Имам неколку прашања за постдипломски на „Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности“ на социјална работа или на „Стратегиски менаџмент на човечки ресурси“ на Економски ама не можам да најдам некоја која веќе завршила. Има некоја да ми помогне и да ми каже отприлика кои испити се? Два различни факултети се па ме интересира искуства.
Zdravo! Vaka sakam da ve prasam vie sto ste zavrsile master na drzaven , dali stignuva pismo posle sekoj sovet? Posle prviot koga se odobruva temata mi stigna odluka, dali i sega koga se formira komisija treba pak pismo da stigne?
@Antebellum На официјалната страна на Филозофски (а најверојатно и на Економски) ги има смеровите на прв и втор циклус студии, и ги пишува предметите што се изучуваат, како и нивно објаснување. Извини што не можам да ти бидам повеќе од помош, ама барем за испитите да знаеш кои се.
Здраво девјки. Имам едно прашање до оние кои веќе имаат искуство. Сакам од октомври да запишам магистерски студии на еконоскиот факултет во Скопје насока - Маркетинг. Е сега бидејќи јас дипломирав на ФЕИТ а со еконосмки немам многу искуство во смисла професорите, квалитетот итн. Ме интересира и како е со плаќањата и кои се трошоците за се нешто? Како се изведуваат предавањата и како се полага.. Писмено, усно? Ве молам кој има искуство и познавање да ми се обрати. Благодарам.
Не знам на кој факултет си, меѓутоа јас на правен имам завршено, ниту еднаш немам добиено писмо, си проверував на огласната табла на сајтот на факултетот. Сега гледам уствари кога си пишала сигурно досега си завршила работа.
Наставата се изведува после пладне, а полагањата се писмено. Трошокот за семестар е 500е плус 20 или 25 евра(не се сеќавам точно) по испит се плаќа пред полагање на истиот. На крај одбраната ја кешираш 1000е плус трошоци за лекторирање на трудот(во зависност од лекторот што ќе го најдеш) и околу 100е за диплома. Јас магистрирав на Монетарна економија, финансии и банкарство, ама и на останатите насоки е исто.
Колешке кажи нешто повеке за насоката, јас дипломирав на надворешна, како би се снашла на оваа насока? Дали е многу потешко од додипломските?
Какви впечатоци имаш за овој смер, досега сигурно си при крај или завршено? Што мислш за МИТ постдипломски БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА ако имаш некои податоци.
Здраво. Дали има некој што е на постдипломски на Економскиот институт, да сподели искуство со предмети и професорите итн.. Фала!
Дали знае некој кога треба да излезе, или кога вообичаено излегува конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии?
Сосем го запоставив, положив 2 испити од вкупно 7 што ми беа и останав бремена, родив и сега со бебе тешко да продолжам. Инаку толку колку што одев ми се виде интересно и лесно, покрај положениот испит треба да приложиш и семинарска, имав испити само со труд и истражување, професорите флексибилни.
Здраво. Дали некој знае дали при запишување на втор циклус студии се ослободува од кофинансирање како што се прави при запишување на прв циклус? И ако може некој да ми објасни кога се почнува со настава, кога се полага итн? Сакам да се запишам на втор циклус и немам баш од кај да се информирам затоа вака си прашувам
Дали на правен факултет Јустинијан Први (за правни студии) мора да се земат двете години на мастер или може само четврта, т.е дали е сеуште 3+2 или 3+1+1?
Devojki mi treba pomos.. Znae li nekoja dali e mozno promena na master nasokata? Na primer od eden smer na drug, no na istiot fakultet?
Ме интересира со диплома од економски факултет на кои постипломски програми од други факултети може да се конкурира?