Ова за магистерскиот труд се однесува? На групава од фон пишаа дека за административна такса за магистерска се плаќа 300 евра
Каква е таа морална потврда? Некоја потврда што не се дрогира, не се курва, не пцуе, не се коцка? Внимавајте како академски граѓани на зборов „морално-неморално„. Потврдата е задолжителна или може да биде незадолжителна, а не морална или неморална. Зборот „морално„ има сосема друго значење. Кога аплицира некој на пр. за странско државјанство може да му барат задолжителна потврда за добар морал (дека не е осудувано лицето, дека не се дрогира, дека не се коцка - тоа се неморални работи). или на пр. спортистите можат да имаат висок морал (благодарејќи на тренингот, ентузијазмот и добрата подршка). Знам дека ова не е темата, но во подфорум образование сме па добро е да си свртуваме внимание на вакви работи.
Здраво! Сакам да прашам дали некој знае какви се условите за постдипломски во Швајцарија? Ако има некој што е таму или има некој близок да ми каже колку пари е, дали има некои конкурси или сл.? Ви благодарам!
Ова со постдипломските не ми е многу јасно. Јас студирам менаџмент, и кој ми се опциите за постдипломски студии а на пр. тие студии да не бидат дел од економските науки?
Мислам дека можеш да запишеш постдипломски студии само од сродна област на додипломските студии. Значи, од областа на економијата.
И јас така мислев, се додека другарка од филолошки не упиша постдипломски на Меѓународна економија и бизнис на Економски факс у Скопје. Мене конкретно ме интересира дали може да запишам Criminal law and criminology, им пратив е-маил на универзитетот во Германија каде што сакам да студирам, али еве више 4 дена поминаа, и уште ми немаат одговорено.
Девојки има овде некој што магистрирал на Економски Факултет- Скопје , да ми објасни подетално околу трудот , процедурата за поднесување пријава ?
Во Германија ако сакаш да запишеш постдипломски, мораш во сродна област. Таму не може на пример со филолошки да се запишеш на економски, туку мора нешто поврзано со јазик. Е сеа, не викам не, можеби некаде прават исклучоци, така што паметно е што си им пишала. Ако не ти вратат уште некој ден, пиши им пак, или па најди некој друг имеил од професор, одговорен, административец на факултетот и пиши им. Ќе ти одговорат, можеби не одма, ама ќе ти вратат одговор. И со среќа
Zdravo zenski,nova sum na forumov pa sakav da ve zamolam za mislenje,zasto se dvoumam.Sto mislite za ''postdiplomski na ukim VS postdiplomski na ekonomski institut.Blagodaram odnapred
Дали некој е запишан на постдипломски на Педагошки факултет или на Филозофски на катедра Педагогија или пак познава некој па да сподели мислења, а би можел да ми се обрати и во ЛП за некоја дополнителна информација. Многу ви благодарам
Нема да зажалиш ако се запишиш на Економски институт. Истата диплома е, само што атмосферата во установата е ептен пријатна. Разгледај си ги опциите, сепак изборот е твој
Точни ли се муабетите што кружат дека од следната академска година мора просекот да ти биде мин. 8,00 за да запишеш Магистерски студии (ова на било кој факултет во државава) ? Знам дека е вака за Докторските, а за Магистерските немаше ограничување, барем колку што сум информирана.
Можеби ќе бидам нападната заради мислењево... Да истото и јас го слушнав дека ќе има ограничување. Ама така и треба да биде! Просек над 8 за постдпломски студии! А не (со извинување) и "ќораво и сакато" на постдипломски
Јас кога се запишував немаше никакво ограничување . И јас подржувам ако го воведат ова , мислам дека и порано беше така , ама од алчност факултетите спуштија критериуми . Ама искрено се сомневам дека ќе го воведат ова , знаете ли колку се запишуваат фрлаат по 1000 евра и на крај не ги ни завршуваат па така да добар приход им е . Инаку некој прашал за Економски институт , воопшто не е е иста дипломата ,дипломата од Економски факултет е повеќе ценета . А да на институтот ги пуштаат постдипломците полесно да поминат Цената е иста за студирање и секој што се двоуми јас би му препорачала да си се запише на Економски факултет.
Здраво феминки апсолвентки, Ме интересира дали има некој запишан или пак знае нешто за Проектен Менаџмент на Електро и да сподели некакво искуство, тешко/лесно, на кој јазик се учи и дали се добри студиите и како сте задоволни ? Фала ви однапред
Колку се плаќа да се пријави испит во априлска сесија на УГД, 500 ден како во редовна сесија или повеќе?
Здраво!!!Јас имам 2 прашања Вака; студирам на универзитетот Гоце Делчев Штип и оваа година треба да дипломирам. Дипломската ми е закажана во октомври. Сакам да се запишам одма на постдипломски во Скопје на Земјоделскиот Факултет. Дали знаете кога се уписите за втор циклус на студии во Скопје (постдипломските) и дали ќе ги фанам за да се запишам ? И второто прашање; Сакам да аплицирам за студентски дом во кузман. Дали уопште примаат постдипломци и ако примаат кога се уписите? Разбрав дека пред да дипломираат аплицирале и после откако ќе дипломираат се запишувале на постдипломски и ништо не му барале од домот. Ама за тие што веќе се во Скопје. А јас пошто сум во Штип и оваа година ќе се префлувам, незнам како ќе се изведе тоа! поздрав!!!!