Постдипломски студии

Дискусија во 'Образование' започната од kate, 28 јануари 2010.

  1. kate

    kate Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    25
    Навистина би сакала да го продолжам образованието гледајќи што се случува и гледајќи дека секој се запишува на постдипломски. Немам големи финасиски можности, па во потрага сум по нешто исплатливо.
    Секоја информација за цени ме интересира. Исто дали знаете за некои програми на владата за бесплатни студии?
    Фала однапред
     
    На Elen.b му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    82
    исплатливо? кај нас нема такво нешто... на правен мастерот се 1200 евра од година што е премногу.. е сега незнам дали праиш муабет за овие нормалниве постдипломски или овие глупиве постдипломски- мастер студии од уште поголемата глупост 3+2
     
  3. kate

    kate Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    25
    Не сум 3+2. Нормални постдипломски студии. Иако имав желба да учам, бев решена да се откажам од постдипломски, ама едноставно кога ќе видам какви луѓе се запишуваат и ќе станат што би се рекло магистри ми се крева косата.

    Знам дека не е многу исплатливо, но ќе направам се од себе да се запишам. Иначе 1200 евра се премногу. За тие пари има магистерски студии во странство. Плус таму ќе работиш нешто успат. Ах.....
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Најисплатливо е на државен, и се плаќа 2 семестри по 500 евра и 1000 евра кога ќе ја пријавиш магистерската. Значи вкупно 2000. Плус за испит по 13 евра, и две семинарски по 35 евра (муабетов е за економски, ама колку што знам сите државни факултети се тука негде, барем овие во Скопје)
    Е сега знам дека нешто вледата даваше стипендии за постдипломци што се невработени и имаат помалку од 28 години, ама поконкретно не знам. Ќе се распрашам по луѓе, а и ти информирај се, веројатно во Министерство заобразование и наука.
    Ако имаш добар просек обавезно барај нешто во странство. Верувај дека ќе ти се исплати. Не можам да си простам што не го направив тоа.
     
  5. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    82

    странство е далеку поевтино... само проблемот е што за на почеток ќе ти треба многу кешарица.. јас гледав за себе за тие +2 години мастерот за стварно реномиран универзитет во Трст, Италија... година е 1200 евра, патем доколку положиш 70% од испитите во годината парите ти се враќаат сега дали од 70% до 100% не сум баш сигурна, тоа имаше некоја врска со положените испити... све е тоа супер само што за почеток треба јааааака финансиска поддршка. ако ми падне од небо некоја 7ца лото би било супер...
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Уф, колку сум лута на постдипломските мои! Еден проклет професор ме утепа од бутање. Последен ми е, 90 % имав напишано, и сеа се јавувам на студентски прашања и ми кажуваат дека ме нема на список?!?! Кај ќе го барам сеа професорот, не се јавува на телефон, не одговара на маил, нема приемни денови... да не треба да висам сеа на 30 години на факултет, да го начекам професорот на кој му немам ни распоред ни е-маил, ни телефон ни ништо, да видам шо е работа шо ме нема на список???
    Државен факултет... и после они флексибилни биле ... марш бе таму!!! :evil:
     
    На mmaceee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    jas zavrsiv makedonska knizevnost so makedonski jazik,za profesorka po makedonski,sakam da idam na potdiplomski ama neznam na sto,sakam da e nesto perspektivno a ne i toa da go zavrsam i pak da ne mozam da najdam rabota na strukata.ako ima nekoj nekoe poznavanje so kako moze,neka kaze..
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Имаш многу опции, треба да видиш што ти одговара за работа, кариера, што те интересира итн. Во принцип можеш да се зпишеш на било кој од општествените факултети. Менаџмент е доста општо и применливо, маркетинг, менаџмент во образованието исто има, ако евентуално работиш во школо, социологија, менџмент на човечки тесурси, политички науки, комуникологија, психологија, екологија на машински исто мислам дека може, дизајн или така нешто сега се отвори исто на машински, а по приватните исто има доста опции...
    Значи ти реши се прво што сакаш, ако ти е поврзано со работата уште поубаво, или на што би се фокусирала во иднина... види и на сајтовите на факултетите, има сегде информации кои насоки ги имаат. А за општествените не мора да имаш завршено факултет од таа област, освен за некои поспецифични, ама сепак има мноооогу избор.
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    Ariel jas magistrirav na ekonomski...na menadzment, pred pola godina...koj e toj moron sto tolku te maltretira???moze znam nekoj sovet, nekoja caka, da ti kazam :lol: ....
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Благоја, кој друг. Знам за прашањата, и напишав 47 од 50, и шеми нацртав, и се живо, и ме нема на список.
    Пиши некој совет... што и да е. Фала однапред. Уште тој ми е, и на раб сум да се откажам. Али не ми е у карактер откажување :lol: . А кај кого зема магистерска?
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    Леле колку само знаев дека е он....ако си напиша, за кај Благоја е барем лесно...оди кај него на увид...тој за тоа не прави проблем воопшто...со тебе заедно ќе ги разгледа прашањата и тој признава ако згрешил, и ќе си го решиш проблемот...и мој колега и моја колешка вака си средија....отидоа на увид имаа напишано и ги пушти...само Шуклев не си ги признава грешките...кај овој немаш гајле...а магистерска земав кај Дракулевски...се двоумев мечу него и Таки Фити....ама Дракулевски ми е стварно беспрекорен човек...ти советувам и тебе...најкоректно ќе поминеш, секогаш ти е достапен по мејл по телефон, да се координираш, се грижи буквално за тебе и за магистерската :lol: се до завршувањето....така да мој искрен совет ти е тоа...а кај Благоја да си отидеш ич да не му ја мислиш, ако неможеш да го најдеш , тој не одговара на мејл, барај го на телефон...имаш на страната на факултет, или пиши му на Никола асистентот да договориш увид...и немај гајле...штом си напишала ќе поминеш, не е тој таков...поздрав и пиши што направи ;)
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Леле, фала многу за ова. Мене ми беше шубе да одам, да не ми прави проблеми, не знаев како реагира на такви работи (немам завршено економски и не го знам од порано).
    Ако положам, тте частам кафе... не бе кафе, ручек.
    А и баш мислев кај Дракулевски да земам, ама не знаев каков е. Се мислев меѓу него и Димитар Бојаџиевски или како ли се викаше типот што предава МЧР. Супер што ми кажа. Кажи ми коку време те фати подготовката на магистерската, те враќаше ли многу и слично? Мене малце ми се брза заради работа.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    77.452
    Благоја,МИС?! :lol:
    Ако е тој...каков човек...кажи му мрсен виц и ќе те пушти.Се зезам.
    Јас сакам да се запишам на постдипломски.Ако останам тука во Македонија и повторно се одлучам за економски сигурно нема да отидам на овој во Скопје државниов.Или Прилеп каде се само 5 испити или на економскиот институт во Скопје.Иако,ми влезе некоја идеја да одам на правен или електро затоа што е поисплатливо и ќе имам поголеми шанси за подобро вработување(аха,баш тука во Македонија,сигурно).Сум оптимист за постдипломски во Прага,ама ќе видиме што ќе биде од тоа...Дефинитивно исплатлива инвестиција во себе во услови каде средното образование е сосема потценето и сведено на ниво на основно како на времето,а со диплома си само како со средно.Се ужаснувам од помислата кој се не кретен заврши факултет и кој се не кретен има амбиција да отиде на постдипломски,па си викам па не сум до толку глупава да не пробам и јас иако во прво време ми се гледаше како некое оптеретување и губење на време,со оглед на тоа колку се чувствувам изгњавено од факултетот ради фантастично добрите,фер професори.Ние сме држава со најголем број на академски граѓани на Балканов и се чудам како луѓево имаат амбиција да се отвараат фабрики и во нив да се вработуваат работници,кога ние сме сите саде мозоци!Ние сме новата Кина,Кина на Балканот!Сите умни на мајка!Јас сум за тест за интелигенција пред упис на факултет,молим лепо.Малце забегав офф ама морав.
     
    На Domakica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    Ариел вака...значи најпрво за Благоја уште еднаш ќе ти кашам договори си термин само по телефон или преку асистентот негов...и слободно да одиш, за тоа е многу коректен, имам и јас отидено на додипломски...и најкотектно поминав...е сега мене магистерската ме фати околлу 3-4 месеци спремањето, со тоа што не беше ефективно, бев во странство па нешто од таму, па ќе дојдев и така...а меѓу овие двајца што ти се двоумиш, дефинитивно Дракулевски...кај Димитрија можеби малку полесно ќе поминеш, но ако сакаш квалитетна магистерска, стварно да ја спремиш и да си поткована на темата, Дракулевски...и плус Димитрија многу тешко ќе можеш да го наоѓаш така да губење време и од тој аспект...додека со Дракулевски можеби нема ни да треба воопшто да се видиш....комуникација он лине 24 аурс :lol: стварно мој совет ти е тоа, да одиш кај него...а за враќање, ме враќаше, со конкретни совети и упатства, ама ќе ми пише на мејл, јас ќе средам, ќе му пуштам, пак ќе ме корегира...значи беспрекорно и без многу тешкотии ќе ја завршиш со него...и најбитно, многу добро ќе те спреми за одбраната....мојата магистерска стварно квалитетни ја изработив благодарение на него...човекот си е стручњак, професор, има знаење , разбирање како никој....поздравче и се најубаво...и Благоја уште утре да го најдеш :lol: ич не му ја мисли... :lol:
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Enca69, фала многу! Јас ќе оставев така. Ќе ти пишам што сум направила.

    Лилит, е баш тој Багоја :lol: . Можеш да замислиш како ми падна вилицата, кога отидов на постдипломски каде што очекував да научам многу, да има врвни професори и интелектуални дебати, а ме пречекаа мрсни вицови!

    Обавезно оди во странство на постдиломски, ќе најдеш нешто, има можности. Единствена работа што ми е криво што не сум ја направила во животот е тоа. Тие што отидоа ги лапнаа сите добри работни места. Ама сеа со 2 деца, троа потешко :D

    Туку уште си млада, сега гледаш кој се' не зарши факултет... јас сега гледам кој се' не заврши постдипломски, а почнувам и да гледам празноглавци што се на докторат, па и завршуваат...
    И јас мислам дека е добро да се смени област на постдипломски, ама можеш на општествени, на електро нема да те примат. Ја само што дипломирав поднесов на ПМФ, и ме одбија заради несроден факултет. Немаше врска, зошто баш таа насока од нула се почнуваше ама ај.. ептен се бизнис ориентед. 2000 евра - не, благодарам!

    И мислам дека нема баш не знам колку со високо обрзование, до скоро знаев конкретни бројки, ама ми избегаа од контрола. Нема да биде Кина ... таму се работи. Ние сме родени за продавње памет!
     
  16. babyI

    babyI Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Јас имав огромна желба да студирам некаде во Европа,ама не ми се оствари за жал :((( Сега сум прва година на информатика,и знам рано ми е да мислам за постдипломски . Ама се надевам дека ке заминам на постдипломски студии некаде на страна, дај боже во Англија мислам дека немам поголема желба од таа, да студирам во Лондон пример :D . Е сега, често чепкам по нет да видам што понуди има и баш денеска наидов на една страна, ама сега сигурно е против правилата да напишам страницата .... Да не испадне ја рекламирам агенцијата или што знам .. Уствари не знам дали е агенција, па сакав да слушнам ваши мислења, а може и некој има искуство со нив. Ај пошто сум нова кажете ми дали смеам да го постирам линкот па ќе ве бомбадирам со прашања .. :)
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Enca69, имаш кафе и ручек од мене!!!!
    Сум положила со осмица!!!!! Никад немаше да отидам да не ми пиша ти!!!

    babyI мислам дека можеш да ја пишеш страницата, а ако не администраторките ќе те искараат :D
    Не знам многу за англија, ама знам дека е скапо многу, и школото и животот.
     
  18. babyI

    babyI Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Линк
    Значи не ме карајте не правам реклама :D Само ме интересира дали некој е запознаен и има искуство со нив. Им ги разгледував програмите и за помалку од 5000 фунти имаат многу интересни програми за информатика.И тоа во Лондон, убавини :D А во делот за прашања,некој има прашано како да биде сигурен дека ова не е уште една агенција што ќе им ги земе парите, имаат одговорено дека не баарат пари за услугата, дека апликацијата си ја праќаш до Универзитетите и дека ако ги исполнуваш условите од таму ќе те известат и можеш да плаќаш на рати. Па јас можам и сама да си ја најдам апликацијата од нивната страна, стварно не знам што е поентата :?:
    Ај видете па пишете. Администратори не ме карајте само сум љубопитна :oops:
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.404
    AAAAAAУУУУУУУУУУУУ колку ми е милоооооооооо :up: :D .....со среќа...бравоооо :lol: ............сега набрзинка магистерската и готовоооо.... :lol: ....многу ми е мило, посебно што си ми омилена личност од форумов.... :lol: им се восхитувам на луѓе како тебе, и семејство и работа,кариера и образование, се до 29 години...........реткост е тоа....и башка секој твој пост ми е супер, се ти е на место и многу убаво кажано....ама ептен ми е мило..а за кафе и ќе частиш да знаеш....ипак последен испит е :lol: ....со срека уште еднаш и се најубавооо :D
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.747
    Фала многу! Не знаеш колку ми помогна! И со муабетот да отидам на увид, и дека Дракулевски е супер, и дека може да се заврши за 4-5 месеци со магистерска, сите нешто ме „плашеа“ дека мена шанси брзо да се заврши...Се надевам ќе ти се оддолжам некако. Јас ќе одев во март пак да полагам, и ќе се развлечев со магистерската, а ако успеам до јуни ако ја завршам може многу да ми значи за на работа!

    И фала за убавите зборови, уф, колку сум среќна!

    Инаку и ти имаш фора до 29 многу работи да направиш :D ... тие што не ти се направени :D