Во некои земји камерите во автомобил се (скоро) задолжителни и се дел од доказниот материјал при евентуална сообраќајна несреќа или нешто друго. Мислите ли дека ова би можело и требало и кај нас?
Треба да има задолжително и точка. Колку има што возат ко ненормални, страшно е. Се случило за влакно да не не соберат од спротива. Вака барем ќе имаш доказ за таков прекршок. Нормално и ако соодветно се санкционира.
Треба да има. Секако дека сум ЗА мерки со кои се подобрува безбедноста во сообраќајот, која баш и не е на завидно ниво. Премногу несовесни возачи, премногу прекршоци кои остануваат неказнети. Да не зборувам па за последиците и бројот на жртви од ваквите неранимајковци.
Секако дека треба да има.Какви будали има низ градов и колку не знаат да возат, треба да има како дополнителна мерка за наша безбедност пред се. Ке се има поголем увид во сообраќајот, големо ДА!
@LanaSGirl , @sjdgo Камерите можат да помогнат во расветлување на сообраќајка или откривање на виновникот кој го расипал возилото или украл нешто од него. Корисно би било да ги има.
@nextredstyle и останатите. Божем сега се нема увид кој е виновник, или кога ќе постават камери во ваш имот, сите виновници ќе почнат да добиваат заслужена казна. Е, ама ако некој сака да ме следи и прислушува, ете му уште еден начин.
Би било убаво да ги има, ама не верувам да се реализира. Како ќе земаат тогаш мито полицајците, како на свои луѓе да пишат казна ако до сега било терај брат, како?
Треба да има. Со тоа би се заштитиле и при сообраќајка во која би можело да се докаже кој е виновен недај боже. Потполно сум за вакво нешто.
Сите полицајци сеа по ново имаат поставено камерче на себе и кога те сопира све се документира. Се надевам ова ќе помогне у борбата со М и К
Од кога апаратчево ? Немам видено на никој а и по понашањето нивно од последниве неколку дена, пошто врие од нив, сумњам да им се у функција.
Од кога ме сопреа пред некое време Така ми кажа чичо полицаец, дека разговорот се снима и покажа кон камерчето што е прикачено на униформата.
Не ме разбираш. Додека постои запис, може да се дојде до него. Камерата го снима и документира движењето, тоа е само по себе следење. Не сака секој да се осети под надзор. Денес не ни знаеш која камера ќе те улови и каде.
Разбирам, но веќе насекаде има камери, раскрсници,продавници, иституции, така што колку и да сакаме приватност во јавни простори тешко дека би имале. А камера јас лично, би ставила во својот автомобил, пред се` заради своја безбедност а и заштита на возилото.
Лошо се изразив во претходниот пост. Спомнав работи кои се за во други теми, ама поентата стои. Јас лично немам страв од камерите, само посочувам што сѐ се случува и како е фокусот кон погрешни решенија. Системот не ги решава престапниците, нема ни повеќе камери да ги решат, само се отвора простор за нови злоупотреби. Во време кога не постоело такво нешто како камера, помал бил и криминалот и престапништвото, тоа е некаква иронија на животот.