа се варат. Само овие бараат малку подолго варење од класичните, проверувајте ако не сте сигурни дали е добро сварена една од погорните сарми.

    Толку многу го сакам вкусот на ваквите посни сарми, што би ги заменила сосема со оние класичните со мелено месо :) .
     
    На Mama25 и Serafima им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Posna musaka
    Se proprzuva kromid, morkov, pecurki, se dodava kecap, vegeta, origano I malku sol.
    Vo tava se redat kompiri seckani na trkalca, pa se preleva od zajreto, pa pak se redat kompiri.
    Se poleva voda kolku da gi pokrie kompirite I se pece dodeka da ispari vodata I malku da zarumenat kompirite.
    Pri kraj se redi posen kaskaval I otkako kje se rastopi se vadi tavata od relna.

    Bon apetit.
     
    На ilipili и Serafima им се допаѓа ова.
  9. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Дали сте правеле посна сарма со листови од лоза? Јас мрсна сарма со лозов лист сум пробала и многу ми е убава, ама за посна некако не се одлучувам да направам иако имам дома смрзнати листови, сепак идеме на сарма со зелка.
     
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Уште посни рецепти од мене..
    1. Мусака од тиквички
    Тиквички се сецкаат на тркалца и се пржат колку да заруменат, се ставаат на салфетки да ја впијат мрснотијата.
    Соини трошки се варат да омекнат и се цедат.
    Во тавче се пропржува малку млад кромид, се додаваат соините трошки, ориз и зачини по желба (вегета, сол и оригано е мојот избор).
    Во ватростално тавче се редат пржените тиквици, се става зајрето и пак се редат тиквици. Се полева со вода исто како мусака.
    Се пече додека не испари водичката.
    При крај се вади тавата и се прелеваат со посна урда или пак се реди посен кашкавал (а може и двете, тоа по желба).
    Се враќа пак во релна и откако ќе зарумени урдата т.е. се стопи кашкавалот се вадат од релна и спремно е за јадење.

    *Количината на сите продукти е од во зависност од количината на храна која се подготвува.(пр. 2-3 тиквици, 1 чаша за млеко -ориз, 200 гр. соини трошки-јадење на четворица.)

    2. Посни канелони
    Спанаќот (400 гр.) се обарува и се пржи во тавче со претходно обарени и сцедени соини трошки (200 гр.). Се додаваат зачини по желба.
    Се полнат канелоните (неварени) и се редат во ватростално тавче претходно премачкано се посен маргарин.
    Томателото-500 мл. се меша со посна урда-1/2 канче и со добиената смеса се прелеваат канелоните.
    Се реди посен кашкавал и се покрива со ал. фолија.
    Се пече околу 30-40 мин. со фолија и 10-на мин. без фолија на 180 степени.

    Бон апетит :)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Да, и многу е убава. Филот го правам со пропржен кромид, морков, праз, 1 чешне лукче, ориз и ситно сецкани ореви. Зачини по желба. Со ваков фил полнам и суви пиперки и преубави се.
    од мм кој се дави во сарма со зелка ми се одјаде таква сарма
     
  12. MariaFederer

    MariaFederer Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6
    Има некој денеска гледано Гответе со Антонио на Канал 5? Јас видов сендвич до намаз од панга и некоја салата, интересно изгледа, барав на web страната на Канал 5 но ништо не најдов :?: па доколку знаете каде можам да го најдам рецептот, пишете ми ;)
     
  13. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    девојки незнаев во која тема да прашам па затоа тука прашувам колку време можат да стојат отворени печурки во фрижидер без да се расипат?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.245
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт од мене за љубителите на крем салати. Посна крем салата, некоја варијанта на руска и слични, со домашно приготвен мајонез од сончоглед со масло.
    Јас вчера ја направив салатата, а мајонезот ден претходно (немам слика, одма се изеде).
    Мајонезот по овој рецепт

    Со тоа што не додадов копар во мајонезот, ја направив основната верзија, инаку најубав е со додаток на кари или куркума.

    Сварив половина пакување од смрзнатиот зеленчуков микс за руска салата, продинстав буковки на вода со зачини (зачин К+, свежо мелен црн пипер, сусам, магдонос и малку кари), исечкав неколку кисели краставички, и сите овие состојки ги измешав заедно со веге мајонезот. Испадна вкусна и, како што кажав, бргу се изеде. Може да додадете тестенини без јајца, маслинки, разни видови зеленчук, слободно експериментирајте.
     
    На kjukli, ilipili, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Посен ролат од обланда

    1 голем лист обланда
    2 конзерви туна во парчиња
    200г. маринирани печурки
    4 кисели краставички
    3 лаж. печен сусам
    150г. маргарин
    100г. посен мајонез

    Се става кората од обланда помеѓу две влажни крпи да омекне. За тоа време се мати маргаринот со мајонезот, се додаваат сецканите печурки, сецканите краставички, сусамот и туната исцедена од маслото. Се добро се меша, се филува кората и со помош на крпата се витка ролатот. Готовиот ролат се става во фрижидер да се стегне (мене ми стоеше цела ноќ и супер се сечеше потоа на парчиња).


    Посна торта од спанаќ

    23лаж. брашно
    200г.варен спанаќ
    1дл. зејтин
    1дл. кисела вода
    1дл. пиво
    1 прашак за пециво, сол по потреба

    Со 20 лаж. брашно помешани со прашокот за пециво, зејтин, кисела вода и пиво се замесува тесто. Потоа се додава ситно сецкан обарен спанаќ и сол по вкус, па со останатите 3 лаж. брашно уште малку се домесува тестото. Во рецептот пишува дека овие состојки се за 3 кори, меѓутоа мене смесата ми се виде ептен малку за толку кори па јас правев една и ја печев во четвртаст плех обложен со хартија за печење. Оладената кора се филува со следниот фил:

    200г. посен мајонез
    150г. варен ориз
    100г. маргарин
    4 кисели кратставички
    2лаж. сенф
    50г. печен сусам (кој се користи за декорација врз филот).
    бибер и сол по потреба.


    Благодарам на Серафима за рецептите и за советите при нивно приготвување :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 001.jpg
      Picture 001.jpg
      Големина на фајлот:
      388 KB
      Прегледи:
      560
    • Picture 002.jpg
      Picture 002.jpg
      Големина на фајлот:
      346,4 KB
      Прегледи:
      559
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Пред извесен период една девојка (муслиманка) кажа дека маргаринот (кристал) од Благој Ѓорев е мрсен, заради емулгаторот Е471. Искрено и кај мене предизвика мал сомнеж и затоа малку истражував. Сомнежите некако се поклопија, па на крај им пишав директно во фабриката и добив одговор.
    Луѓето беа толку добри што ми испратија и сертификати од емулгаторот, во кој пишуваше дека 100% е од растително потекло. Значи да ја разрешиме дилемата, слободно може да се конзумира маргаринот во текот на постите (ова важи и за припадниците на исламот). :)

    Јавно им се заблагодарувам на ПИ Благој Ѓорев за искреноста и нивната несебична помош :) .
     
    На Antebellum, kjukli, ecapereca и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Bake rolls посни се, оние само од сол?а емулаторот Е322 каков е? гледам го има на некои производи кои во заграда пишува од растително потекло.
     
  18. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    туна? :^)
    па нели туна - риба не се јаде за овие пости јас така знам.. или погрешни ми се информациите?
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Тој емулгатор е посен. Уште се вика соја лецитин, зашто се добива од сојата :) .

    Точно е тоа, не се јаде риба.
    Девојката само даде предлог, можеби тоа придонело до мала забуна :) .
     
  20. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Денес правев Селско со соја, нешто слично има постирано Серафима во некоја од претходните страни. Значи вака:
    Прво ја сварив сојата(не шницли туку онаа топчиња што е), во меѓувреме додека се исцеди сојата, на маслиново масло запржив крупно исецкан кромид(1 до 2 главици) и сецкан праз, ги пржев додека кромидот добие златна боја, а празот да омекне, значи не многу, потоа додадов печурки, па ги додадов соја топчињата, околу минута-две ги пржев заедно, па додадов томатело сос и оригано и така оставив да крчка некое време, колку да се згусне. Јас додадов и чили бидејќи сакам луто и си имав преубав ручек за многу брзо време :)