Eве еден посен рецепт (уствари јас си го направив посен) Сникерс торта:1 маргарин се мати со 250 гр.шеќер во прав па му се додава 300гр,мелени или ситно сецкани кикиритки и 300 гр.мелени бисквити.Ако е сува смесата се додава малу шербет или сок(оригиналниот рецепт е со 2 јајца затоа овде за замена е шербетот да се замеси) Се плеска во плехче згора се премачкува со танок слој мед па се ставаат цели или крупно сецкани кикиритки и на крај се полива со чоколадна глазура(2 чоколади со 5-6 лајци масло)
За благо без масло конкретен рецепт незнам но сум правела како бомбици со разни суви овошја замесени со мед(пример урмите може да ги подвариш со малку вода и шеќер постануваат лепливи и меки па полесно се блендираат и замесуваат со смови, суви сливи ,кајсии мелени или блендирани .Може да додадеш кокос или ореви мелени и супер благо ем посно ем здраво.Јас исто обожавам варена пченица со ореви која може и да ја сомелеш и помешана со ореви и мед да се формираат бомбици.
Феминки се ближи именденот на ќерка ми а јас ништо немам приготвено + се треба да е посно Може ли рецепти за посни слатки, солено, тинтири минтири + декорација
Еве и од мене еден посен ручек кој може да го приготвите кога постите на вода ( без зејтин) и кога е на зејтин ( со додавање на зејтин). 4компири се лупат, се сецкат на коцки се стават во тавче ( зависно колку сакате количински да направите ) додавате сол, вегета, црн мелен бибер, 1 домат едро исецкан (за посочно и 2),1 глава излупен кромид на едро сецкана, 2 зелени пиперки исто на едро исецкани, 1мала лажичка црвен пипер,1 ловоров лист, 1 голема супена лажица брашно.Се облева со вода ,се меша, да се соедини. Како што претходно напоменав може и 4 големи лажици зејтин доколку е постот на зејтин или за ручек кога не се пости 1 мал филџан бело или црвено вино. Сето приготвено се става во фурна на 250 степени. Добар апетит
Намаз од авокадо (на вода) Состојки -1 авокадо (тежина околу 300гр) - сок од пола лимон -25 г мелени бланширани кикирики -сол,бибер,чили -1 чешне лук Авокадото се пресекува на пола,му се вади семката. Со лажичка се вади внатрешноста и се гмечи со вилушка,се додаваат елените кикирики и сокот од лимонот. Се добро се меша за да се добие компактна смеса. Смесата по вкус се посолува,побиберува и се додава мелено чили по вкус.
Посна штрудла Потребни состојки 500 гр. брашно 200 мл. вода 100 мл. зејтин 1 кесичка сув квасец 250 гр. мармалад по желба 2-3 јаболка 1 лажица мед 1 лажица цимет Подготовка Се замесува тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот и се остава да стаса. Откако ќе стаса се расукува кора која се премачкува со мармалад и над мармаладот се ренда јаболко. Се посипува со цимет и со лажица се цеди медот. Се завиткува во ролна и се остава да стаса и да се спои ролатот. Се засекува и се пече околу 30 минути на 190 степени. Се сече откако ќе се олади.
@Anaouou Од кој производител е? и каде можам да ја најдам? Во повеќе маркети проверив и на сите пишува во составот млечни протеини.
Салата од макарони Потребни состојки: -макарони(една пакетка или повеќе зависи за колку луѓе спремате) -туна -печурки -посен мајонез Превкусно е кога ке се спреми само ги варете макароните додавате туна,печурки и мајонез и превкусно е .
Јaс имaм зимaнo пaкувaнa вo кесичкa не ми текнувa кaкo се викa тукa вo елидa вo Кумaнoвo..aли сигурнo имa и пo кaм,тинекс..имa и рефус прaшaј некaде бaнaтскa рaстителнa ...и oвa плус нештo нaше
Во кам побарав немаше, во веро побарав немаше и една од вработените ми рече да не те лажат посна не постои, и плус во два локални маркети немаше, ќе видам оваа од милко ке ја побарам. Фала
@Anaouou Состојки: произведено од пастеризирани, хомогенизирани суруткини протеини во прав и растителна маст, сол. Ова пишува на таа од Милко, ова суруткини протеини ме буни, сепак мислам дека не е посна.
Сурутката се добива од млеко, така да не знам колку е посна. http://migusto.mk/surtuka-nezamenliv-priroden-eliskir/
На сите изварки низ маркетите во составот има сурутка, така да дојдов до заклучок дека посна изварка не постои.