Секој факултет/институт има различна цена +/- некое евро. За едногодишните е вака: 40.000 денари е одбраната, семестар е 30.000 денари (х2 60.000) и секој испит се плаќа по 2.000 денари. Најубаво е да ги исконтактираш од студентски прашања, да прашаш точно да ти кажат околу сумите.
Би требало да полагате зошто инаку како може некој да ви издаде потврда дека знаете англиски? Некако не ми е баш логички. Или едино ако сте полагале на факултет англиски јазик и имате таква потврда дека ви е положен и со каква оценка ама пак не знам колку би била валидна таа потврда. Мислам дека ваквите тестови се прават во приватни школи за странски јазици каде што даваат сертификат.
Ќе ви одговорам и на двете бидејќи слично прашувате. Доколку е нагласено дека е потребен јазичен сертификат кој е меѓународно признат тогаш ќе треба да полагате во јазичен центар наменет за тоа кој издава вакви лиценци. Пр. За англиски јазик тоа е IELTS, TOEFEL, мислам дека има и TELC. За германски јазик има Goethe и TELC, за француски има исто само не знам точно како е… Ако не е нагласено дека ви е потребен таков сертификат од официјална јазична институција, тогаш може во секое јазично школо да се јавите и информирате дали издаваат и колку чини. Сестра ми вадеше од Челинџ школото за јазици и мислам до 1000 денари и побараа, не полагаше. Ако ве интересира за овие што се полага како IELTS (англиски) и TELC (германски), пишете ми во порака ќе ви објаснам, сум ги полагала и двете и имам искуство. Поздрав
@laurus nobilis е во право. Секое училиште издава потврда, едно време ги имаше и на попуст на групер и слични платформи. Тоа што ви е најблиску, таму ќе си побарате. Меѓународен сертификат е друг муабет, за англиски јазик задолжен е British council.
Здраво, дали знаете каде би можела да објавам научен труд во списание, колку чини и за колку време се завршува? Тоа било предуслов за да можам да го бранам магистерскиот труд...
Ако е предуслов за магистерска теза научен труд, факултетот е одговорен за овие детали. Првпат слушам некој сам да се снаоѓа за објавување научен труд. Плаќаш за магистериумот, имаш ментори, тие треба да обезбедат услови за работа, пракса, научни објави и сѐ што е потребно. Со менторот си зборувала, одговорниот за магистерските студии на катедрата/факултетот?
Здраво, дали некој има искуство со ставање на магистерски студии во мирување на институт кој е под УКИМ? Поради други обврски не можам да ги продолжам во моментов, а не сакам да ми пропадне прогресот до сега со положените испити. Фала однапред на одговорите.
Јас ставив магистерски во мирување една година со приложување на извод од бебето кога се породив. Направив уште еден семестар пауза, морав да дадам лекарска потврда за оправдание на тој сместар и платив 2000 денари. Не знам дали е фиксна таа сума или пак е 2000 по семестар. Како и да е, од моево искуство се релативно ригорозни и мораш да имаш официјална документација за да се оправдаш. Гледам сега и рокови даваат за магистрирање, не може да се одолговлекува до недоглед. Сепак најубаво да си прашаш конкретно да видиш што ќе ти кажат.
Здраво Дали има некој што студира монетарна економија, финансии и банкарство (двогодишни) на Економски?
Дечки, дали е можно да студирам вонредно во Македонија а да живеам во друга држава и после тоа да земам мастер тука кај што живеам. Дали ќе имам некој проблем и дали ќе е признаено?
Дали има некој на новите постдипломски студии на економски факултет за Човечки Ресурси на англиски што се? Ако може искуство
Колку мислите дека е исплатливо запишување на постдипломски Човечки ресурси во смисла на идно вработување со истите? Некако мислам во денешно време фирмите особено странските повеќе вреднуваат знаењата и вештините што ги поседува работникот отколку дипломата од каде е. Дали можеби подобра опција би било запишување на курс на некоја од HR академиите кај нас?
Јас баш за ова истово имам размислувано и кога би имала пари пре би се запишала на постдипломски студии на Филозофски факултет- HR, отколку истите пари да ги фрлам на некоја си HR академија која не може да има иста вредност како постдипломските студии според мене.
Магистерски за ХР според мене, не се исплатливи. Сѐ уште не е добро диференцирано кадровско и хр, нашиве фирми обично вработуваат еден човек за пет позиции, има толку многу хаос, испомешано е и emplyment branding, и регрутирање, и хр процеси, и проект менаџмент, и административни задачи за кои ти треба само ден обука (секако не магистратура), хр партнерства каде што треба да пишуваш процеси секако не се учи на факултет. Најпаметно е да работиш и така да учиш, па кога ќе ја увидиш ситуацијата "на терен", ќе сакаш парите да ги вложиш во нешто попаметно. Еден колега имам само од хр академија, некој огранок на Семос беше, и задоволен беше, но тој секако си работеше и претходно во струката. Парите горе-долу се исти.