Немацрска дали е 3 или 4, ако сакаш мастер ке продолжиш на тој што имаш веке над 160 или 180 кредити. Од економски на финки не може.
Ако има некој на постипломски во Словенија нека ме контактира имам прашања. Љубљана, Марибор или Копер.
Zdravo na site. Imam zavrseno angliski, stara programa, i sakam da se zapisam na postdiplomski delovno pravo, prvo-dali mozam da se zapisam na delovno pravo i vtoro dali jas kako nepravnik mozam da se snajdam na postdiplomski na pravo?
Дечки ај хелп... Треба да бранам магистерска во скоро време, но ме интересира што носевте за частење на факс?
Девојки ако некоја знае... со магистер по фармација на постдипломски можам само на фармацевтси да продолжам или можам и на некој биохемиски смер на пмф или медицински ??
Јас носев јаткасти овошја, измешавме бадеми, индиски ореви, лешници и такви ми ти работи. Имавме порачано различни врски колачи, а за пиење сок и виски ми се чини. Ми честитаа од комисијата, ги почастив и нив и најблиските што дојдоа, десетина минути пауза и лаф муабет, па после одма имаше друга магистерска. Така да, брзо поминуваат частенките, не се замарај многу Мојата комисија цел ден имаше магистерски, веќе преку глава им беше од частење, кај мене мислам дека ништо не ни каснаа
Некако и јас вака си го замислував моментот. Вака направив за дипломската,но сепак добро е да чуеш од искуство, бидејќи мислев нешто поразлично е за магистерска. Фала ти
Индивидуално е сепак, но штом бараш мислење можеш да направиш како членката што ти кажала или пак во последно време гледам прават нешто поголеми "фешти", со кифлици, со даски.. Не знам дали треба толку расфрлање, сега магистерската не е на исто ниво со дипломската нели, но сепак ти одлучи. И тоа расфрлање е од ќеиф кај повеќето верувам, а не нешто друго. Исто може да зависи и тоа колку луѓе ќе имаш покането. Мислам како и да е нема да згрешиш. Среќно
Ве молам некој да ми одговори. Дали ги пријавувате електронски испитите за постдипломски? Јас не можам да се најавам, а скоро сум сигурна дека ми беше таа лозинка. Кликнав за промена на лозинка, ми пишуваше внесете е-маил адреса за промена на лозинка... внесувам и емаил адресата не постои пишуваше...
Ќе те позамарам пак . Имам во план да купам и јас колачи за частење, но кажи ми во кутија ти беа или носеше нешто друго. Цело време се мислам дали во кутија да стојат, дали во тањири.
Јас искрено не носев ништо за јадење,само за грицкање...зависи од човекот и од факултет...јас носев бадеми, лешници за пиење едно виски, една кисела вода, еден сок газиран и еден негазиран..и една бомбоњера...ја почастив комисијата малку поседоа можеби 15тина минути и заминаа на друго бранење...мене ми се погоди во салата каде бранев после мене беше цел ден слободна па си останав уште 45 мин со моите гости си се сликавме, муабетевме и после си отидовме на ручек..таму не частев јадење..иако имам приметено каде носат даски, ролати, кифли, чуда од кетеринг од дома ама зависи ако се погоди дека одма после тебе има друга магистерска кај мене на факс одат во ходник па има маси таму ги редат ама немав јас кејф за тоа, ни да ме гледаат сите со јадењата, ни да јадам по ладни ходници па така ништо од тоа не направив...сепак зависи од факултетот и од личноста, прави си како сакаш како ти е кејф
Значи се работи за на Економски, носат и праат чуда. Јас не сакам мн мн да носам, но јаткасти плодови, колачи, виски, сокови, тоа да. Значи не сум присуствувала на ваква одбрана до сега и не знам дали е нешто поразлично од дипломска. Не планирам кетеринг во никој случај, но фино и културно да го одбележам моментот.
На економски ни јас не сум присустувала, јас завршив на правен по нова програма значи немавме дипломска туку директ магистирање па ова ни беше прво славење на факултет ама сум била на други факултети на дипломски и отприлика истото е,сите прават различно па така како ти е кејф така да си направиш...само рачунај на тоа ако можеш да дознаеш дали просторијата ќе ти е слободна или ќе мораш да се преместуваш во ходник..за на дипломски знам и бранењето дека оди побрзо конкретно моето беше подолго презентирање, па прашања, па дискусии и некаде 45 мин ме фати само зборување..ако имаше после мене друга магистерска ќе мораше и јас да се селам во ходник..имај на тоа предвид иначе прави си како си имаш замислено
@kate89 јас ги ставив во тањирчиња, пошто во самите кутии од слаткарницата беа ставени на два спрата. Кај нас масата и онака беше ставена во ходник, па таму се почастивме
Постдипломци, да ве прашам какво ви е искуствотп со полагање на испитите? Дали само со проектната се полага, презентирање и разговор околу истата или плус материјалот кој го дава професорот ?
Знае ли некој дали ако се студира француски на факултет за постдиполомски може да се одбере германски и обратно или мора од истата јазична група?
Мене ме интересира дали ако завршиш постдипломски, го имаш истото звање како што некој претходно го завршил тој факултет? Јас веќе студирам на Филозофски, и сакам да запишам постдипломски исто на Филозофски на дефектологија, и има опција да учиш една или две години. Дали тие две години ги учиш ако претходно немаш студирано на тој смер, или и онака можеш да си одбереш?
2 ГОДИНИ се избираат ако претходно има завршено 3години факултет т.е. собрано 180кредити,а 1 година се бира ако има завршено 4години факултет т.е. собрано 240кредити.