Може ли некој да ми каже кој им е составот на т.н. посни сирења и кашкавали што се наоѓаат на нашиот пазар по многу поволна цена? Дали навистина се „посни“ или само се обезмастени и млечните масти им се заменети со растителни масла, како на пр. палмино масло? Или се пак се направени без никаков додаток на масти од животинско потекло?
За посните сирења не знам, ама за посните кашкавали можам да ти кажам дека поштетно нешто од нив не постои. Содржат состојки кои не можат да се разградат во организмот бидејќи човекот едноставно НЕМА такви ензими за нивна преработка. Се исфрлаат така, несварени. Го имам дискутирано ова и со личности што колку-толку се разбираат од вакви работи (не се стручњаци, ама не се будали што би треселе глупости), така да јас лично не би ги препорачала никому. Мислам, многу е просто.. Се знае дека кашкавалот и сирењето се МЛЕЧНИ производи. Како може да се очекува тие да бидат посни??? Тогаш не се ни кашкавал ни сирење.. Нека ги викаат како сакаат (што би рекла една моја блиска личност - гума од пони точак!), ама сирење и кашкавал не можат да бидат па што сака нека биде.. Особено оние со ниски цени... Само Господ знае што се има во нив... камо да е палмино масло, среќни ќе бидеме Сепак, види размисли.. И мене ми беше сеедно едно време, дури не ми текна да го вклучам мозокот и да се запрашам што уствари јадам. Така сега не ми текнува ни да помирисам такви работи, а не па да пробам...
Земав посно сирење од еден маркет, го отворив, го пробав и го фрлив цел и никогаш веќе на памет нема да ми дојде да купам пак.
Јас го користам само посниот кашкавал, и тоа само на неколку производители, зашто другите не ми имаат вкус, не верувам дека се здрави продукти, но за во пост понекогаш заменуваат мелечни протеини.
За жал нема посни сирења на нашиот пазар, ако под посни подразбираш сирење со намалени или без маснотии. Додуша порано имаше еден кашкавал со 25%мм во сува материја, го заборавив името пошто чудно беше, словенечко потекло, ќе го најдеш во рамстор. Тие тнр. сирења со растителни масти не се посни сирења туку ефтина замена за сирење. Не ни смее тоа губре да се нарекува сирење.
Јас пред точно една година најдов посно сирење од наш производител во една локална продавница. Дали сеуште го има, не можам да ти потврдам. Не сум купувал од тогаш во таа продавница.
Не може да ми текне зошто беше од поодамна, но сигурен сум дека беше наш производител. Маркетот од кај што купив беше во Скопје. Ако не ме мрзи да застанам до продавничката, ќе видам баш дали го имаат баш истиот производ сеуште и би ти кажал точно кој е.
Растителен кашкавал Ирко на пекабеско Растително сирење, еден куп такви се декларираа порано, почнувајки од тоа на здравје радово што стои во полиците со растителни производи, па сирењето на милко од струмица и ред други.. Дека нема ни грам млечни масти ми е малку тешко за верување..