Здраво, и јас сум во истата дилема па сакав да те прашам дали дозна нешто повеќе? Или можеби се одлучи за нешто? Јас искрено планирам на Филозофски бидејќи мислам дека на Економски мора да си дипломирал таму, а јас дипломирав на Филолошки. Сепак, можеби е грешна информација, не знам 100%. Знам дека има втор уписен рок сега на почеток на јануари па ако е отворена програмава планирам да се запишам.. Доколку имаш некои дополнителни информации би ми помогнале многу )
Здраво, веќе го поставив прашањето на тема 'Економски факултет', ама со оглед на тоа дека таму повеќе си разговараат додипломци, решив да го поставам и овде Имено, ме интересира колку чинат едногодишните постдипломски студии на Економски - упис, испити, семинарски и се' што е потребно, изработка, лекторирање и одбрана на трудот. И уште нешто, затоа што поодамна имам дипломирано, дали знаете во кои земји се признаени дипломите од Економски, прв и втор циклус студии? Со среќа на сите!
Thread на претходната објава: Како се полагаат испитите, усно или писмено - оптички, како на додипломски или можеби со раскажување? Колку е обемен материјалот и дали за полагање задолжително е учење и на дополнителна литература?
Дали некој знае со завршен Факултет за бизнис логистика на УГД на кои посдипломски може да се запише? Со три години иначе. Дали има шанси на некој од смеровите од Филолошки факултет "Блаже Конески" - Скопје? Фала многу
Јас кога се распрашував за мене (јас дипломирав на Филолошки со 240 кредити т.е. 4 годишни студии) ми кажаа дека постдипломски можам да запишам на секој факултет кој како предуслов има програма од 240 кредити без разлика на смерот или факултетот. Така да веројатно е исто, можеш да се запишеш на било кој факултет само доколку имаат програма за 180 кредити т.е. 3 годишни студии + магистратура. Најдобро да се јавиш на студентски прашања на Филолошки и да прашаш за конкретната програма која што те интересира Доколку сакаш, имам број на кој што се подостапни, пиши ми, ќе ти го дадам.
Дечки мене ако може да ми објасните точно како оди процесот на Јустинијан за постдипломските? Планот ми е да продолжам во странство, ама не знам дали може после трета година (со 180 кредити) или мора да ја имам завршено и четврта, заради тоа што земаме диплома. И колку се плаќа дипломата по брза постапка да се добие?
Дечки сакам да прашам дали е задолжителна потврдата за англиски јазик за мастер студии на правен факултет Јустинијан.
Колку што знам секаде на УКИМ е потребна потврда за англиски јазик. Јас кога се запишував на Филозофски исто однесов сертификат. На Филозофски мислам дека не бараа некое посебно ниво, но мораше да се однесе некаков документ што потврдува познавање на англиски јазик. Провери во листата за потребни документи при упис, ако бараат некое посебно ниво тогаш можеш да полагаш во некое од школиве за странски јазици и да ти дадат сертификат без да одиш на часови т.е. да си го одредиш моменталното ниво. Ако не е назначено нивото, можеш и со оние постари сертификати од 1 до 8 степен. Поновите се сите од А1 до Ц2 степен.
Јави се на студентски прашања задолжени за втор циклус и прашај. Најточен одговор од нив можеш да добиеш. Можеби е доволен и тој сертификат што веќе го имаш.
вака, едно глупо прашање имам но многу ме мачи, дали може да се запишам на постдипломски студии со завршен различен факултет? еве на пример ако завршам социологија на филозофски, или правни студии, и сега да запишам постдипломски за менаџер на човечки ресурси на економски? изводливо е ?
Условот е само да имаш 240 кредити од додипломските студии. Можеш од било кој факултет да одиш на било кој друг за постдипломски. Јас завршив јазик на Филолошки, сега сум на постдипломски на Филозофски за Менаџмент на човечки ресурси Се е можно, работата е што ти лично нема да ја имаш основата но не е страшно, барем на Филозофски на овој смер јас одлично се вклопив.
благодарам многу. во што е разликата за менаџмент на човечки ресурси на филозофски и оној на економски? како ти оди со учењето?
Не знам што е точно разликата, веројатно се различни предметите а секако и професорите. Бидејќи јас немав никаква допирна точка со економијата решив да се запишам на Филозофски и не мислам дека згрешив. Супер се сите професори, имаат разбирање и се достапни во било кое време. Материјалот е битно да го сфатиш а не да го учиш на памет и професорите прифаќаат личен став на материјата, не мора да пишуваш од а до ш како што е во книгата. Сепак се социолози, психолози или педагози па можеш да го разбереш степенот на разбирање што го имаат. Не знам дали со истото ќе се сретнеш и на Економски но јас од Филозофски и професорите сум многу задоволна. Околу учењето, немав проблем на почетокот а потоа веќе се навикнав на термините и суштината но јас и работам во оваа област па работите горе-доле ги знаев. Ако те интересира овој смер навистина, ако се пронаоѓаш, нема да имаш проблем мислам дека од септември ќе се менува програмата на Филозофски, имаат нови преведени книги за човечки ресурси па според тие ќе ја обновуваат програмата.
Мене ме интересира дали некој е запознаен околу тоа колку се плаќа казма доколку не магистрираш навреме, јас сум на мастер казнено право и поради различни ситуации не удпеав да завршам, ми остана уште еден испит и да одбранам тема па поптишував барање за дозвола да ми се дозволи да продолжсм со школување па чекав да се одобри и ми напишале 500 евра пенали коа видов се дамлосав, јас ствармо не можам да разберам според кој тарифник они ја одредуваат цена???
Јас знам дека 16.67 евра им е еден кредит. Веројатно според кредитите пресметале, не знам колку кредити ти е магистерската, прашај на студентски најдобро. Плус над тоа сигурно и некоја казна ставиле како и секогаш.. среќно!
Има некој тука што завршил/моментално е на Стратешки менаџмент на човечки ресурси на Економски, да ми објасни како е или да ми пише во ЛП ?