1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постдипломски студии

Дискусија во 'Образование' започната од kate, 28 јануари 2010.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Дали може да дипломираш на еден факултет, а постдипломски студии да запишеш на сосема друг факултет?
     
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Можеш. Правен мислам дека е исклучок, нека ме поправи некој ако грешам. За другите може.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.756
    Допаѓања:
    23.954
    Пол:
    Женски
    Не е исклучок. Барем не кај нас.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Генерално да, но што се однесува за она кое @prominent споменала дека правниот факултет е исклучок, би рекла дека тоа зависи од вториот смер. На пример, не е исто од правен факултет да се префрлиш да студираш економија и инженерство. Со други зборови, потешко е од општествени наука да студираш природни науки и обратно.

    Секој факултет си има сопствени критериуми за примање студенти, но често го задржуваат правото да го испитаат студентот за основните знаења кои ги има и врз основа на тоа се одлучува дали студент на правен факултет може за постдипломски студии да се запише, на пример, механичко инженерство. Одредени факултети практикуваат генерални приемни испити.

    Освен тоа, знам дека дури и да си примен на различен факултет, најверојатно ќе ти биде наложено да полагаш т.н. претходни/фундаментални предмети со цел да го стигнеш материјалот, односно знаењето кое другите студенти кои оригинално студирале додипломски на вториот факултет кој си го одбрала. Студирањето на тие предмети може да трае и повеќе од една година, па така на некој начин изгледа како прво да студираш додипломски студии на вториот факулетет, отколку директно да студираш постдипломски. Дури откако ќе ги положиш тие предмети, можеш да продолжиш со постдипломските студии.
     
    На NoirSerpentine, prominent и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Дали некој од тука е на втор циклус студии на ФЕИТ?
     
  6. Manu1

    Manu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Nekoj shto ima zavrsheno Ili momentalno e na master na filozofski na menadzment na covecki resursi? Da spodeli iskustvo?
     
    На Mashichka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Макаронкаа

    Макаронкаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали има некој на втор циклус студии на Економски факултет- Монетарна економија, финансии и банкарство ?
     
  8. Zorica59

    Zorica59 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Не е точно. Не на сите насоки на Правен можеш да продолжиш на последипломски студии а не си Дипл Правник. За некои насоки има критериуми, на Граѓанско-правната група, бараа да имаш положено правосуден, право да полага правосуден кој има освен Дипл Правник со стекнати кредити, (а по стара програма две години изминат приправнички стаж) На насоката Меѓународно право имаа право да продолжат само Дипл Правници, додека на насоката Меѓународна политика имаше и од др факултети.
    Со Кривично - правната насока е исто, имаше магистранти и од Фак за Безбедност, Филозофски-Психологија и сл.
     
  9. Aljosa5

    Aljosa5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Дали има некој овде што е на мастер на Филолошки? Имам неколку прашања, па би сакала да се информирам.
    Благодарам!
     
  10. mari_kali

    mari_kali Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj ima zapisano vtor ciklus studii vo stip na medicinskiot fakultet?da mi kaze iskustvo
     
  11. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.617
    Пол:
    Женски
    Која е разликата во титулата М-р и М-р сци (MSc)? Или истото е?
    Можеби ми е оф топик прашањево.
     
  12. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Едното е само магистер, другото магистер специјалист. За повеќе треба да се истражи, и јас не знам дали после магистер веднаш може на докторски студии, или можеби претходно магистер специјалист.
     
  13. Hurikanke20

    Hurikanke20 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    MSc значи master of science
     
  14. zaki96

    zaki96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    114
    Некој искуство со мастер Јавно здравје на Медицински?
     
  15. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Кога ќе бидат уписите рокови за втор циклус? До сега не беа ли од 1ви до 10ти септември? Дали ќе има некакви промени?
     
  16. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Пријавување на кандидатите
    прв рок-30 септември – 15 октомври 2020
    втор рок- 1 февруари – 1 март 2021
    Запишување на кандидатите
    20-23 октомври 2020, 3 - 5 март 2021
    Имаш конкурс на УКИМ страната, еве го:
    http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=187&glavno=40
     
    На Leat му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Апсолутно да, никој нема да те одбие, пари се во прашање :) Не е тема за совети, ама не се затрчувајте со мастери/докторати затоа што во државава многу тешко можеш да го уновчиш таквото знаење, а искрено и тешко е да го стекнеш, со оглед на тоа што се реализираат само како машинче за штанцање пари. Зависи од струката, ако ти е возможно, повеќе работи, истражувај самостојно или запиши некаков курс или слично, верувај повеќе ќе ти користи.
     
    На злоба и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ах со пари да се купуваше и знаење, ќе препродавав знаење да се подигнеше свеста на народов за многу работи како на пример ова:

    II. Право на конкурирање
    Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:
    - да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт. :)

    Значи @cresa-jagoda можеш да дипломираш на еден факултет и да запишеш постдипломски на друг доколку се соодветни или сродни студиите.

    Инаку @Abel според мое лично гледиште кај нас воопшто не е тешко да се стекнеш со повисоко звање ако си спремна да ги надминеш сите пречки, претежно од финансиска природа пречки и други ама ај да не одам надвор од темава тука.
    И немој да велиш не можеш да уновчиш, па секаде не е се до парите, има струки во кои неопходно е да имаш магистерски и докторски за да имаш друго звање ако си на пример во образовен сектор вработен/а.
    Друго ако дискутираме колку има ќар од овие студии се согласувам дека повеќе можеш да научиш самостојно ако знаеш каде да пребараш тоа што ти треба и имаш воља и желба да се надоградуваш.
    Сепак сите со можностите и целите во животов.
     
    На Mashichka, NoirSerpentine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    @Idedemja е како не е сѐ во парите, а со тоа и статусот? Што ќе ти е звање ако не за статус, а со тоа и пари. Јас сум од Филолошки факултет, постдипломски запишав на Филозофски, на несродна струка, иако пред повеќе години. Потрошив време и пари, не стекнав знаење поради шалабајзерски начин на работа и секако таа диплома не ми донесе никаква битна промена, бидејќи случајот сакаше да работам надвор од Македонија каде што не ме ни прашаа што имам завршено од формално образование, туку што сум работела и што знам да работам. Во образовен сектор ти требаат врски, а не звање, звањето е чиста формалност. Не е тајна како се добиваат дипломи, статуси, и како се пишуваат дипломски и магистерски тези. Ако ти е струката таква да бара постојано надградување, тоа може да биде и преку неформални обуки. Моето искуство е такво. Со овој памет, би си ги потрошила парите на обуки и патувања.
     
    На Mashichka, злоба, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Не е се во парите, жално е ако во образовен сектор влегуваш за пари и статус, а што во врска со внатрешните пориви и желби се гледам во тој сектор имам квалитети кои сакам да ги пренесам на идните генерации?
    Баш за да влезеш во тој сектор и заблескаш со квалитет ти треба тапија од тоа формално образование. Твое е како ќе се развиваш и во која насока понатаму, треба за да влезеш. Е дека ќе те изгњават со се дополнително освен со тоа што треба тоа е факт.
    За тоа дека од Филолошки си запишала на несродна струка не ти оспорувам, Законот за високото образование истрпе многу измени во времето на претходната власт.
    Се бараа документи за одредеи курсеви само за да се фаворизираат лица кои ги поседуваат и се од некои си таму партиски списоци.
    Ама кој е упорен и инат и тоа може(ше) на чесен начин да го стекне:) ;)
     
    Последна измена: 26 август 2020