Дечки ме интересира (конкретно за филозофски, не знам дали е исто на сите факултети) дали цената што им е напишана на официјлниот конкурс на уким ги вклучува парите и за испитите? Што и колку плус трошоци има?
Не знам како ги пишуваат тие цени, иако сум на постдипломски таму сеуште не сум сигурна. Мислам дека цената е со испитите. 500 евра е семестар, 2000 денари е испит. Дополнителни семинарски ако имаш во програма се исто 2000 денари. Со секоја пријава за испит оди и административна такса од 50. Исто и за упис/заверка на семестар. Магистерската и одбраната им се 45.800 денари, така пишува во договорот. Според ова можеш да израчунаш за твојата програма. Книгите секако се плус трошок, а не се баш малце пари.
Да... некои 500 евра над пишаната цена горе доле планирај си. Но, исто да напоменам дека не прават проблем за плаќањето, можеш по 250 евра да уплаќаш наместо директно 500 за семестарот. Нема некои рокови за плаќањето што е олеснување. Но за испитите мора во роковите секако. Само срамота е што не добиваме соодветни услови за овие пари, но, тоа е..
Дали обемот на материјали за учење е ист како на факултет? Колку време имаш да го спремиш испитот и дали може истовремено и да си вработен?
Може да си вработен воопшто не пречи тоа освен некогаш може да ти е проблем да се договориш со професорите за консултации бидејќи имаат термини како 12 13 14 часот инаку сите испити се во 17 часот. Барем на филозофски. Обемот на материјали е секако поголем ама зависи од кој факултет доаѓаш и колку материјал си имала таму. На филозофски секој предмет има 3 професори од кои што еден е носител на предмет и сите си даваат свои материјали и имаат свој дел од предметот. На некои програми го полагаш испитот кај секој професор посебно а кај други пак го полагаш кај носителот на предметот со прашања од сите собрани во еден тест. Не знам како е на другите факултети но обемот секако е поголем, само колку ќе ти се види поголем зависи од кој факултет доаѓаш и колку материјал си имала таму.. а за спремањето пак зависи од предметот а и од тебе, некои предмети имаат помалце материјал но се досадни за учење други пак имаат многу ама лесно се сфаќаат.
Моето искуство во однос на финансиските трошоци ич не е добро. Досега имам дадено 3 300 евра, ако немам нешто пропуштено во пресметките. Допрва треба да го пријавам магистерскиот труд за кој што ќе одат уште 50 000 ден. Зборот ми е, не се надевај на оние "2.000" евра. Секако се мн повеќе. Па кај мене се погоди само две се запишавме, па нема група, па нема предавање, менторски, трчај по професпр, кога си е на предавање, кога на состанок. Чекај, а на работа сум била... Размисли си убаво. Излегуваат непредвидени трошоци еден куп
јас работам и се надевам на менторски затоа што имам и мало детенце. Кога почнуваат со работа студентски прашања?
И јас сум со менторски часови, немав дополнителни трошоци до тој степен. Ако испитите ги полагаш на време и од прв пат, нема да ти искочат многу дополнителни трошоци. Но секако трошокот е над 2000 евра. Студентски за втор циклус работат мислам дека цело лето, ако сакаш ќе ти дадам број.
Испитите ми беа завршени во рок од 3 сесии. Значи немав многу казни и големи пропусти од моја страна. Се зависи од професорот. Си поминувам празни сесии чекајќи кога ќе има време професорот да разговара за да ја одобри темата. Сепак, тоа е само моето искуство..
Не знам стварно, професороте на мојот смер се многу достапни за било какви консултации па можеби тука е разликата... како и да е, дополнителни трошоци има..
Zdravo devojki sakam da prasam nekoja da ima nekakvo iskustvo ili da znae nesto za dodiplomski na Ekonomski institut- Skopje.
Уште не сум одлучена и се мислам. Прво од тебе читам дека си презадоволна, па ќе се префрлам во приватни пораки со дополнителни прашања. Истово ме интересира. Ве молам некоја што била или уште е на бизнис администрација - менаџмент во Прилеп да ми пише овде или во приватна порака.
Zdravo Sega slucajno procitav deka I na vas vi pominale 4 god togas. Jas sum isti slucaj vo septemvri mi pominuvaat 4 god.vie Dali plativte 500 evra kazna ili podnesuvavte molba pa vi prostija