Поставување на камера во секое возило

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rakometar, 26 јули 2019.

  1. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    Ако си возиш како што треба, според прописи, тогаш не треба да се плашиш од камера во возилото. Таа секако би била свртена со погледот напред, а не позади и со тоа не би била нарушена интимноста и приватната сфера на ниту еден човек. Во Русија на пример поставувањето камери на предното стакло е задолжително. Па мислам и дека во Америка е тоа така. А и верувам дека би било корисно и за расчистување на сообраќајни несреќи и нормално, би биле доста економични во поглед на кажување лаги и непотребни зборови. Помалку ќе имаат простор луѓето да лажат а повеќе ќе се создадат можности да се расветли некој случај.
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115 и Beauty.Mar им се допаѓа ова.
  2. Beauty.Mar

    Beauty.Mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2017
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    1.159
    Пол:
    Женски
    Јас пак сметам дека кога луѓето би знаеле дека во секое возило има камера, повеќе би внимавале на тоа како се однесуваат.
    Но, од друга страна, кога ќе ми текне каков народ живее во државава- не знам дали тоа би влијаело на нивната совесност. А би било добро да има влијание.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.971
    Допаѓања:
    53.428
    Пол:
    Машки
    Камерата не снима внатре, само кон улицата:D
     
    На WildMk, EvAngelos, babaDara и 2 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.740
    Допаѓања:
    10.283
    Пол:
    Машки
    Добро би било секоја кола да има задолжителен уред кој преку GPS ќе ја следи брзината на возилото и доколку ја надмине дозволената, автоматски ќе ја праќа на полиција. Ова е толку прелесно да се изведе, а зошто не се изведува, се уште не ми е јасно.
     
    На kolovoz, nextredstyle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.316
    Оти е нарушување на приватноста.
    Од шо мака цело време да ме следи некој кај одам?
     
    На Amaris му/ѝ се допаѓа ова.