Овој го најдов на интернет, ама нема него да го правам, една пријателка ми даде друг рецепт, така да ќе Ви го напишам и другиот: 40 може и повеќе, зависи која големина е модлата лица30 мин – 60 мин Состојки 1 кг брашно 250 мл млеко 1 квасец 150 гр зејтин 100 гр шеќер 1 паковка ванила 2 јајца 100 гр вода по потреба..околу 100 мл, зависи какво е брашното дали е меко и дали се расплеснува 1 јајце за премачкување За почеток во садот со брашното го додадов претходно стасаниот квасец и јајцата. Потоа ги додадов шеќерот, млекото и маслото, и продолжив со месењето на тестото. Ако тестото ви е тврдичко се додава и вода по потреба. Убаво обработено, тестото го оставаме да одмори. Кога ќе се подкрене во садот, значи дека е готово за работа. Го поделив на два дела, за полесна работа иако не мора. Растегнав кора со сукалка, со дебелина од еден прст и со модлата во вид на ноженце и звадив полноо ножиња. Така подготвени за печење, ножињата ги наредив во подмачкан плех. (тавата или плехот го премачкав со маргарин за да бидат помеки и полесно да се вадат, да не лепат ) На страна во мал сад матиме едно јајце и додаваме неколку капки масло и ванила. Промешуваме и ги премачкуваме ножињата. Веднаш ги печеме . Готови се кога ќе ја сменат бојата--кога ќе заруменат. Веднаш ги попрскав со шеќер во прав за да впие додека е топло. Извор: Grid
Eве јас што најдов Потребно: 1кг брашнo 250 гр шеќер 4 јајца 200 гр маргарин 200 мл млеко 1 квасец 2 пакетчиња ванилин шеќер,рендана кора од лимон,и малку сол за квасецот Подготовка: Се раствора квасецот во млако млеко, со малку сол и се остава да нарасне. Се замесува тесто од сите состојки, се остава да кисне ,се измесува добро и се сука кора дебела околу 1 см. Со калапче се вадат во форма на стапалки , се премачкуваат со жолчка и на прстињата се става по едно зрно суво грозје. Се печат во тепсија намачкана со маргарин околу половина час.
Еве го рецептот што ќе го правам во петок: 1kg Брашно 2 Јајца 400gr шеќер 6 лажици мед 2 кори од лимон 400gr. маргарин-стопен 1 кесичка цимет 4 кесички ванилин шеќер .....се ова се замесува, се растега до добелина од 1 прст, и со калапчето се вадат стапачки.
Јас колку што знам, се викаат постапалки, а не стапалца. Не се прават секаде, мене искрено ова ми беше непознато, бидејќи во мојот крај не се практикува. Не се практикува ниту таму од каде што потекнуваат родителите на мм. Дознав пред година дена за оваа традиција, ми се допаѓа, па можеби за второ дете би правела нешто. Убав и лесен рецепт за вакви колачи е овој 200гр брашно 50гр густин 100гр шеќер 100гр маргарин или путер на собна температура 1 прашак за пециво (8-10 гр) ванила (8-10 гр) 1 јајце Од сите состојки се замесува тесто. Тестото е меко, масно, мазно и убаво за работа. Се сука кора со дебелина од половина сантиметар и се вадат форми со калапчиња или најобична чаша. Се редат во плех со хартија за печење. Се редат на растојание од од прилика 1 см за да има место да нараснат. Се печат на 200 степени 15-20 мин, зависно од рерната. Превкусни се, и прелесни за правење. За повеќе колачи зголемете ја дозата двојно или тројно, по ваш избор.
Преку логика сфатив дека ова е адет и се практикува кога бебчето ќе прооди. Но може ли некој да ми објасни поопширно? Се прави ли ова во Скопје? После колку време откако ќе прооди бебчето се прави ова и што е адетот, само за домашните или нешто се слави и со гости?
Јас од Скопјани го дознав инаку се прават постапалки штом бебето ќе се пушти, и се раздаваат по луѓе. Исто како во Битола што прават турте за прво запче
@Lovely93 ова е адет, како сутлиаш за прво запче. Се викаат постапалки....кога малиот ќе прооди мајката ги меси, и ги разнесува, пример мојов прооде пред 6 дена, ама ете вечер ќе ги правам и утре ќе ги разнесувам кај јатрва ми, старосватицата, деверот,кумата, пријатели блиски...ама само на врата им ги давам и продолжувам - таков е адетот, да не сме застанувале, за он да одел без застанување во животот.
Интересен адет, навистина не сум знаела досега, можеби дека немам бебчиња во фамилија, а можеби не го практикуваат сите. Ти благодарам.
Ние деновиве ќе правиме постапалки за внук ми. Ни кажаа се правеле и давале кога било млада месечина. Прашавме и во црква и ни рекоа од 20 ти Јануари е млада месечина, така што наредната недела ќе ги направиме и ќе прикачам слика да ги видите.
snow stapalcava super se..ama na poslednava slika maliot kako zirka so taa facichkata hahahha najjak gushki nataka
И јас направив постапалки за син ми, пред неколку дена почна сам да се пушта и веќе прави 7-8 самостојни чекорчиња. Постапалките ги направив по рецептот на @Annath но место ванилин шеќер ставив шеќер со арома на рум и излегоа многу вкусни. Одозгора им ставив фондан во виолетова, сина, зелена и црвена боја. Мислам дека треба да се смени насловот на темата од "Стапалца" во "Постапалки"
I jas gi pravev na mlada mesecina, prasav pop i taka mi kaza, a i poznative so deca istoto mi go kazaa pa taka i napraviv. Adet e, pa stom proodi togas i se padna za nekoj den da e mlada mesecina i gi napraviv najvkusnite prestapulki i podadov na komsiite i za saat dva ne ostana nisto
Јас за на работа порачав од мон шери, ем вкусни ем преубави на изглед. Слични на овие беа само не апостолки туку баш стапало
Кај нас откако ќе прооди детето правиме баклава ♦ чурек ѝ потстапалки и си ги пакуваме од трите раб по едно парче и носиме кај комшии роднини пријатели