Здраво сакам да прашам дали има некој што студира или завршил постдипломски студии на Мит универзотетот? Да ми кажете колку се плаќа семестер дали има големи дополнителни трошоци? И како е со учење дали е тешко? Инаку сакам да запишам безбедност Фала многу
Zdravo.. dali ima nekoj sto se zapisa ovaa godina na magisterski studii po laboratoriska analiza i inzinerstvo vo farmacija na farmacevtski fakultet?
Мене не ме тестираа бидејќи веќе одев таму на курс подолго време, инаку не знам дали прават тестирања. Тоа не знам Знам дека бараат да имаш, да приложиш со документите
Треба да пишува на факултетот кај што ќе запишуваш мастер, од каде да земеш потврда. Некои признаваат приватни школи, има тестирање, најчесто се состои од пишување, зборување, слушање, читање, ама некои не признаваат приватни школи, можеби треба да земеш ielts или toefl тест. Прашај дирек на факултетот, да не земеш, па да не ти го важат, ќе потрошиш пари џабе.
Не се замараат толку сепак имај го тоа на ум. Можеш да им приложиш секаква диплома дека си изучувала некаков странски јазик, дали е тоа порано или сега, сеедно.
Би сакала да слушнам искуства од постдипломски на Меѓународен Славјански Универзитет-Св.Николе,кој е расположен да објасни...
Hello dragi clenki/vi sakam da Ve prasam za sovet sto mislite za pozdiplomski Master Uacs ili nekoj druk prasuvam vo solun mnogu e skapo neznam za BG ili Albania.... Pisete nekoj ako ima predlog
Здраво, запишана сум на постдипломски на Филозофски факултет. За два изборни предмета ќе имаме менторски часови. Може ли некој да ми објасни што се менторски часови? Дали се тоа предавања или само консултации со професорот?
Здраво, дали некоја од вас знае во Скопје дали има агенција или едукативен центар што посредува за упис во странство? Ви благодарам однапред.
Спојлер: Future Option https://futureoption.net/mk/studiranje-vo-stranstvo Спојлер: 2TM https://2tm.si/?lang=mk
Феминки сакам да прашам, дали со завршени тригодишни додипломски студии од облласта на правото ќе ме примат на мастер студии новинарство? Кога се запишував на правен не бев сигурна што конкретно сакам и затоа запишав правни студии, сега сум при крај со додипломските и затоа активно почнав да размислувам за мастер. Доколку некој има слично искуство, ќе ми значи ако го сподели. Поздрав
Здраво, некој да сподели искуство или мислење за овие или општо за додипломски/постдипломски во Словенија?
Здраво ,размислувам што мастер студии да запишам, имам завршено безбедност 3 години? Некој со ваков факултет искуства? Ви благодарам.
Дали некој има искуство со Институтот за Комуникациски Студии во Скопје? Дали би го препорачале? Организираат мастер студии. Ви благодарам.
Здраво, Сакам да запишам мастер на Филизофски факултет - Педагошки науки. Дали има некој кој што студирал да ми каже искуство? Фала ви.
Го читам конкурсот на УКИМ за втор циклус. Пишува вкупна цена за две години односно 4 семестри и плус во цената е вклучен и магистерскиот труд. Ама не пишува колку што кога се плаќа и колку е од семестар. Ме интересира за да знам дали можам моментално да си дозволам да запишам.