1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постдипломски студии

Дискусија во 'Образование' започната од kate, 28 јануари 2010.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ти треба партиска книшка и врски дебели ко сајла, какво образование какво блескање. Јас сум професор по звање, ама не сум имала прилика да заблескам затоа што не сакам да бидам дел од систем кој е нефункционален, а немам механизми да го променам. Читај: Немам врски и затоа сум одбрала друг пат. За среќа.
     
    На SandraPink, Idedemja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    За во основно и средно да, ама во високо образование има одредени струки во кои верувај нема кадар општо, а не па со сите тапии за одредени работни места. Многу е битно да се најдеш во вистинско време на вистинско место и со неопходни документи. Ама штом си среќна во друг сектор џабе ќе дискутираме на оваа тема во насока што би било кога би било.
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Затоа на цреша ѝ пишав дека зависи од струката дали изборот за усовршување е правилен или не. Јас кажав дека напрвив грешка што сакав формално усовршување кое освен трошење време и пари, не ми донесе ништо друго. А што ќе одлучи, таа си знае. Мојата одлука секако не е тема на муабет :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    По реакцијава твоја претпоставувам станува збор за HR ;)
    Ако не се лажам за тоа треба се освен толку многу теорија, ама ок, сите имаме различни искуства зад себе и различни визии за нас пред себе:D
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Па не кријам дека работам како регрутер, иако сѐ помалку, скоро ич :D Конкретно тие постдипломски на времето "убаво се продаваа", може и да беа иницијална каписла за одредени ангажмани, но ниту оддалеку она што треба да бидат, со оглед на комплексноста. Од друга страна, доволно ти е да работиш како секретарка во малку поголема фирма и да си црпиш знаење и од таа област. Ем искуство, ем плата. Само клупа не е опција. Само кај нас 30 годишњаци невработени, без ниту еден ден стаж и со магистерски во рака. Тажно.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Или секретарка или правна служба :D
    Ама кога кај нас ќе профункционира овој сектор како што треба и во полн сјај, а не да си само таа колешката од кадрово се би било друго. Има многу финти и финеси во оваа професија пред се во зависност од тоа во која фирма си регрутер и од соработката со директорот, читај од неговиот карактер, а не треба да е така. Ама ај да не ја шириме темава, убава област која пред се се учи искуствено, преку добра пракса, а и преку добро селектирана теорија.
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Кадровско од времето, инаку е психологија. Ние сме мала држава и немаме толку потреба од таков кадар, ама глобално е доста ценета професија. Особено ако те интересира психологија. Кај нас бараат правен факултет, за да личи на кадровско :D
     
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Јас па баш сметам дека сме мала држава и читај сите фаќаат врски кај директорот, баш тој треба да се ослони чисто на знаењето, искуството и професионалноста на вработените од секторот за човечки ресурси. Ем така ќе се растерети од товарот на тоа да учини секому, ем професионалците ќе си ја заработат платата и ќе се осетат вреднувани и ценети заради тоа што се едуцирани да бидат и работат. Многу комплексна тема и професија на иднината на светско ниво, а кај нас па за едно 500 години можеби:D
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ама кај у мала фирма со дваес души да има ни мање ни више цел сектор за човечки ресурси, не зезај :D Секоја позиција си има свое зошто и свое затоа, барем во мојот розев свет :D
     
  10. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама затоа имаш помали фирми кои плаќаат за услуги од оваа област или поедноставно вработуваат еден правник и во исто време имаш секретарка, кафе куварка, HR, ако е со возачка и личен шофер и боди гард:D
    Далеку сме од светските трендови како сакаме да вртиме, далеку сме.
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Не можам да ти пишам порака, затоа пиши ми ако можеш да те прашам нешто во врска со темава. :$
     
  12. A9999999

    A9999999 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, Заинтересиран сум да запишам постдипломски студии на Безбедност, но се мислам дали магистерски или специјалистички стручни студии дали некој знае што точно е разликата?
     
  13. Ellier

    Ellier Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    28
    Здраво, потврдата за активно познавање на странски јазик дали е исто со она уверение што го даваат од школиве за јазици кај што пишува кој степен си или нешто друго е?
     
  14. WinterGirl16

    WinterGirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    651
    Зависи за што ти треба. Ако на пример ти ја бараат за странство за на постдипломски студии, тогаш не. Потврдата би се состоела од положен интернационален тест (Cambrdige, TOEFL, IELTS). За на македонските факултети не сум запознаена. Не знам за што точно ти треба. Штом прашуваш во оваа тема претпоставувам е за постдипломски.
     
  15. angelina1

    angelina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Здраво, сакам да се запишам на постдипломски студии на Стоматолошки факултет во Скопје , и сега ме интересира во врска со уверението за познавање на јазик, од каде може да се подигне, дали ќе може да послужат дипломите од курсевите по англиски јазик или ќе треба да се вади ново? Ви благодарам.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Марина-

    Марина- Нов член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас сакам да конкурирам за втор циклус студии на Фармацевтски факултет, но не можам да креирам кориснички профил на iknow системот и да се регистрирам за да ја пополнам електонската пријава бидејќи на страната нема опција односно линк за регистација. Ќе може ли некој да ми помогне во врска со регистрацијата и активацијата на профил на iknow системот? Ви благодарам

    upload_2020-9-21_20-12-4.png
     
  17. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Дали студенти кои дипломирале со висок просек имаат шанса да добијат некоја стипендија т.е. можност за плаќање помала партиципација на мастер студиите?
    Дали воопшто постои такво нешто?
     
  18. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    И јас имам проблем со истово. Дали во меѓувреме доби некоја информација како да се регистрираме?
     
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Дечки, решив и јас на стари години да запишам магистерски. :D

    Е сега, гледам бараат потврда за познавање на странски јазик. Дали ова треба да е некој меѓународно признаен од типот IELTS на пример, или може од локално приватно училиште да ми послужат сертификати по англиски и германски?

    Едит: Сега видов дека @angelina1 го прашала истово погоре. :)
    Па ако некој знае што документ точно се бара, нека пише.
     
    На angelina1 и Leat им се допаѓа ова.
  20. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    За сите оние кои прашаа за потврдата за странски јазик, доколку си дипломиран студент надвор од Филолошки факултет потребна е потврда односно усно и писмено тестирање на истиот факултет. Барем јас сум така запознаена. Сепак, прашајте си на Студентски прашања на факултетот на кој што сакате да запишете постдипломски студии за подобри насоки.
     
    На angelina1 и MarigoldA им се допаѓа ова.