Секој факултет си има секретаријат. Имаат посебен дел кој е за странци и даваат такви информации. На конкретниотшто те интересира ќе треба на интернет страната да ја најдеш мејл адресата и да ги исконтактираш, или секако, доколку си во можност, лично. Факултетот е признат, јас барем тој одговор го имам добиено, но со финтата дека зависи од работодавецот дали ќе те прими.
Dali celosno e priznat ili treba da se polagaat uste nekoi ispiti strucni, za Germanskoto pravo, dali znaete nekoj koj raboti na strukata so Praven vo Germanija za da go kontraktirame, Blagodaram odnapred
Имав порано контакт со едно девојче кое преку некоја од невладиниве организации АИСИЕК мислам беше, доби практикум во меѓународна фирма како правник. МЕТРО мислам беше. На жалост немам повеќе контакт па да кажам разврска и дали потоа нашла работа врз база на тоа искуство како практикум. Имав контакт и со едно девојче од Грција, исто со Мастер, која со години не можеше работа да најзе, па започна од старт, на ново во Германија да учи. На жалост немам подетални информации. Најдобро би било да се праша за признавање на дипломи, дали/колку признаваат. Кој им е актуелниот став.
Девојки ми треба помош. Дали може да ми посочите некои поефтини факултети во Германија за постдипл? И дали има некакви стипендии за студирање?
Супер што ми излезе темава! Има некој со понови информации? Како оди животот, смештајот? Колку би било на годишно ниво финансиски трошкови? Дали има некоја стипендија освен државна за топ 100 универзитети? Државната е океј, но треба да се вратиш после тука да работиш. Ако некој ја користел искуство и за тоа ако може. Фала ви дечки!
Можам да ти одговорам за стипендии. Јaс аплицирав ноември месец за стипендијата DAAD за да можам да заминам сега летото на summer courses, ама нели corona happened и ми ги откажаа курсовите и со тоа и стипендијата. Еве тука можеш да си разгледаш, убаво е објаснето се, од процес на аплицирање, до документи, до смештај итн - https://www.daad.de/en/ Ако не се лажам и оваа година се аплицира пак тој период ноември/декември доколку сакаш да почнеш со студии во зимски семестар 2021 или за summer courses 2021. Keep in mind дека ако веќе одлучиш да аплицираш за оваа стипендија требе веќе да знаеш на кој факултет би сакала да студираш бидејќи ќе ти бараат мотивациони писма каде што треба да објасниш зошто тој факултет си го одбрала и слични такви прашања, што значи дека нема врска дали те имаат примено на факултет, прво се аплицира за стипендија а потоа ако ја добиеш од тие пари си го плаќаш факултетот кога ќе те примат.
Се надевам сеуште го отварате форумов Дали успеавте да средите околу признавање на факултетот и работа по струка? Јас имам и правосуден положено овде во мк. Наскоро се селам во Германија, па ова ме интерресираше и мене